------------------Руни/Марсиал----------------
--Мемфис/Марсиал/Јанг-------Мата/Марсиал--
------------Ерера-----------Швајни------------
-------------- Шнајдерлин/Керик-------------
Шо/Блинд/Јанг-----??????-----Смолинг/Џонс-----Дармиан/Валенсиа
Плаче оваа формација (4-3-3) кај нас, нешто слично што играат Реал. Руни напаѓач, Мемфис позицијата што ја игра Роналдо, а Мата позицијата на Бејл (ма да не ми е он за таму, повеќе на Марсиал ќе му одговара). Марсиал може на било која позиција да игра во нападот, па ако продолжат Мемфис и Руни вака ќе ги замени. Тука е и Јанг за секој случај, може и Вилсон и Перира да добиат шанса.
Средина сме вака многу јаки. Ерера и Швајни, а позади нив Шнајдерлин да покрива. Керик и Фелаини може да ги заменуваат. Вака добиваме и на креативност и на брзина.
Е сега следи каша попара, одбраната. Не се знае кој игра, ни каде игра, ништо. Поима немам кој каде да ставам. Единствено на Смолинг му е зацементирана позицијата. Со повредата на Шо би требало да Блинд игра место него, а Џонс или Рохо на централна позиција или пак Мекнер да добие шанса. Или може да си остане како што игравме, само Јанг наместо повредениот Шо. Дармиан би требало да остане прв избор на десен бек, ма да лоши партии имаше месецов. Валенсија негова замена.