Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
– изјавил Лавров.- Потполно се согласувам со вас. Нас тоа многу не загрижува. Македонските случувања прилично грубо се координираат однадвор.
Во тек се обиди владата на Никола Груевски да се обвини за некомпетентност како и за тоа дека не ги извршува своите обврски кон граѓаните, а му се препишува и многу повеќе. Но, позади сето тоа стои желбата на него да се влијае поради одбивањето да се приклучи кон сакнциите за Русија.
Ние од релевентни извори знаеме дека врз него е вршен притисок и во врска со тоа што тој своевремено го поддржа Јужен тек во интерес на македонските граѓани и државата.
Сега тој покажува спремност за соработка по повод реализацијата на други варијанти на испорака на енергенси од Русија на југот на Европа како што е Турски Тек.
Многу е жално и опасно што во постигнувањето на целта на подривање на Груевски се корсити и албанскиот фактор.
Пред повеќе години таму имаше конфликт меѓу Македонците и Албанците. Тогаш беше склучен Охридскиот рамковен договор кој го врати мирот и соживотот.
Кога ние потоа – во соработка со Европската Унија- го покренавме прашањето за Русите во Летонија и Естонија ги запрашавме “Зошто го поддржавте Охридскиот договор и на Албанците во Македонија им дадовте прилично сериозен обем на права, а не можете истото да го направите за Русите во Естонија и Летонија?” одговор не добивме. Сепак добро е што со тоа конфликтот во Македонија се заврши.
Сега се во тек разговори Македонија дополнително да се “федерализира” или да се направи “тивка федерација” или дури “конфедерација”. Дури се изнесуваат идеи таа да се раздели на делови и да се подели дел на Албанија дел на Бугарија.
Без спомнвање на Македонија, премиерот на Албанија одеднаш ја истури идејата за Голема Албанија. Во Тирана патуваат лидерите на албанските партии и таму добиваат инструкции.
Паралелно со тоа, американскиот амбасадор во Македонија ги повикува на разговори лидерите на македонските партии.
Кон крајот на април, било организирано патување (низ Македонија) на претставниците на ОБСЕ и низа западни земји и земји членки на ЕУ. Дошле во Скопје и се прогласиле себеси за “мисија на ОБСЕ” притоа испорачувајќи му на Груевски рецепти и поставувајќи барања.
За да не се случува такво самоволие, го замоливме седиштето на ОБСЕ, генералниот секретар и претседателот на ОБСЕ Ивица Дачиќ актуелен министер за надворешни работи на Србија, да ја истражат работата и да не известат што всушност се случувало.
Имајќи ја на ум информацијата за бројот на тие самопрогласени мисионери, вчера во Советот на Европа го повикав генералниот секретар на СЕ заедно со генералниот секретар на ОБСЕ да го посетат Скопје и да утврдат што таму се случува, да поразговараат со актерите на тамошните процеси и да ги изнесе своите заклучоци со кои би се разјаснила меѓународните структури.
Се што се случува ние го сваќаме исклучително сериозно. Сметам дека се што кажавте треба да продолжите да го работите, дури сметам дека треба и по-оперативно, да ги пресретнувате случувањата и активно да барате меѓународните организации да упатуваат (во Македонија) независни експерти, претставници на секретаријати кои потоа би реферирале за состојбата. Со цел одлуките да се донесуваат колегијално и во легитимни структури, а не под тепих.
... ама се спаси, и уште еднаш им зададе силен и одлучен удар на злите сили што сакаат да ни напакостат.
Шо малер народ ќе бевме...
Лавров, i feel u bro. Cool све тоа. И ја неќу САД да ми команда, пошто глеаме како е.Лавров: Случувањата во Македонија се координираат од надвор - Русија активно против нова обоена револуција
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој вчера настапи пред Советот на Федерацијата (Горен дом на националниот парламент) доби две прашања од еден од сенаторите. Првото гласело “Во Македонија практично започна Обоена Револуција по сценарио на украинското. Не е ли време активно да се вклучиме во спречувањето на обоени револуции во Европа?” додека второт гласело “Зарем не би требало во почетните фази на овие сценарија за рушење на легалните власти да се приклулчат и сите меѓународни институции како ОБСЕ и Советот за безбедност на ОН со цел обоените револуции да не станат пракса за смена на властите во светот?”
Лавров одговорил подробно и во детали. Неговиот одговор ви го пренесуваме во детали:
– изјавил Лавров.
Братучедот бил со него гарант за другите не знам ама ќе кажат кој се бил во авионот"премиерот Груевски со своите соработници" - под ова се подразбира целата тринаесторка што беше таму?
![]()
Ако нема, па шо знам, да го остаиме Грујо и покрај све што ни склепа....Ок, го мрзиме Груевски, ја мрзиме Владата.
Дајте алтернатива, кажете кој е чесен и добар политичар, и да гласаме.
Еве јас ќе бидам првиот што ќе заокружи.
И уште цела опозиција да била во истиот авион,милина.Штета што слетал. Замислете цел државен врв со еден удар. Толку среќа сме немале од времето кога ја победивме Литванија за полуфинале.