Скопје ќе добие нова универзална сала

  • Креатор на темата Креатор на темата Hurin
  • Време на започнување Време на започнување

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.680
Локација
Meowschwitz
Уривањето на Универзална сала е оставено за следната година, напролет. Во моментов фирмата "Архи груп план" го изработува основниот проект за салата, кој треба да биде готов до јануари, по што се очекува да почне постапката за уривање.

19444golema.jpg


Во Универзалната сала веќе половина година не се одржуваат манифестации, откако во март се урна дел од таванот на објектот.

Според идејното решение на авторите Стојан Павлевски и Иван Симеонов, салата ќе биде во јајцевидна форма. Целиот објект ќе го носи името Конгресен центар Александар Македонски.

idejniresenijazaizglednauniverzalnasala4.jpg


Големата концертна сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта пак ќе го носи името Тоше Проески, а помалите мултимедијални сали Мајка Тереза и ВМРО. Предвидено е во новиот објект да функционираат и конгресни и билатерални сали.

767331cb855a8144a606851e2627e88c.jpg


Планот на надлежните е конгресните сали да се крстат по Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто и Борис Сарафов, а билатералните сали да се викаат Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

ИЗВОР

убо изгледа, само иминава пробуваат со сила да ги наметнуваат, секоја втора зграда се вика александар, Гоце или незнам што.
 
Се супер но апсолутно се сложувам дека наметнувањето на имињата на Александар Македонски или Мајка Тереза или Гоце Делчев, Борис Сарафов и други дејци е веќе претерано. Мајка Тереза веќе почнувам да ја сонувам. Од клинички центар па до споменици, спомен куќи, булевари. Немам ништо против македонскиот идентитет, треба да е негува и почитува и сум за тоа но мислам дека ние од премногу негување веќе почнавме да го силуваме. .
 
Уривањето на Универзална сала е оставено за следната година, напролет. Во моментов фирмата "Архи груп план" го изработува основниот проект за салата, кој треба да биде готов до јануари, по што се очекува да почне постапката за уривање.

19444golema.jpg


Во Универзалната сала веќе половина година не се одржуваат манифестации, откако во март се урна дел од таванот на објектот.

Според идејното решение на авторите Стојан Павлевски и Иван Симеонов, салата ќе биде во јајцевидна форма. Целиот објект ќе го носи името Конгресен центар Александар Македонски.

idejniresenijazaizglednauniverzalnasala4.jpg


Големата концертна сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта пак ќе го носи името Тоше Проески, а помалите мултимедијални сали Мајка Тереза и ВМРО. Предвидено е во новиот објект да функционираат и конгресни и билатерални сали.

767331cb855a8144a606851e2627e88c.jpg


Планот на надлежните е конгресните сали да се крстат по Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто и Борис Сарафов, а билатералните сали да се викаат Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

ИЗВОР

убо изгледа, само иминава пробуваат со сила да ги наметнуваат, секоја втора зграда се вика александар, Гоце или незнам што.
Александров и Сарафов...мајко моја.
Али нема везе, батали тоа.Ме радува што ќе се вика Тоше Проевски, а не како што планираа нешто друго (ВМРО или нешто така).
Иначе ова се најавува (како и се друго), скоро 3 години!
 
Аман веќе со Александар Македонски! Нека го стават целиот објект под Тоше Проески и завршена работа, нема никој да врти со очи како кога ги чита листава на имињава погоре што им се во план.

Дизајнот е убав, и иако носталгии пукаат, редно време е да се замени со нов објект кај кого ќе се одржуваат истите типови манифестации. Само да побрзаа малце?
 
Убаво изгледа, ама толку бре нема некои други ликови и имиња, само тие ли ги имаме?
 
Одговор во случај името да беше неутрално - се е супер салата, името е добро ама нели има побитни работи за реновирање (слика од рандом училиште од село во струмичко).
 
Имињата се за да се одржи национализмот и квази патриотизмот кај населението.
Зашто да не остане да се вика Универзална Сала. Дали некој има проблем со Спортска Сала Кале која не е именувана према личност
 
Одговор во случај името да беше неутрално - се е супер салата, името е добро ама нели има побитни работи за реновирање (слика од рандом училиште од село во струмичко).
Цела среќа што не е неутрално името :coffee:
 
Убаво ова со имињава, барем децата ќе знаат дека Кочо Рацин е конгресна сала, додека во школо ги учат како ВМРО е извор на све добро во државава.
 
Јако изглеа. Само колку ќе кошта, е тоа ќе биде смешно :)
 
Убаво излгеда на рендер, интересно решение ама ова да се оствари малце потешко, сигурно изгледот ќе се промени. Второ салава како да не се наоѓа во јајцево, со ништо не се поврзуваат, однадвор футуристучки изглед а одвнатре салава како од минатиот век, одсега ми мириса на еклектички декорации,
 
Да земеа да направат некоја болница, или постоечкиве да ги опремат, или асални кадри да направат... Што и фали на сегашнава Универзална Сала? Макар нова нека направат на некое друго место, ако баш мора (да се исперат пари, и да се лапаат провизии...).
 
Шо бе, не ќе е у барок? Ќе цркне некое магаре.[DOUBLEPOST=1446137615][/DOUBLEPOST]
Јако изглеа. Само колку ќе кошта, е тоа ќе биде смешно :)

Тужно е што колку и да кошта, точната цена никад нема да ја дознаеме...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom