- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Никаде не беа споменати пушки. Безброј се начините на родољубно делување.Делот за друг свет и друг живот после овој не го дискутирам, бидејќи никој не се вратил да каже како е ниту пак некој докажал.
А дали ќе погинеш како патриот и ќе оставиш на милост и немилост цело семејство за нечие лечење комплекси е друга работа, ако ти сметаш дека може да се придонесе само со пушка во рака тогаш грешиш многу. Секој на различен начин знае да придонесе на татковината (некој никако, но не значи дека само со пушка во рака се помага), во суштина еден научник може да придонесе повеќе од цела војска.
Кога луѓето навреме се борат против она кое ги поништува, жртвите се најмали и не се бројат во човечки животи. Колку повеќе се чека, колку повеќе се закасни, толку цената е поскапа. А ако припадниците на еден народ воопшто родољубно не се борат, жртвите се најголеми. Може и сите да настрадаат. Според сегашните несолидарни односи во така мал народ и најцрниот исход е многу веројатен за нас македонците. Обично малите народи се многу силно поврзани и се внатрешно солидарни. Принудени се за да опстанат.
Оној кој погине во навремената битката и во мирно време не бил далеку од смртта. Само добил чест, наместо бездушно в кревет да погине борејќи се во битка.
Ете изминатите 15 години в кревет или на различни други начини имаме многу поголеми жртви отколку да се вложевме повеќе во 2001 година.
Последно уредено: