Нојер ми е еден од омилените голмани денеска,ама муабетот дека редефинирал голманска позиција со неговите искачања (да,како што кажа некој погоре,за тие истрчувања напред треба муда и тоа огромни),се глупости,поготово тоа дека го разликува и за тоа е подобар од останатите колеги.Исто како да кажеш дека тој на лудогорец дефанзивецот што одбрани пенал кога голманот доби црвен и дека поминаа понатаму,е подобар дефанзивец и се разликува од Видич и Тери на пример.И Рожерио Сени има 127 гола во кариера,повеќе дури и од некои напаѓачи,па тоа не значи дека редефинирал позиција.
Нојер има одличен рефлекс и добро покрива 1 на 1 ,тоа што пред него има екипа како Баерн,тоа е друг муабет.Уште е млад да се споредува со некој како Буфон,Касиљас (иако овој последниве сезони има мизерни утакмици и под неговото ниво) .Па еден Чех што гледам никој не го спомнува,да не беше повредата можеби ќе беше уште подобар,ама биднало.И Чех е голманчиште и има голем број индивидуални и тимски признанија ,е тоа што нема СП е ради земјата за која настапува и тука ништо не може да смени.
Ќе видиме Нојер во каква форма ќе биде понатаму,има уште добри 7-8 години пред него,ако брани на високо ниво како и до сега.Очигледно е дека за да си голман треба да ти фали нешто ,па тука горе-доле на сите им фали
Буфон за мене е најдобар до сега што сум го гледал ,зборувајќи во цела кариера,не одредени сезони. (и Кан е тука некаде ).
Има многу фактори што влијаат за тоа кој голман е најдобар,но дефинитивно Нојер ако продолжи со добрите партии дефинитивно ќе биде број еден до сега.
Епа Ноер се случи да игра у Шалке исто со тапа одбрана па го привлече внимането на цел свет,стана ѕвезда на екипата...
Според мене ,ако екипата ти е каша поготово одбраната,многу е веројатно голманот да биде херој на сезоната и со тоа да се истакне.Како Де Геа сезонава,со такви идиоти пред него,имаше одлични интервенции и е најдобар голман сезонава (воедно и херој на екипата,пошо ако не беше он ќе беа сеа на средина на табела).
Ист пример можам да ти кажам со Ворм од Свонси.Периодите коа тимот беше катастрофален,типот играше како на дроги,бранеше све што стигне и неколку одбранети пенали имаше,па со тек на време никој (па ни јас) не го забележував како главен фактор во играта,па сега грее клупа во Тотенхем
Ова погоре е мое лично размислување од тоа што сум гледал и читал,така да без непотребни сеирџиски одговори