ЧЕНТО
Претседник
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 8.239
- Поени од реакции
- 4.839
Чекај тебе ти е аргумент дека причината поради која што Челзи неможе да го победи пример Њукасл е дека Њукасл како екипа е поквалитетна од нејзините еквиваленти пример во Шпанија? Еве да речеме Гранaда....?Како паѓа во вода кога ти го користиш истиот аргумент за да докажиш дека екипите во ПЛ се слаби. Зошто па да значи ако го натртиш конкурентот со 5-0 за десет минути дека си многу јак, може противникот е слаб.Тоа е проблемот, си ги земаш аргументите како ти одговараат.
Ти самиот како аргумент користеше дека квалитетна лига се познава по организирањето на одбрана и главно премиерлигашите биле тактички заостанати. Колку и да се сложувам дека топ екипите од ПЛ се ослабени во квалитет, не ми е јасно како може за квалитетни да сметаш екипи кои примаат по пет, шест а некои и осум гола во 90 минути? Зарем не важи истото и за нив?Друго што не ми е јасно, како може тим кој што игра ЛШ или тим кој што игра во квалитетна лига да прими петарда за десет минути? Нели тој е квалитетен и тактички спремен? А сите знаеме колку е тешко да се постигне гол.
Ја се обидов да ти кажам дека моменти како Реал против Гранада во кои Реал го торпедирале противникот се случуваа и во Премиер лигата неколку годините наназад каде тоа го правеше Јунајтед Челзи Ливперул итн....Ама фората е што тогаш никој не се бунеше дека лигата е слаба него дека фаворитите се ептен јаки и млатат се живо и диво...
А сеа пошто тоа више го нема и не ви одговара како аргумент сеа наеднаш шпанската лига е слаба пошто таму Реал и Барса ги млатат малите екипи.Нема логика...
Или маливе екипи ептен се ојачаа во Англија а пропаднаа во Шпанија??
Како и да свртиш факт е дека лигата е во пад и тоа најмногу се гледа кај екипите во врвот.Meѓутоа агресивниот маркетинг,енормните трансфер суми и сензационалистичките и арогантни медиуми не дозволуваат да го видите тоа.