
Супер Ѕвезда е најголем медиумски проект за деца на возраст до 12 години во Македонија. Иако е наменет за најмладата популација, поради своите интересни содржини масовно е прифатен и од возрасните. Супер Ѕвезда започна со работа во 1998 година, а прв пат во јавноста е презентиран на 16 јануари1999. Водител и создавач на овој проект за деца е Дарко Мијалковски.
Вчера гледав Јади бурек со Јанко и гости му беа Викса и Дарко Мијалковски кој пред крај на емисијата најави дека Супер Ѕвезда се враќа наскоро на моќен медиум но во малку поинаков концепт од оној како фестивал кој беше последниве неколку години. Најверојатно ќе сака да го врати оној концепт на емисија налик Бранко коцкица што му беше.