Луѓе да бидеме реални уште од авион се гледа дека тимот не е добар, дека нема добри играчи за ротација, а богами нема ни добар прв тим(за да се мери со европските гиганти).Сеуште има доста просеци што ни се вртат у екипава како и паразити од кои нема никаква полза и треба да се исчистат.Но се ќе се среди, добар дел е исчистен( добар дел кукате по нив, а дур играа ги пцуевте до 6то колено).Млада и некомплетна екипа имаме, сметам дека до летоска се ќе се среди, темелот е удрен сега главните столбови околу кој треба да се гради тимот да се средат и после ќе следи фаза на надоградување.
Вчерашното испаѓање не е резултат на вчерашната игра, туку на изминатиов периот кога се играа еден куп 0-0 утакмици и киксови ко ( сити,псв двете, москва, ВХ и други).Искрено играта вчера беше далеку од лоша, споредете со претходните утакмици каде што едвај имавме 4 креирани шанси со 1 во рамките на голот и вчера 16 шанси и 7 во рамките на голот.Точно, крив е многу В.Г ама еве го се корегира и ветува, зошто тимов има потенцијал.Единствена грешка во тимот вчера му беше играњето на Блинд на штопер и Фелаини кој се забораваше напред и дуваше промаја од кај него, а за дармијан неможам да зборам не беше толку лош, мада се виде разлика од вистински лев бек до него, секоја чест за Бротвик само напред

.
Искрено фалеше малку среќа вчера, голот на Џеси по мене беше чист, плус имаше уште две три шанси каде требаше да постигнат гол, ко таа на Фелаини.Во најмала рака друг ќе беше исходот да отидеа со 2-2 на полувреме.Исто се чудам како може никој во тимов до толку да не може да даде гол, а цел живот шутираат топка.Здравје боже со асално пазарење во Јануар(одлично десно крило и штопер кој ќе му биде партнер на Смолинг и ќе се гради одбраната околу нив пр:Љапорте+пополнување на некои позиции.) можеме да оствариме доста(1/2 ЛЕ,ФА куп и ПЛ) зошто не сме толку далеку и ситници не делат.
Се е процес, и донекаде сум задоволен од исходот на настаните иако можеа подобро да се одвиваат, децава можеби подобро искуство ќе набилдаа во ЛШ, ама па вака сметам дека со повеќе уткамици во ЛЕ ќе надокнадат па и повеќе ќе научат.За ЛВГ не сум да го бркаат одличен е за транзицијата што ни се случува, само почесто да ротира играчи(дел од повредите мислам дека и заради тоа се случија) и да им одбира поприродни позиции т.е. да не измислува гола вода.