.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Историја околу започнување на првиот автомобил на Сааб
Сааб компанијата е основа во 1937 година како фабрика на авиони и особено наменета за војната индустрија. Како што се доаѓаше крајот на 2 светка војна Швеѓаните видоа дека ќе дојде до намалување на побарувачката за овој вид. Управниот одбор беше отворена за нови идеи - производи што ќе им донесе профит на компанијата, во исто време беше и разгледувана идејата за производство на фрижидери, меѓутоа кога во 1945 година Гунар ја направи првата скица на автомобил и му ја покажал на Свен, заменик директор на Сааб, потоа во брзо време е донесена одлука каде што ќе се произведуваат патнички автомобили. Бидејќи Сааб тогаш беше фрабрика за Авиони никој не знаел како се прават автомобили тогаш таа работа му е доделена на Гунар, кој веќе имал работено во британската автомобилска индустрија. Првиот произведен автомобил е Ур-Сааб што значи првиот и оргинален Сааб. Како производители на авиони тие немале мајстори кои се разбирале во обликување на челични лимови, затоа што на авионите исклучиво работеле со алуминиум.
Еден од најважните автомобили на Сааб и модели со кои се поврзуваат е моделот Сааб 900, Сааб 900 е базиран врз основа на Сааб 99 и преставена негова еволуција. Тој е со погон на предни тркала и можеше да се купи со сите мотори од 99ката почнувајќи од основниот мотор со еден карбуратор со 100 КС до најмоќниот модел со турбополнач, Bosch K-Jetronic вбрузгување на горивото и 145 КС.
Првично, тој беше понуден модел со 3 или 5 врати, а во 1980 година во Женева, беше претставен седан со 4 врати.
Потоа, во 1984 година, по една година на судски постапки, на пазарот се појави мотор со 16 вентили. Мерцедес го тужеше Сааб сметајќи дека само тој има право на оваа технологија. Како резултат на тоа, Saab престана да произведува мотори со 16 вентили и ја запре продажбата. Откако Сааб го доби спорот со Мерцедес почнаа со продажба на автомобили со 16 вентили.
Во првиот автомобил со 16 вентили беше Сааб 9000 Турбо кој стана познат по патеката во Talladega, Алабама, САД. Сааб на овој тест на издржливост покажа на светот она што е навистина квалитет кој секогаш го ставаат пред квантитетот. Тестот започна на 7 Октомври 1986 година и, откако помина Сааб 9000 турбо 100.000 км со костатно возење заврши 20 дена подоцна со просечна брзина од 213 км/ч. Покрај тој тест Сааб 9000 Турбо се постигнати многу рекорди меѓу кои и два светски рекорда.
Покрај повеќето коли кои ги имам возено најмногу ми имаат останато во срцето Сааб 900 и Сааб 9000 2.0 Турбо, кој веќе и го продавам на Реклама5. 9000ката е нешто феноменално кола буквално да уживаш и да возиш иако троши 13 литра бензин но сепак тоа е најмалку нешто што ќе го мислиш кога ќе го возиш, удобен и комфорен, стартен и брз и исто така има и голем ѓепек.
Кај нас во Македонија колку што имам јас информации се само 4 до 5 Максимум модели од 9000ка од 91 до 94 што се. За делови искрено скапи се но и исто така премногу ретко се расипува освен нормално потрошните делови што се менуваат друг сериозен дефект тешко да се случи.
Троши градска 13/2 литри додека на отворено 9/1 што за нас нели е доста премногу.
Тоа е тоа што сакав на некој начин да ви го преставам Сааб како автомобил а се надевам дека на форумов има некој кој возел Сааб па да споделиме искуства.