Народот се обогатил , сосема погрешен впечаток ,се обогати врхушката , олигарсите во Грција. Вистината за упорната Германија со нејзините фамозни програми за штедење е следнава , објаснета од Питер Моричи.
------
Со отфрлањето на еврото, Грција барем ќе има шанса за напредок, но проблемот за Германија е во тоа што другите медитерански нации би можеле да го следат примерот на Грција, ако тој даде успешни резултати. Тогаш, намалената вредност на еврото, чија основна вредност беше контролирана од страна на германската конкурентност, значително би пораснала наспроти вредноста на доларот и другите клучни валути.
Германија ги користи својата големина и богатство за да ги принуди своите партнери од еврозоната да применат строга политика кон Грција, но на крајот Германија има многу што да изгуби со тоа што ја тера државата на Егејот да избира помеѓу строгите мерки на штедење и отфрлањето на еврото.
Владата на Меркел смета дека на чело на грчката влада стојат расипници што не сакаат да ги реформираат финансиите на Атина, дека строгите мерки за штедење се златниот пат што води до напредок и дека воведувањето нова грчка валута од една страна е невозможно да се изведе или ќе доведе до катастрофа.
Ништо од ова не е точно.
Од 2015 година Грција ги намали трошоците и ги крена даноците за да се постигне примарниот буџетски суфицит за еден отсто од БДП - приходите ги надминуваат нето-трошоците од каматата за долгот.
Строгите мерки за штедење, кои траеја пет години, ја намалија грчката економија до степен да не функционира правилно. БДП се намали за 25 отсто, а стапката на невработеност изнесува над 25 отсто. Платите во приватниот сектор се намалија за слична вредност, но Грција не успеа да привлече инвестиции што беа крајно неопходни за да се прошири извозот и постепено да се платат долговите.
Последново не е никакво изненадување, затоа што брзиот пад на цените, поради строгите мерки за штедење што беа наложени, беше причината поради која најмалку 35 отсто од заемите од приватните банки не можеа да се исплатат, а стечајните судови се преоптоварени. Дури пред неодамнешното затворање на банките и контролите на капиталот беше неверојатно тешко да се добие кредит, а малите бизниси згаснуваа низ целата држава со алармантна брзина.
Нови мерки на штедење, без отпишување на долгот, уште повеќе би ја дотепале грчката економија и долгот би достигнал апсурдна висина колку што е стапката на БДП, која сега изнесува неверојатни 177 отсто. А доколку Грција не си ги исполни обврските, германските загуби од уделот во грчкиот долг, како од државниот така и од приватниот сектор, ќе бидат многу поголеми ако Германија и другите кредитори сега не ѝ го намалат долгот на Грција.
Оценувањето на ситуацијата бара намалување на грчкиот суверен долг за половина и да ѝ се даде право на Европската централна банка (ЕЦБ) да им обезбеди на грчките банки огромен кредитор што во краен случај ќе ги финансира - како што постапија Министерството за финансии и Банката на федерални резерви на САД со банките за време на финансиската криза.
Ниедно од овие сценарија веројатно нема да се оствари, а грчкиот премиер Ципрас или ќе одлучи за ново крвопролевање и неизбежен пад на економијата или, пак, ќе ги убеди Грците да се откажат од еврото.
Другите влади успешно воведоа нови валути. На пример, кога државите, како што се Украина и Грузија, се отцепија од поранешниот Советски Сојуз, тие не ја задржаа рубљата.
Едноставно Атина мора да издаде банкноти со драхмата, да ги приспособи банкарски депозити и постојните кредити со новата валута.
Банкарските депоненти би претрпеле загуби, но преструктурирањето на банките во Кипар од страна на ЕУ им наметна намалувања и на депонентите. Какво било решение што ќе се подготви за грчките банки како дел од новиот план за штедење би го имало истиот резултат.
Приватните кредитори низ Европа исто така би претрпеле загуби, но со слободниот пад на грчката економија тие се неизбежни, иако приватните сметководители сѐ уште не го признаваат тој факт.
Чешка ја има круната, а Полска злотата, но двете држави ја пребродија финансиската криза и тешките времиња што следуваа многу полесно од Португалија, Ирска, Грција и од Шпанија, кои, пак, бараа нови пакети со финансиска помош или некаков друг вид помош, затоа што валутата што може да ги приспособи цените на извозот и увозот на основната конкурентност на економијата ќе овозможи поголема флексибилност од еврото.
Со отфрлањето на еврото, Грција барем ќе има шанса за напредок, но проблемот за Германија е во тоа што другите медитерански нации би можеле да го следат примерот на Грција ако тој даде успешни резултати. Тогаш, намалената вредност на еврото, чија основна вредност беше контролирана од страна на германската конкурентност, значително би пораснала наспроти вредноста на доларот и другите клучни валути.
Според сегашната ситуација, еврото има премногу ниска вредност за Германија, а превисока за јужноевропските економии, гарантирајќи успех за германскиот извоз, трговски суфицити и напредок. Без овие слаби сестри конкурентноста на Германија би била поизложена, а нејзината индустриска моќ со валута од помала вредност сепак можеби и не би била толку голема како што се чини.
Авторот е економист и професор по бизнис на универзитетот „Мериленд“,
како и колумнист во национален весник. Активен е и на Твитер како @pmorici1.