Јефто
@JeftoMKD | Јефто™
- Член од
- 30 октомври 2011
- Мислења
- 2.732
- Поени од реакции
- 1.308
- Возраст
- 29
- Локација
- Скопје, Македонија
- Веб-сајт
- www.twitter.com

Четвртиот мобилен оператор Албафон повеќе нема да постои. Вчера корисниците добиле пораки дека компанијата нема повеќе да функционира и дека треба да се префрлат на друга мобилна мрежа.
Албафон нудеше телекомуникациски услуги на околу 16.000 корисници и ги користеше услугите преку мрежата на ОНЕ, за што веќе имале големи долгови кои не ги подмириле кон компанијата. Од ОНЕ најавија коментар за подоцна во денот.
Албафон беше четвртиот мобилен оператор чија целна група беа првенствено граѓаните со албанско етничко потекло-како начин за остварување на подобри економски резултати што се покажа погубно за пазарната логика во која главна улога играат цените и технолошкиот напредок.
Пред две години кога беше пуштен во употреба префиксот 073 од компанијата кажаа дека една од главните цели на Албафоне е да им служи на корисниците. Албафоне ќе расте заедно со своите корисници, секогаш ќе ги следи и применува најновите технолошки иновации и за кратко време ќе понуди нови услуги на пазарот, соопштија од компанијата на стартот.
Извор: A1on.mk
ps: администраторите или модераторите да ја отворат постојната тема за овој оператор и оваа тема да ја спојат со неа. Темава ја отворив бидејќи постојната е заклучена.