Кој ракометен клуб ќе се распадне оваа сезона?

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Ракометот е без сомнение најпопуларниот, можеби и најуспешниот спорт во Македонија, но реалноста е дека во глобални рамки е сеуште на скалата на „второкласните“ спортови, во кои не се врти голема пара и кои немаат големо медиумско покривање кое би ја вртело таа пара.

Пред се, во голема мера тоа се должи на тоталната непозналица за овој спорт кај најдемократската нација во светот и нејзините сателити. Ако кошарката е незналица за Британците, кај Америте е светост, а ако фудбалот кај Америте е „soccer", кај Британците е начин на живот. Ракометот и во двете овие земји е за жал непознат поим. Остатотко од светот кој го игра овој спорт нема можност да го пробие во врвот иако во последно време кој друг ако не Арапите фрлаат голема пара и почнуваат да ги рушат финансиските бариери кои ракометот ги познаваше.

Токму заради неможноста да се заработи многу од инвестирање во ракометот, освен ако не си клуб во Франција и Германија или бренд ко Барселона, во блиско и подалечно минато многу ракометни „проекти“ отишле по ѓаволите.

Веќе пет сезони по ред, еден гигант или бар солиден европски клуб, редовен учесник во лигата на шампионите доживува банкрот и распад систем.

„Трендот“ започна на некој начин со данскиот АГ Копенхаген и шпанскиот Сиудад Реал. Првиот обид за експресно правење ракометен дрим тим. Данскиот магнат Јеспер Нилсен инкасираше милиони и собра играчи како Микел Хансен, Сигурдсон, Екгберг, Хвид, Менсах Ларсен, браќата Тофт Хансен... стигна до Ф4 во 2012 и крахот во бизнисот го натера да го „секне“ ракометниот клуб.

Речиси во исто време, нешто слично му се случи и на еден од најлегендарните и најтрофејни клубови во Европа, шпанскиот Сиудад Реал, кој заради финансиски причини прво се пресели во Мадрид и се вклопи во спортското друштво на Атлетико, за потоа да и таму згасне.

Ракометната секција на HSV-Hamburg во 2013 стана освојувач на Лигата на Шампионите, за веќе наредната да се соочи со големи финансиски проблеми и сага која траеше долго време, во која дури им се закануваше и релегација во третата германска лига. На крај, имаше „разумен компромис“, Хамбург остана во првата лига но од него заминаа речиси сите познати играчи. Но ради тоа што се шваби, повторно се вратија во врвот на бундеслигата и оперираат активно на трансфер пазарот.

Динамо Минск беше еден вид на владин проект на Белорусија офромен во 2008-09, со кој сакаше да створи клуб кој ќе биде компетитивен во Европа но и ќе биде клуб-репрезентација со мнозина домашни репрезентативци (звучи познато хехе). Набрзо постана редовен освојуач на домашното првенство. Клубот имаше и забележителни настапи неколку сезони во ЛШ за да и тој после доживее Титаник судбина и да се распадне.

И на крај, секако Металург. Македонскиот клуб кој три сезони стигаше до најдбрите осум во Европа доживеа комплетна катаклизма во текот на мината сезона. Инаетот на сопственикот и неспособоста за менаџирање на костумосаните лица резултираа со масовно емигрирање на играчкиот кадар од клубот, кој најпрво го напуштија странците а потоа и „пучистите“, воглавно домашни ирачи. Сега Металург пак е член на Лигата на Шампионите, но со моменталниот состав е навистина омилената приказна на Червар, онаа за Давид и Голијат.

Така, прашањето е мислите ли дека ќе има некој таков случај и сезонава или конечно ќе се помине без турбуленции?

За тој со точен одговор, нема награда, ради споменатите причини во првиот пасус. :D
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Се надевам ако пукне некаде тоа да биде Веспрем :D . Имаат многу играчи и некој од нив може да вдомиме во Скопје.

Заборави да спомнеш дека и Загреб беше на прагот на банкрот. Цела среќа што нема друг тим во Хрватска па лесно се докопуваа до таленти. Кај нив секнаа парите од Кроација осигорување и Ина и скоро па банкрот беше. За тоа сега се плинари и изгледа дека се враќаат.
Пред 10 години згасна и проектот на Меткович кој беше најголема закана на Загреб во националното првенство.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
509
Поени од реакции
366

Нема шанси Везспрем си имат спонзор банка а и медиуми така да... Следен за распад е ЛШ група Ц и ЛШ група Д...
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Се надевам ако пукне некаде тоа да биде Веспрем :D . Имаат многу играчи и некој од нив може да вдомиме во Скопје.

Заборави да спомнеш дека и Загреб беше на прагот на банкрот. Цела среќа што нема друг тим во Хрватска па лесно се докопуваа до таленти. Кај нив секнаа парите од Кроација осигорување и Ина и скоро па банкрот беше. За тоа сега се плинари и изгледа дека се враќаат.
Пред 10 години згасна и проектот на Меткович кој беше најголема закана на Загреб во националното првенство.
Добро, кај Загреб тоа иде на циклуси и се дешавало веќе, мислам дека не беше класичен банкрот него смена на генерации/почнување од ново. :D

Јас мислам ако се смени власта дека Вардар ќе биде следниот.
Не ми се верува, оти и други да дојдат ќе им треба таков „човек“ за у јавност, а они во заднина да прават тоа шо прават.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Добро, кај Загреб тоа иде на циклуси и се дешавало веќе, мислам дека не беше класичен банкрот него смена на генерации/почнување од ново. :D

Не ми се верува, оти и други да дојдат ќе им треба таков „човек“ за у јавност, а они во заднина да прават тоа шо прават.
Муабетот ми е дека има многу примери. И мечките една сезона скокнаа.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Типувам на екипите од источниот блок....
Брест Мешков,тешка пара има тој газдата,но сите такви проекти не тераат долго..
Можеби нема да се распаднат за брзо,ама не ми се верува да одат уште долго..
Исто и Мотор Запорожје,и овие се некој интересен проект,фрлаат пари,ама не ми се верува да опстојат долго,Чеховски Медведи(додуша Мечките исто како да се распаднати,одамна не се на нивото од времето)...
Западно-европска екипа тешко дека ќе крахира лесно,а доколку се бара некоја треба да се бара во Шпанија,таму има огромна криза,кубурат со финансии...
Останатите се доста стабилни...па дури и од Балканот..
Загреб полека се стабилизира по кризата,го имаат редуцирано буџетот,не се како пред 7,8 години,но не се лоши и почнаа да се враќаат..
Цеље не е на нивото од времето,но се држат и нема шанса да пропадни таков проект...
Романците се најнестабилни од сите,ако има коефициент која екипа би крахирала прва од Балканот сигурно најмал коеф ќе има на Романците...
Баја Маре,имаат и женска секција во ЛШ,сигурно засега имаат добар кеш,но традиција во Романија е дека ниеден проект не тера долго...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јас мислам ако се смени власта дека Вардар ќе биде следниот.
Њет, како што кажа Нињо, проверена стратегија е ова со спортов и со други луѓе може да паѓаат договори зошто сите добиваат :)
Во Унгарија сите клубови се владини, Ѓер и Веспрем поготово, баталете овој им бил спонзор, оној им бил, исто е ко кај нас, само што Унгарија е на 5 скалила погоре од Македонија а и народот со мозокот и свеста исто така, па кај нив со усул се праат некои работи :)

Грдна пара фрла владата на Унгарија на спортот, затоа имаат одличја на олимпијади и првенства во многу спортови, не само еден, два, премиерот башка им е екс фудбалер и спортот му е слаба страна.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Распад од типот на Хамбург и Сиутад Реал оваа сезона не би требало да има, иако во овој спорт ништо не се знае. Сега посебно тимовите од групите А и Б би требало во некоја мера да ојачаат и на популарност и на финансиски план.

Од глупиве Ц и Д сите карти се отворени. Мада кога ќе размислам убаво, таму клубовите се на тоа ниско ниво што тешко дека подолу можат да одат.

Од големциве кога би бирал фаворит за распад би рекол Фленсбург. Не толку богат локален клуб, локален спонзор (фабрика за цемент) исто не толку јак финансиски а фрла солидни пари во спортот. Не би ме изненадило, со оглед на тоа дека сезоната по освојувањето на ЛШ се отворија шпекулации дека спонзорот се повлекува.

Од помаливе се е можно. Единствено не би сакал да се случи распад со Мешков Брест. Нивниот газда е главен финансиер на СЕХА лигата преку Гаспром. Ако се повлече од Мешков ќе биде многу малку веројатно дека СЕХА лигата ќе опстане.

Екипи што нема шанси да крахираат се Барселона (секоја сезона и се одделува буџет од FC Barcelona), Веспрем (унгарски национален проект) и Кил (најпознат ракометен бренд и единствен клуб што секоја сезона го бркаат интернационални корпорации со милионски спонзорски договори), за пример летово Turkish Airlines им нудеше на Кил милионски спонзорски договор плус како бонус да ги откупат Микел Хансен и Гансхајмер за Кил, али ништо не испадна бар за оваа сезона и останаа со традиционалниот спонзор Provinzial.
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2015
Мислења
32
Поени од реакции
18
Таму каде што кесето нема да се одврзува , клубот ќе се распадне ...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
@Ne_sum_ja Фленсбург има годинава 6,5 милиони евра буџет тешко дека ќе се распаднат, малце се раздрмаа прошлата сеозна, ама еве ги сеа пак си се стабилизираа.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Од тимовиве од А и Б група РНЛ и Бешикташ ми се главни фаворити за распаѓање.Брест Мешков е фамилијарен тим ,а сопственикот им е директор во Гаспром.Дури и да има намалување на амибициите не мислам дека ќе се распадне.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Баја Маре,имаат и женска секција во ЛШ,сигурно засега имаат добар кеш,но традиција во Романија е дека ниеден проект не тера долго...
Овие се романска верзија на Вардар, баш коа се појавија хрвативе почнаа да споредуваат одма. :D

Од тимовиве од А и Б група РНЛ и Бешикташ ми се главни фаворити за распаѓање.Брест Мешков е фамилијарен тим ,а сопственикот им е директор во Гаспром.Дури и да има намалување на амибициите не мислам дека ќе се распадне.
Па РНЛ веќе две три години е ракометен пандан на Борусија Дортмунд. Го трпи тој притисок од Кил, еве Ландин им го грабнаа, за Уве даваат газ зебрите ама тој упорно вели дека го сака клубот и лани одби да стане најплатен играч во Бундес ако оди во Кил. Мал крах може да имаат, ама не верувам од рамките на Хамбург и ако го има ќе биде ради притисокот од Кил.

За Бешикташ и јас мислам дека е најголемиот кандидат за распад, не верувам дека Турците ќе загризат толку за ракомет а и фудбалската секција на клубот не им е нешто најсјајна задње време.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
@Ne_sum_ja Фленсбург има годинава 6,5 милиони евра буџет тешко дека ќе се распаднат, малце се раздрмаа прошлата сеозна, ама еве ги сеа пак си се стабилизираа.
И јас мислам дека шансите се минимални али кога мора да бирам би ги одбрал нив чисто поради економската слика и главните финансиери на клубот.

@Oleg Ribarcuk

Зошто РНЛ? Мене баш они ми делуваат на стабилен тим од финансиски аспект со јаки спонзори и инфраструктура. Не верувам дека би имало некој целосен крах на екипа како нив.
И Бешикташ исто. Турциве очекувам допрва да вложуваат.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Овие се романска верзија на Вардар, баш коа се појавија хрвативе почнаа да споредуваат одма. :D

Па РНЛ веќе две три години е ракометен пандан на Борусија Дортмунд. Го трпи тој притисок од Кил, еве Ландин им го грабнаа, за Уве даваат газ зебрите ама тој упорно вели дека го сака клубот и лани одби да стане најплатен играч во Бундес ако оди во Кил. Мал крах може да имаат, ама не верувам од рамките на Хамбург и ако го има ќе биде ради притисокот од Кил.

За Бешикташ и јас мислам дека е најголемиот кандидат за распад, не верувам дека Турците ќе загризат толку за ракомет а и фудбалската секција на клубот не им е нешто најсјајна задње време.
Од спортски аспект може се пандан на Борусија али од другите не се.Салата им е празна пола од времето ( зависи и во која сала играат ),оваа сезона само 2 натпревари ќе играле во својот град со Барселона и Киелце,останатите ќе ги играле во друг град ( во сосема друг регион ) во сала која ги исполнува минималните услови.Не верувам дека би можеле да издржат лоши резултати.[DOUBLEPOST=1439463562][/DOUBLEPOST]
И јас мислам дека шансите се минимални али кога мора да бирам би ги одбрал нив чисто поради економската слика и главните финансиери на клубот.

@Oleg Ribarcuk

Зошто РНЛ? Мене баш они ми делуваат на стабилен тим од финансиски аспект со јаки спонзори и инфраструктура. Не верувам дека би имало некој целосен крах на екипа како нив.
И Бешикташ исто. Турциве очекувам допрва да вложуваат.
Турците се пали гаси.Денес играат ЛШ и прават тим за F4 утре ќе решат да не го играат спортот веќе,видете ги само во кошарка (освен Фенербахче ) .Немаат традиција во спортот и не верувам дека ќе опстојат.Кога веќе ЕХФ буткаше тимови во А и Б груша требаше Порто наместо Бешикташ да го внесе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom