Не се занесвајте дека втора лига е лесно да се игра...
Со дечурланата шо ја имаме можи ќе земаме бодој во Битола ама на гости многу тешко...
Потребни се стари кучиња шо знат да покажат заби на гостински терен...
Освен Бацката неаме друг играч шо нема да ги турни гаќите на прв посериозен притисок...
А ко ќе чекаме од него да ни решава утакмици се знај колку е сатот...
А ќе имаме гостувања на терени на кои ќе биди тешко да се игра....
Таму со деца не се земат бодој,треба играчи да се донесат со искуство...Бабата е на тацна,не знам шо чекат,играч ши гинел за Пелистер,и на толку години за пола лига е Меси....
Гостивар,Влазрими,Победа,па и Тетекс и можи уште некоја екипа шо ќе се бори за врвот не се заебанција...
А прашање е колку можиме со ова екипа?Има квалитет екипата(барем за втора лига)ама се е под знак прашалник,како ќе се постават работите на терен,како ќе се снајди Зоче..
А многу ќе биди важно да се најдат напаѓачи,не само еден,туку барем двајца,оти ако чекаме од Главевски тешко нас...
Дечкото со една нога игра.како шо ќе се игра по нивите доволно ќе биди некое баце малце поостро да го поткачи и ојде цела сезона...
Не дека треба со стари играчи да се игра,ама треба да ги имаме барем неколку,да ја повлечат екипата,а младите да бидат костурот на тимот...
Ама да се прај со план..
А вака после искуството со Џокица во ништо не се за вервање..
И ај играчкиот кадар да го тргниме настрана(за момент)...
Друго ме загрижва мене...
Зоки брачедо,ќути,скриен во ров е...
Или уште не можи да се аклиматизира од долгиот пат до ЧАЈНА,па сега се трезни...
Никаква најава нема шо се планира,кој се следните чекори,шо ќе биди со клубот...
Освен срамежливо шо пушташе муви дека ако до 5ти Газето не ги префрла парите ќе бегал..
Ама после заедничкото селфи со докторо во ЧАЈНАТАУН и ова "алиби"падна во вода...
А како си тргнале со "работата"не се за вервање ич...ни 1% доверба немам,ама ко нема друг то е...
Единствена добра работа засега за мене е шо го кладоја Зоче за тренер,барем не е некој од надвор,да си прај експерименти.....
Плус и разбира фудбал,за разлика од онај јаболкарот шо бистреше политики овде...(се по список)