Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

B

BooBojan

Гостин
Злaтнa шaнсa си испуштијa лaни зa Рaкитич. Сегa некa се чудaт, кoј дa бaрaaт. Јa би Пјaнич, мене ми се свиѓa ептен негoвиoт стил. Е сегa дaли ќе oдaт нa зaсилувaње тaму, a пoлa тим ни чкрипи зa нoви игрaчи oстaнувa дa видиме.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Абе кој и да се купи, тоа е. Лудакот Ди Мариа го играше бек/крило во 3-5-2. А како што гледам немаат план да го избркаат, така да барем до крај на сезона ќе биде ужас.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Јас мислам дека се потенцијални, а Ериксен ќе се искали и тој добар ќе е...
Снајпери се и двајцата...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Јас мислам дека се потенцијални, а Ериксен ќе се искали и тој добар ќе е...
Снајпери се и двајцата...
абе кај ќе се искали Ериксен на 24 години и веќе три сезони првотимски фудбал кај кокошките... на негова возраст Модриќ и Бејл веќе земаа награди за најдобри играчи во лига.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Ова испаѓањево може да биде и позитивно за нас,ако ни падне Партизан идемо да ги гледаме у живо.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.525
Поени од реакции
2.380
Мене ме интересира како ќе ни изгледа составот во сабота. Бурнмаут играат брз фудбал а нашата одбрана со Блинд во преден план и ваљда Варела и Бротвик-Џексон ќе имаат доста работа. Сега знам дека не се некој тим од кој би требало да се плашиме ама со оглед кои фудбалери ни се здрави во моментов богами ме фаќа страв. Иначе Ериксен е сличен со Мата и двајцата имаат проблем со тоа што играат во лига каде за која не се физички спремни. Мата и тоа како подобар фудбалер од Ериксен. Нас ни треба во моментов макар едно брзо и пробивно десно крило и штопер, Депај и Ерера да се вратат како првотимци и да се смени формацијата во секој случај.
 
Член од
6 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
50
Луѓе да бидеме реални уште од авион се гледа дека тимот не е добар, дека нема добри играчи за ротација, а богами нема ни добар прв тим(за да се мери со европските гиганти).Сеуште има доста просеци што ни се вртат у екипава како и паразити од кои нема никаква полза и треба да се исчистат.Но се ќе се среди, добар дел е исчистен( добар дел кукате по нив, а дур играа ги пцуевте до 6то колено).Млада и некомплетна екипа имаме, сметам дека до летоска се ќе се среди, темелот е удрен сега главните столбови околу кој треба да се гради тимот да се средат и после ќе следи фаза на надоградување.

Вчерашното испаѓање не е резултат на вчерашната игра, туку на изминатиов периот кога се играа еден куп 0-0 утакмици и киксови ко ( сити,псв двете, москва, ВХ и други).Искрено играта вчера беше далеку од лоша, споредете со претходните утакмици каде што едвај имавме 4 креирани шанси со 1 во рамките на голот и вчера 16 шанси и 7 во рамките на голот.Точно, крив е многу В.Г ама еве го се корегира и ветува, зошто тимов има потенцијал.Единствена грешка во тимот вчера му беше играњето на Блинд на штопер и Фелаини кој се забораваше напред и дуваше промаја од кај него, а за дармијан неможам да зборам не беше толку лош, мада се виде разлика од вистински лев бек до него, секоја чест за Бротвик само напред (y).

Искрено фалеше малку среќа вчера, голот на Џеси по мене беше чист, плус имаше уште две три шанси каде требаше да постигнат гол, ко таа на Фелаини.Во најмала рака друг ќе беше исходот да отидеа со 2-2 на полувреме.Исто се чудам како може никој во тимов до толку да не може да даде гол, а цел живот шутираат топка.Здравје боже со асално пазарење во Јануар(одлично десно крило и штопер кој ќе му биде партнер на Смолинг и ќе се гради одбраната околу нив пр:Љапорте+пополнување на некои позиции.) можеме да оствариме доста(1/2 ЛЕ,ФА куп и ПЛ) зошто не сме толку далеку и ситници не делат.

Се е процес, и донекаде сум задоволен од исходот на настаните иако можеа подобро да се одвиваат, децава можеби подобро искуство ќе набилдаа во ЛШ, ама па вака сметам дека со повеќе уткамици во ЛЕ ќе надокнадат па и повеќе ќе научат.За ЛВГ не сум да го бркаат одличен е за транзицијата што ни се случува, само почесто да ротира играчи(дел од повредите мислам дека и заради тоа се случија) и да им одбира поприродни позиции т.е. да не измислува гола вода.
Сите го криват Луис а да се запрашаме реално кој играч од светска класа мозе да се земе поради политиката да не се купуваат играчи од 2010 наваму.Нормално како да се очекува Фабрегас или Бејл да дојдеа да играат за Мојс а со кого да играат?Со Клеверли,Флечер и разно разни просеци.Абе немамо после Роналдо купено никого убаво Руни се бунеше дека треба да се појачаме а го правеше Ферги дека е издајник со Барса стигна во финале да не изрешетаат два пати тоа не личеше на ништо плус Погба го даде земаше Бебиња,Пауели,Тошиќи Обертани затоа сега е тешко да се земе играч светска класа не е магионичар Луис
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Тешко било да се земе играч,светска класа:cool:,ај доста е за денеска
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Луѓе го правите Ериксен, не просечен туку нешто многу пониско ај нема врска не ми се навлегува во мачни дискусии највеќе ради тоа што решив да не се нервирам додека е ЛВГ тренер...
Како и да е тие ми се добри фудбалери, кој што многу тешко ќе дојдат во Јунајтед ако бидеме реални, Пјанич најверојатно уште долго ќе остане во Рома, а кокошките многу ќе го преценат Ериксен и нема да дојдат и двајцата...

Инаку не сум го прател Чалхоноглу, ама како тоа го сакате него а не го сакате Пјанич на пример?
Верувате ли дека овие јас што ги набројав се тежок просек а Мане на пример не е?

И да ви кажам не ми е стварта да провоцирам ако сметате дека е глупо ова не ми реплицирајте... :D
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.775
Сите го криват Луис а да се запрашаме реално кој играч од светска класа мозе да се земе поради политиката да не се купуваат играчи од 2010 наваму.Нормално како да се очекува Фабрегас или Бејл да дојдеа да играат за Мојс а со кого да играат?Со Клеверли,Флечер и разно разни просеци.Абе немамо после Роналдо купено никого убаво Руни се бунеше дека треба да се појачаме а го правеше Ферги дека е издајник со Барса стигна во финале да не изрешетаат два пати тоа не личеше на ништо плус Погба го даде земаше Бебиња,Пауели,Тошиќи Обертани затоа сега е тешко да се земе играч светска класа не е магионичар Луис
Се согласувам со тебе за ова. Ама ај сега нека дојде некој класа играч. Никој не сака да си има работа со лудак. Кој играч светска класа ќе сака сега да ти дојде во Манчестер да игра? Никој не е будала да дојде тука и да го игра ненормалниов на неприродни позиции и да го ограничува.
 

tander123

God save the queen!
Член од
5 октомври 2015
Мислења
715
Поени од реакции
363
Сите го криват Луис а да се запрашаме реално кој играч од светска класа мозе да се земе поради политиката да не се купуваат играчи од 2010 наваму.Нормално како да се очекува Фабрегас или Бејл да дојдеа да играат за Мојс а со кого да играат?Со Клеверли,Флечер и разно разни просеци.Абе немамо после Роналдо купено никого убаво Руни се бунеше дека треба да се појачаме а го правеше Ферги дека е издајник со Барса стигна во финале да не изрешетаат два пати тоа не личеше на ништо плус Погба го даде земаше Бебиња,Пауели,Тошиќи Обертани затоа сега е тешко да се земе играч светска класа не е магионичар Луис
Точно така. Да беше Фергусон уште ќе извлекуваше максимум од неговите играчи, затоа што тоа беше негов состав кој он лично го правеше.
Кога дојде Мојс сите мислеа дека составот кој Ферги го остави е многу добар и затоа во последите денови го зедоа Фелаини( најмногу заради фановите да не протестираат бидејки ќе немало нитуедно појачање тоа лето), ама после се увиде дека не е така, и благодарејки на секогаш високите амбиции на клубот и многу лошите резултати на Мојс, го напуштија човекот.
Е потоа дојде Ван Гал кој почна на негов начин да си го граде составот и си донесуваше играчи по негова мера и ете сега се враќаме полека на правите патишта.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.352
Поени од реакции
26.357
Луѓе го правите Ериксен, не просечен туку нешто многу пониско ај нема врска не ми се навлегува во мачни дискусии највеќе ради тоа што решив да не се нервирам додека е ЛВГ тренер...
Како и да е тие ми се добри фудбалери, кој што многу тешко ќе дојдат во Јунајтед ако бидеме реални, Пјанич најверојатно уште долго ќе остане во Рома, а кокошките многу ќе го преценат Ериксен и нема да дојдат и двајцата...

Инаку не сум го прател Чалхоноглу, ама како тоа го сакате него а не го сакате Пјанич на пример?
Верувате ли дека овие јас што ги набројав се тежок просек а Мане на пример не е?

И да ви кажам не ми е стварта да провоцирам ако сметате дека е глупо ова не ми реплицирајте... :D
Мане е десно крило што трча со топка. Пјаниќ е одличен фудбалер, на кого му требаат уште двајца играчи крај него. Никогаш нема да успее во како холдинг во Англија.

Ериксен е класична десетка, позиција што никогаш нема да заживее во Јунајтед. Всушност, тимов е таму каде што е баш поради тоа, се истрошија камиони со пари на десетки.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.879
Поени од реакции
21.807
кога веќе сме кај новогодишните желби, барам од дедо мраз во новата година да го донесе верати на трафорд и да го прати руни во обратен правец ... за да си живееме среќно и весело сите до крајот на нашите животи :D
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.525
Поени од реакции
2.380
Пошто нели Ди Мариа не беше светска класа играч и не дојде во Манчестер под водство на кретенов на клупа. Ериксен пример не го сакам поради тоа што го имаме во тимот Мата кој е премногу сличен играч на него. Пјанич е креативец и е сличен со Ерера а знаеме дека лудиов не помислува да смени нешто. Кога Ерера би добил повеќе слобода да ја игра играта што знае да ја игра сигурен сум дека ќе имаме еден од најдобрите плејмејкери во светот. Кога би бирал да се донесат играчи на тие позиции тоа би биле Андре Гомез од Валенсија и Садио Мане. Кога би имале средина со тројца играчи а тоа би биле Шнајдерлин позади Ерера и Гомез а во напад Мемфис-Марсијал-Мане мислам дека би имале тим кој ќе гази во наредните десет години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom