Градежно скеле

  • Креатор на темата Креатор на темата goran222
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 август 2014
Мислења
21
Поени од реакции
0
Возраст
54
Живеам во зграда на последен спрат 6-сти,сакам да ставам однадвор стиропор фасада па ме занима маисторите колку ке ми земат за поставување на скелето и дали има врска втори,трети шести спрат???? Се разбира скелето да е нивно и они да си ја прават фасадата..
 
За до 5ти спрат 30.000 ме фати
 
Живеам во зграда на последен спрат 6-сти,сакам да ставам однадвор стиропор фасада па ме занима маисторите колку ке ми земат за поставување на скелето и дали има врска втори,трети шести спрат???? Се разбира скелето да е нивно и они да си ја прават фасадата..
Зошто да си ја отежнуваш работата со мајстори за фасада, скелиња, надворешни стиропор фасади само во твој дел......., јас би ти препорачал од внатре да си поставиш 5цм тервол и гипс картон. Ем брзо ќе биде готово, ем сигурно е дека ќе имаш одлична изолација.
:)
 
Живеам во зграда на последен спрат 6-сти,сакам да ставам однадвор стиропор фасада па ме занима маисторите колку ке ми земат за поставување на скелето и дали има врска втори,трети шести спрат???? Се разбира скелето да е нивно и они да си ја прават фасадата..
Најубаво со куќниот совет на зградата кај што живееш и направи си петиција или со комшиите соберете си парите за цела зграда,а не само кај тебе тоа не личи.

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Не само што нема да личи, туку ѕидот кој е кон комшијата можеби нема никаква изолација, па што дека од надвор ќе изолира, кога од една страна ќе има губиток на топлина, а ако стави тервол и гипс картон ќе има целосна изолација:)
 
И јас мислам дефинитивно дека одвнатре е подобро да налупаш изолација во секоја смисла одколку од надвор во овие околности и според мој вкус.
 
Внатрешна изолација не е во секоја смисла најдобра. Пример внатрешна изолација со стиропор е нешто најлошо. Ем ќе го гуши просторот, ем ќе ги ,,препотува" ѕидовите.

Најдобра варијанта е 5цм тервол и гипс картон:)
 
Земи предложи да си ја реновирате самите цела зграда и барајте помош од општината (за возврат ќе остапите простор за реклама). Нема фајде ако само ти ставиш.
 
И јас мислам дефинитивно дека одвнатре е подобро да налупаш изолација во секоја смисла одколку од надвор во овие околности и според мој вкус.
Надворешната изолација во секој случај е далеку, далеку подобро решение од внатрешната. Покрај зафаќањето на просторот, влијае и ефективноста. Предност има само ако зградата, односно фасадата е заштитена законски односно е културно „богатство“.
 
Прифаќам... Не гарантирам дека од внатре е подобро да биде ама со повекето што сум разговарал викаат така... Гледам и во Англија и во Германија изолираат од внатре. Ајде германциве се врв за изолации и имаат стотици типови али англичаниве многу време уназад изолираат одвнатре. Можда и ради фасадната тула нивна појма неам.
 
Добро фала ви за советиве.Инаку со станарите е разговарано на таа тема ама како и во секоја зграда ке се најдат 30% да не сакаат.Па мене лично ме интересираше како одат цените околу скелето,некои викаат 12е со нивно скеле некои 14е, е сега дали ова важи само за приземје или куќа на 1 спрат????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom