Night Club Fabrika

  • Креатор на темата Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување Време на започнување
T

Torchyrus

Гостин
Интересна најава за клуб во Скопје, се очекува да биде новиот Колосеиум или барем така најавуваат дечките од Сонце Прокција кои стојат зад сето ова.
Рака на срце не ги бие добар глас од минатото и нивното организирање на забави.
Отварањето е на 14ти август локацијата е во градски парк, а гостин ќе биде веќе истакнатиот James Zabiela. Во иднина се најавени гостувања на Sean Tyas, Talamasca (веќе не знам по кој пат, можеби има и стан тука).
Според најавените имиња изгледа ветувачки дека Скопје ќе добие ново место за добра забава.
https://www.facebook.com/fabrika.mk?fref=ts

Ќе го слушам Zabiela за една недела па зависи како ќе ми се допадне би можело да присуствувам на отварањето. Лично мене името на клубот не ми се допаѓа, ама ич, премногу е копи пејст од србите на кои секој втор клуб им е Фабрика, Хангар, Магацин и слично. Можеле да се потрудат малце повеќе и да смислат нешто по уникатно и впечатливо. Најавата засега за нешто што треба да биде БУМ им е ептен тапа, освен фејсбук немам видено реклама на некое друго место како Тв емисија, радио, весник, сајт и слично. Затоа во знак на добра волја еве им од мене една тема.

Повелете со ваши мислења и очекувања за новопечената ,,Fabrika''

11754569_1445247739135601_3908258222957685447_o.jpg

11233992_1444399719220403_6670659139344294334_n.jpg
 
Јаки трансови ќе се возат тука :D Додуша и само за тоа ќе биде наменето местото :D
 
Не мора транс само да има, може да фураат јаки хардкор журки ако веќе се најавува клубот за стрикно хардкор журки. Али у секој случај треба да има ваков клуб и да се направат пристојни цени и промоции за да може да се исфура најхардкор колку што може а да биде фино. :)
 
Мило ми е тоа што се отвара нешто ново каде може да се минува ноќниот живот, но и се надевам дека освен тоа што ќе биде ново ќе биде и добро, а не само простор без никаква атмосфера, со пет сјалици и високи цени.

Исто така се надевам дека местово ќе биде само за некој друг вид музика која не е турбофолк, чисто како новост за разбивање монотонија и еднаквост за оние кои не слушаат турбофолк.

:)
 
Ај баш да видиме шо ќе ни понудат. Името не го коментирам, сеедно ми е.
Битна е програмата секако.
До кога со Таламаска бе лелеееееееееее, 40 пати е дојден. Па следно шо, Skazi?
Дајте бе некое друго мрсно псајтранс име, ццццц.
И James Zabiela е биден 5 пати најмалку.
НИШТО НОВО, 90% се вртат едни исти артисти. Ни журките не се то шо беа, ни екстазите не се то шо беа.
 
Колосеум е општ назив за се и сешто. Во различни периоди се пуштало од денс-шема, па хаус, па транс и се до тежок селски фолкерај...Да не биде и со ова така...
 
За последниот работен петок од летната сезона ние во ФАБРИКА Ви подготвуваме специјален настан...

Во една вечер на едно место ќе настапат најдобрите македонски дј-и кои изминативе години го креираат клубскиот живот во Скопје и Македонија, и ќе ги чуеме најголемите хитови од електронската музика...

==========================================================

NIKIFOR

ALEKSANDAR GALOSKI

ICKO

BRANCHEZ

BOBI

NIXX

==========================================================

Петок 25 септември

Старт: 23:00

Клуб Фабрика - Градски парк Скопје

Влезници во препдродажба по супер промотивна почетна цена од 150 денари во ПОЛА ЈУГОТОН и купи карти за се дистрибутивната мрежа или онлајн на www.nastani.com.mk
 
Го посетив до сеа неколку пати и кул е, иако може да трпи уште многу иновации...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom