Машина за бричење

  • Креатор на темата Креатор на темата Tornado
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 август 2012
Мислења
22
Поени од реакции
3
Здраво на сите, не знаев каде да ја сместам темава, слободно преместувајте. Пред една год купив машина за бричење, од бт, мислам дека беше нептун, па скоро година добро ме служеше, но во последно време одеднаш почна да намалува сила на бричење така постепено се додека целосно не се изгаси, па ако не сум завршил со бричење, принуден сум да довршам со брич. Па затоа што се сомневам дека ќе биде нешто со носење на сервис, се решив да прашам за друга машина, што ја видов на топ шоп.

Извинете но не ја најдов на нивниот сајт, а сакав да постирам линк

Рекламата е дека може да се користи и на суво и на мокро лице, со или без пена...

Добредојдени се вашите мислења и особено искуства...

Па ве молам за совет за солидна машина за бричење, не ми треба толку за кратење и обликување на брадата колку што ми треба за целосно бричење, но и да не биде многу скапа...
 
Не купувај од скапаниве фирми како топ шоп. Подобро купи од алиекспрес, најдобрата бричалка им е 1000 денари.
 
Наука и технологија хахахаха (y)

@Tornado јас ја имав таа машинка од Топ-Шоп пред околу 3-4 години, и се случи истото што се случило и со твојата од Нептун. Околу година дена беше супер, и после одеднаш цркна, откако претходно значително и се намали силата.
 
Само брич му е мајката жилете со 5 жилета

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Нема ништо подобро од машинка за бричење. Ем си се избричил за една минута, ем не ти требаат пени и триста чуда за бричење, ем не ти се иритира кожата.

Јас памтам кога сакав да купувам машинка за бричење, разгледав еден куп машинки за бричење и најмногу од сите ми се свиѓаа машинките на Филипс со три ротациони глави. Но дознав дека тие ротациони глави/жилети треба да се менуваат на одредено време и плус цената беше доста висока. Тогаш се одлучив за машинка за шишање и за бричење, т.е. за оваа. Цената и беше 1600 денари, но сега незнам колку е............., би требало исто. Еве ја користам скоро две години, квалитетот и начинот на работа е ист, но не бричи толку темелно како бричот, туку остава некој пола милиметар влакно, но не се ни приметува. Башка и машинка за бричење да земеш, пак ќе остава пола милиметар влакно.

Што се однесува до машинките за бричење од Топ Шоп............, јас лично не би купил. Можеби нудат добри карактеристики, но немам слушнато некое големо фалење на производите, освен на Дормеото, Космодискот, соковникот Пав(у)ер Џусер и уште неколку други производи. Башка кога ја купуваш машинката од Нептун имаш и можност да ја вклучиш, да ја анализираш со очи и раце и да сфатиш дали вреди да ја купиш или не.

:)
 
Дечки ме премисливте за топ шоп а баш мислев дека е солидна машина. За нарачување од странство немам намера (без разлика на квалитет, ефтиноча). За стариот начин на бричење немам намера, од причините што ги наведе сунгерот боб. Има можност да останам на истава машинка, со надеж дека ќе се направи квалитетен сервис. Во случај да не се среди како што треба веројатно ќе барам некоја слична но поквалитетна, со надеж дека ќе потрае. Предложете уште по некоја квалитетна машинка, па да видам што вреди за купување. Фала на сите за досегашните мислења и предлози. Поздрав
 
Пред 5-6 години купив Philips машинка за бричење од техномаркет со ротационите сечила 3500 коштатше ако се сеќавам добро или приближно, ден денес работи како нова.. се бричам секојдневно 5+ години со неа и знам да не ја наполнам цел месец а сеуште да трае батеријата... Чудовиште од машина....
 
Здраво на сите, не знаев каде да ја сместам темава, слободно преместувајте. Пред една год купив машина за бричење, од бт, мислам дека беше нептун, па скоро година добро ме служеше, но во последно време одеднаш почна да намалува сила на бричење така постепено се додека целосно не се изгаси, па ако не сум завршил со бричење, принуден сум да довршам со брич. Па затоа што се сомневам дека ќе биде нешто со носење на сервис, се решив да прашам за друга машина, што ја видов на топ шоп.

Извинете но не ја најдов на нивниот сајт, а сакав да постирам линк

Рекламата е дека може да се користи и на суво и на мокро лице, со или без пена...

Добредојдени се вашите мислења и особено искуства...

Па ве молам за совет за солидна машина за бричење, не ми треба толку за кратење и обликување на брадата колку што ми треба за целосно бричење, но и да не биде многу скапа...

На оваа мислеше? Ако е таа истата јас ја имав ѓубре невидено. За 2 месеца цркна. 80% од производите на топшоп може веќе да се најдат и на али и на ebay освен тоа делиманото и дорметото.

Мој предлог ти е ова али и тример не е лош избор 0.5мм нема ни да се познава но рече дека сакаш темелно бричење.
 
Во ред, фала многу на сите, доволно се предлози, стварно се квалитетни, ќе размислам. поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom