Време е.
Време е да се префрлиме на сончевата страна од улицата и да уживаме во Сонцето. Улицата каде Македонското Сонце ќе грее најтопло, најмузикално, најталентирано, најуникатно, единствено. Неговите зраци ја привлекоа музиката, визионерите, професионалците, а многу скоро и целата сончева македонска јавност.
Улицата е онаму каде почнува мечтата на секоја талентирана музичарка, односно музичар да прерасне во ултра-ѕвезда, дефинирајќи и потврдувајќи се себеси како целосен уметник. Уметник, кој ќе даде нова, современа и модерна дефиниција на македонска музичка ѕвезда.
Улицата е ТВ шоу, каде талентот преку ангажман на клучните професионалци за создавање на ултра-ѕвезда ќе прерасне во уметност.
ТВ шоу кое ќе понуди 700 часа програма за македонската јавност, овозможувајќи и’ ексклузивност и учество во процесот на создавање на македонска музичка ултра-ѕвезда.
Со ова, Алфа телевизија го најавува реалното музичко шоу, кое наскоро ќе започне да го емитува.
Според организаторот, „На иста адреса” – Академија 1, ќе биде поразлично од сите проекти од овој тип што сме ги виделе досега. Станува збор за шоу со млади музички таленти кои по неколку месеци затворени во луксузна вила ќе прераснат во вистински музички ѕвезди.
Околу случувањата со ова шоу може да пратите и на Facebook
ПОЧЕТОК НЕДЕЛА 20:00 ЧАСОТ
Последно уредено: