Зборете што сакате, но тоа е реалноста, неможеме ние на форумов да ја промениме... Коефициентите се земаат од ЛШ и од ЛЕ.
Јас не викам
на пример дека Италијаните ако земат место на Англичаните, тоа ќе значи дека е поквалитетна лигата, туку дека луѓето покажале нешто + во Европа и за тоа си добиваат награда од УЕФА.
Англичаните реално спијат на пари, чим фрлаат 60 милиони фунти на "world class" младинци од типот на Стерлинг, тогаш стварно лигата е квалитетна... повеќе пари, повеќе публика, подобар маркетинг, подобри имиња во тимовите.
На Италијаните едно место им земаа во 2011, а замислете во 2007 Милан беше победник, а во 2010 Интер... ама ете им дадоа место + на Германците. На почетакот Њемциве губеа како Грчка (освен Баерн и Дортмунд), примаа по 6-7 комада од појаките тимови, ама гледате денес каква е ситуацијата кога еден Леверкузен и парира на Барса на гости, или пак Сити во 90-та минута мораа преку пенал да се спасуваат од Менхенгладбах
Реално Англичаниве се заслепени до немајкаде од пари, трофеите им се на второ место, затоа под чест им е да играат во ЛЕ, ама и самите знаат дека тоа иде на штета на лигата. Со тие пари со што располагаат од ТВ права, карти, курци-палци можат да состават 3 тима што ќе играат на 3 полиња во секое натпреварување, ама под чест им е нели...
Ќе повторам уште еднаш, тоа ако Италија земе едно место + во Европа, не значи дека е поквалитетна лига, туку дека тоа е еден вид на награда за тоа што се мачеле да направат нешто во второразредното натпреварување на УЕФА.
А Англичаните, ене им ги парите ги имаат, нека прават што знаат со нив...
