Авионот со Груевски и делегацијата принудно слетал во Цирих

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
Владината делегација предводена од Премиерот Никола Груевски која се враќала од Стразбур принудно слетала во Цирих - дознава Телма.

„Според првичните информации можам да потврдам дека при враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих“, изјави за Телма портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

,,Според информациите кои ги имам присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и според протоколот за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром“, изјави Ѓорѓиев.

Тој додаде дека сите патници се добри и дека надлежните служби треба да ги преземат сите процесни дејства за утврдување на фактите.

Премиерот Груевски и сите патници во авионот се чуствуваат добро - изјави за Телма портпаролот на Владата а авионот е на поправка во Нирнберг.
http://telma.mk/vesti/avinot-so-gruevski-i-delegacijata-prinudno-sletal-vo-cirih

Eдно размислување во врска со темава што ја отворам кое може да звучи од типот на "светски заговори" и мистерии.
Колку овој дефект е случаен според вас или пак не е случаен, земајќи ја целокупната ситуација во земјата, како и мешањето на големите држави (Русија и Америка), во случувањата во земјава?
Сите ги знаеме претходните случаи со високи државни функционери, почнувајќи од атентатот над Мијалков, Глигоров, Борис Трајковски.
Дали во македонија се играат преголеми игри за нас и нашите политичари?
 
можел со мерџото да иде, гарант посигурно ќе му било

Вака, после Duskendale, полуде и така лудиот Mad King Aerys.
Поскапо е горивото за Мерџото. :D

Според мене глупости ама според протокол боље да слетаат него да се деси нешто (ова од култура го кажувам иначе)
 
Пред месец дена српскиот прв авион принудно слета, сега македонскиов... го гледам ова како воспитна од виша сила, дал земна или вонземна не би да нагаѓам, јас верувам до писание дека секој си има судбина пишана многу одамна може и пред да се роди, ако е нешто пишано да се случи ќе биде па ако сакаш од дома не излегувај за да не ти се деси нешто надвор...
 
Сигурно е некој од масоните, рептилите, сорос, лажните евреи, или некое од заборавените племиња на маите што се крие под вулкан во чиле и праќа црна магија.
 
Сигурно е некој од масоните, рептилите, сорос, лажните евреи, или некое од заборавените племиња на маите што се крие под вулкан во чиле и праќа црна магија.
Или можда едноставно сјебан е авионот како и све друго у државава.
 
Па нормално кога глуми братство со Русија. Среќа што навреме слетал. Сепак на крај кривицата ќе биде префрлена на опозицијата бидејќи во нивно време бил произведен авионот.
 
авионот е на поправка во Нирнберг.
Епа колку се инвестира во болници, училишта, репарирање на автопати, толку се инвестира и во ваква опрема.
Сега треба интервју со тимот од аеродром што е одговорен за одржување на вакви работи и да си објасни се по список
Колку години е стар авионот, кога последен пат би на поправање, колку пати се поправо во годината, дали е одржлив авионот т.е да не треба нов да се купи и слични прашања.
Едно ќе кажам, karma is a bitch, реформи, реклами за реформите и на крајот ќе загине реформаторот поради вакви ситници бидејќи навреме не снимил реклама за оправање на авионскиот сообраќај во македонијава
 
Па не е ова прв пат, имаше и на форум како се прави тоа.
Што мајка бара у Брисел или Стразбур?
Преговара за решавање на „политичка криза„?
Која е таа политичка криза? Банда сака да дојде на власт по секоја цена, банда е за у затвор а не за преговарање........
Па сите се стегнале у ист авион, ццц......
 
Сега следува делот кај што после Duskendale, Mad King Aerys тотално полудуе (мада лудаци се они сите, според нивно лично признание) и ги праи најголемите пиздарии, па дури после доаѓа Robert's Rebellion.
 
"премиерот Груевски со своите соработници" - под ова се подразбира целата тринаесторка што беше таму?

:(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom