Голема акција на МВР: Се апсат соработници на терористите од Дива Населба

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување
Neznam koj uste veruva na tie akcii od MVR. Se nekoj takvi posrani shipci sobirat. Da vlezat vo Kuca na bilo koje Albansko semejstvo vo Tetovo, Gostivar, Struga itkn. ke najdat Kalas so sliki na UCK i sto ne drugo na oruzje. Sekako deka ovaj Invalid ne e izklucok samo izgleda nema koj da go stiti.
 
Апсат некој дома слики од учк што чувал (нема кој нема таква работа по дома од браќава) а учк во влада :tvg:.

Апсат некои параспури за кои Али кур го боли а со командантите на таа учк ја делат власта и ги амнестираат тие што на Македонци им бутаа стапови во гз и им вадеа бубрези на Косово.
За мајка Македонија на браникот на татковината :oeoeoe: :uzi:
 
Знаеме ние како ВМРО на ваквите по кратка постапка им ја решава судбината.
"Нека биде округло па на ќоше."
 
Што (ни) се случи во Куманово? (1)
Што (ни) се случи во Куманово на 9 мај? (2)

Во операциите на тајните служби, секогаш прва страда вистината. Македонија не е, ниту може да биде исклучок


mkd-193028.jpg

Бројни се крунските докази дека Куманово не беше, ниту можеше да биде наша местенка. Прв доказ е нападот на караулата во Гошинце, што беше и вовед во Куманово. Тоа беа тежок пораз и понижување на полицијата, реализирани од истата група. Можно ли е некој да се договара со некого за да го резилат? Впрочем, ако и имало контакти меѓу нашите служби со терористите, тоа воопшто не мора да значи дека била договарана фингерајка. Така работаат сите тајни служби.

Во истата кошница, без никаков сомнеж, се и ракетирањата на Владата, нападот на „Соравија“... На еден или друг начин, сите тие се поврзани со Куманово.

Второ, според непотврдени информации, во бандата имало и полицаец? Можно ли е терористите да договараат инсценирање на инцидентот и, во своите редови, да вклучат и соработник од полицијата? Зошто бандата би жртвувала таков крт, драгоцен за нови акции против Македонија? Ова може да биде главната потврда дека во Куманово имаше тероризам.

Трето, косовскиот весник „Коха Диторе“ објави дека, според информации од нивната тајна служба, КИА, „групата сакала да ја оживее албанската национална ослободителна војска“. И заради изворот, веста заслужува внимание.

Четврто, многу индикативна беше и првичната вест за 14 убиени терористи, меѓу кои имало и четири од Запад. Најверојатно, таа беше – точна. Просто е невозможно да се избројат 14 место 10 жртви? Сосема е логична претпоставката дека, по наредба на нашите „гувернери“, убиените странски инструктори морало да се скријат, со што целиот случај добива сосема поинакви димензии. И тоа не е ништо ново: во опколено Арачиново, во 2001-та, „најслучајно“ беа затечени 17 американски воени инструктори! Свратиле луѓето на кафе!

Петто, крунски доказ дека терористите не беа обична и само организирана банда, потврдува и закопот на жртвите, приреден на Косово. Тој имаше официјален, (полу)државен карактер, реализиран со користење на забранетите униформа на УЧК. Никој од нашите „западни пријатели“ не го оспори, камоли осуди ваквиот третман на терористите. А тие убиваа полицајци! Зошто молчеа Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз..., на пример, на ваквата ароганција? А, за убиство на полицаец, (нај)често, во САД следи електрична столица.

Шесто, амбасадата на САД и британскиот амбасадор изразија само – „жалење за загубените животи“, значи за сите, без да дадат каква било квалификација за настанот. Останува да претпоставуваме: дали ваквите формулации се заради наводните четири нивни жртви, и се однесуваат пред сѐ на нив? Логиката, сепак, води во таа насока!

Седмо, најдобар показател на суштината на целиот случај е заедничката изјава на амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО. Во неа се заборува за „операција во Куманово“ (чија, на полицијата или на бандитите?); се дели тагата на „блиските на починатите полицајци и со граѓаните кои настрадаа во тие насилства“ (кои и чии „граѓани“? Дали нивните? Од кога „граѓани“ учествуваат во тероризам или, нека биде, во „оружани операции?); за да се заклучи – „вооружените групи (множина!) во Куманово се изолиран феномен“!? А, од каде знаат дека таму имало повеќе групи и дека „феноменот“ бил – „изолиран“? Тоа може да го знае само некој длабоко инволвиран во целата „операција“, зар не?

Најиндикативен е, сепак, крајот на изјавата: „Сега е време лидерите да се обединат и да започнат дијалог за сите прашања со кои се соочува државата, вклучувајќи го и оној за долготрајната политичка криза и извршувањето на потребните реформи“!?

Зошто, еден класичен терористички чин, реализиран од странство, одеднаш – се поврзува со нашата политичка криза? По која логика тие два настани се третираат во иста изјава? Можно ли е тоа да биде случајно? Не е ли тоа најдобар доказ дека и Куманово и кризата се дел од исто (нивно!) сценарио? Впрочем, дали – „сега е време“ – значи дека, Куманово не успеа, ама ние се враќаме таму каде што застанавме? Ќе следи 2 јули и ќе се исправи „грешката“?

А, ако си ја повикаме на помош нашата неодамнешна меморија – не е ли нормално да се претпостави дека оваа изјава потврдува дека експериментот во Куманово не успеа да не дотолчи, исто како и војната во 2001-та и, по истиот тертип, ако тогаш следеше „планот Б“, наречен „охридски договор“, сега дојде договорот од 2 јули со, горе-долу, исти карактеристики? Тогаш судбината ни ја кроеја одвратни типови како Фровик, Фејт, Пердју и слични пробисвети, а сега Прибе, Орав..., нормално, под раководство на – Бејли. Од време, навреме, од страна им се плеткаат Британецот и амбасадорките на Германија и Франција, сакајќи и тие малку да вкусат од гувернерскиот леб.

За да се разбере суштината на горната заедничка изјава, мора да се знае дека е неспорно дека Вашингтон го подготвува текстот на сите вакви и слични документи, а другите - потпишуваат. Речиси сѐ што ни верглаат овие од ЕУ, ОБСЕ и НАТО е стокмено во САД, а тие напамет го научиле. Се разбира, само кога така диктираат американските интереси. Значи, и Куманово - само тие можеле директно да го поврзат со кризата, и со реформите. А, ако немаше таква тајна врска меѓу двата случаи, соопштението ќе беше бесмислено.

Осмо, во целиот случај, признание заслужува само генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, кој изрази – „сочувство до семејствата на загинатите и повредените во АНТИТЕРОРИСТИЧКАТА операција...“. Тоа е единствена осуда на случајот со користење на вистинскиот термин. Дали генсекот избрзал? И ова наликува на 2001-та: на почетокот, додека Американците тајно ја водеа војната во Македонија, неинформиран, генсекот на НАТО, Робертсон, зборуваше за – терористи! Подоцна, откако тие се претворија во „хуманитарци“, НАТО, предводен од него, отворено и цело време им беше на услуга!

Деветто, крајно индикативно е дека никој друг светски фактор не го осуди тероризмот во Куманово. Зошто? Тоа немаше да биде возможно без некаква координација на целата реакција, почнувајќи со нашите петтоколонаши. Како и зошто Столтенберг се „истрча“, е друго прашање. Ако бандата од Косово настапуваше сама, без поддршка и инструкции од важна тајна служба, тешко може да се замисли дека ќе останеше без жестока осуда. Вака...

Меѓутоа, ако акцијата успееше, ако Македонија беше присилена повторно да преговара со терористи, приказната ќе беше крајно трагична. Откако не успеа, настанот стана – „изолиран феномен“!

Десетто, интересни се и реакциите во соседството. Албанската влада „... го осудува секој акт на насилство“, без да каже чиј? “Утрински весник“ точно констатира дека – „Албанија и Косово се претворија во гласноговорници на терористичката група“, ама тоа никој од странците не го забележа. А Борисов оцени дека – „поради несогласувањата и проблемите во Македонија се дојде до нови жртви“!?

Единаесетто, за сѐ да биде саглам, порталот „Centernews”, пренесе - „моќна странска разузнавачка служба располага со видео и аудио снимки за тоа како е договорен инцидентот во Куманово“. Изворот е анонимен, а снимките се недостапни. Нема причина да не им веруваме, зар не?

А ние, по чиста аналогија, врз основа на случајот во Куманово, можеме да заклучиме дека ако и во 2001-та ефикасно ги уништевме терористите, според Робертсон, за што постоеја сите потребни услови, освен нашето срамно и непростливо неодговорно политичко раководење – во никој случај немаше да бидеме воено поразени и рамковно понижени. Историјата недвосмислено ќе ги осуди водачите кои тогаш нѐ одведоа во пораз. Факт е дека нашите комшии Албанци беа соочени со проблеми кои мораа да се решаваат, ама апсолутно немаше никаква потреба од војна.

Сето ова ни дава за право да констатираме дека САД се одлучни во намерите суштински да ја променат позицијата на албанското малцинство во земјава, проект започнат со војната во 2001-та и продолжен со охридскиот рамковен договор. Сега сме во клучна етапа која треба да води во федерализација на земјата (консензуален претседател, буџет...) и, според одредени показатели, во создавање на т.н. „политичка нација“, која ќе значи крај на македонизмот. Има индикатори дека во државава ќе живеат „Славоалбанци“. Нормално, Македонците – ќе исчезнат! Еден од доказите за тоа е и случајот од неодамнешното советување на нашите амбасадори, кое се одржа во МНР. Гости на истото биле и министрите за надворешни работи на Албанија и Бугарија, Бушати и Митев што, во принцип, е добра пракса. На средбата, меѓутоа, Бушати јавно го искористил токму тој израз за населението на земјава – „Славоалбанци“! И - никој не му реагирал. Тестот бил успешен! Бидете уверени дека резултатот е регистриран и во Вашингтон, Брисел, Берлин... Дадовме недвосмислен ишарет дека можат што сакаат да ни прават. Одговорност, пак, за нашата неразбирлива и неумна толеранција, за мизерната недоветност на сите присутни да се премолчи една таква подла и, да бидеме јасни, испланирана провокација, по обичај – никој не повлекува. Срамно, зар не?

И, за крај, да регистрираме и отворени најави дека Вашингтон сака во најскоро време, пред изборите во април 2016, да се обиде да го реши и проблемот со името! Очигледно, сметаат дека сме гроги и дека е време за – нокаут! Во земјава, сѐ е ставено на тапет: ќе ја менуваат власта, ќе ги судат тие што им пречат, ќе го рекомпонираат политичкиот систем според амбициите на Албанците... и, се разбира, кога ќе нѐ прекрстат, ако не сега?

Кери најави дека ќе оди во Атина и барал од нив предлози за решение! Најверојатната замисла е да се оди со „историска“ отстапка од Грција, да се „откажат“ од ерга омнес-от, кој е инаку бесмислен, невозможен, апсурден и надвор од умот, и да ја прифатат американската формула - да не прекрстат за цел свет! Најширокоградо: ќе ни дозволат лично да се сметаме како Македонци и - толку. Само за нас самите! Гласно ќе можеме тоа да го кажеме во земјата, ама ќе биде строго забрането во странство. Јасно им е дека дома не можат да не сотрат, дури и да нѐ окупираат! Е, па, што бараме повеќе? Та, нели, националноста е лично чувство и тоа нам никој нема (ниту може, нели) да ни го забранува. Доволно е тоа да им го прават на Македонците во Грција, Бугарија...

Во дадениве услови, за наша среќа, нема теоретски шанси оваа иницијатива да помине во Грција. Нивните историски синдроми ќе нѐ спасат, иако опасностите и проблемите ќе останат и последиците ќе мораме да ги трпиме.

До наметнатите избори не чека чист пекол при што сѐ што ни е свето ќе биде на маса. Оспорено. Поделени какви што сме, алот ни е во калот. Сите политички фактори мораат максимално да се замислат за иднината и на државата, и на македонскиот народ. Минуваме низ исклучиво одговорен период. Порано, или подоцна, народот ќе ги казни сите грешки. Важни се и личните и партиските интереси ама кога се народот и државата во прашање, сѐ друго е ирелевантно.

Куманово, договорот од 2 јули и протоколот од Пржино нека ни бидат последната опомена. Се работи да се биде или не. Нашите „стратегиски партнери“, со еден удар, сакаат да го затворат македонското, и да го решат албанското национално прашање. Тоа се нивни нескриени приоритети кои, без пардон, 25 години упорно ги туркаат. Како вели Еди Рама, сите да живеат во една држава е нивен „легитимен сон“.

Тоа што мнозина кај нас, на врвни политички функции, не се свесни што ни се случува, сите овие години, не е никакво оправдување. Напротив.
 
До наметнатите избори не чека чист пекол при што сѐ што ни е свето ќе биде на маса.

секогаш кога имаме заедничка влада тоа за мене е лош знак. 2001 во еден разговор со еден истурен играч на СДСМ ми вика, сега ќе биде подобро, сега имаме заедничка власт, јас му викам тоа за мене значи се подоготвува капитуалција,, никој сам нема мадина да потпише предавство ама заедно ке го направат.Типот не ми поверува, видовме што се случи.
Сега истото ни се спрема, тоа го знаат и нашиве политичари, и упорно влегуваат во такви шеми, овие од Вмро немат муда да им кашат не, па овие другиве за гревој, влегуваат во влада само да потпишат некоја капитулација.
 
Последно уредено:
секогаш кога имаме заедничка влада тоа за мене е лош знак. 2001 во еден разговор со еден истурен играч на СДСМ ми вика, сега ќе биде подобро, сега имаме заедничка власт, јас му викам тоа за мене значи се подоготвува капитуалција,, никој сам нема мадина да потпише предавство ама заедно ке го направат.Типот не ми поверува, видовме што се случи.
Сега истото ни се спрема, тоа го знаат и нашиве политичари, и упорно влегуваат во такви шеми, овие од Вмро немат муда да им кашат не, па овие другиве за гревој, влегуваат во влада само да потпишат некоја капитулација.
Сосема го делам мислењето. Според мене федерализација е во игра. Единствено мислам дека овие од ИД ќе пробаат да ја ескалираат состојбата да излезе вон контрола, што како што стојат работите и нема да им биде тешко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom