Книги vs Интернет книги (e-books)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Какви книги читате ?

  • Обични книги

    Гласови: 98 82,4%
  • Интернет книги (e-books)

    Гласови: 21 17,6%

  • Вкупно гласачи
    119
Каде се мода? Кај нас во Македонија? Пошто во светот многу одамна се мода, може им помина веќе...

Па брат така одат работите иначе, кога во светот не нешто во мода ние читаме за тоа. Кога таа мода таму ќе помине после 5 години ние ќе ја осетиме.
 
треба да има и опција за двете. читам и така и така
ама штом нема ај книги
 
Ne bi mozela da se zamislam so casovi da sedam pred pc i da citam kniga. Vistina e deka taka bar ke pravam nesto popametno od fb ili msn ama sepak kniga si e kniga. Poprakticno pomalku stetno i poprijatno mi e koga sum so knigata vo raka :pipi:
 
А дали знаете некој лин од каде може да се симне е-книга?
 
Боље е интернет книга, малку има а се.:smir:
 
лол.... старите добри книгички се секогаш подобри :) :)
 
Јас по цел ден сум заглавен на компјутер тоа ми е професија.
Смачено ми е од е-книги и затоа уживам во секоја печатена книга.
 
Книгите како книги ја изгубија својата вредност, односно би рекол почнаа да ја губат се помасовно.
Младата популација е ретко заинтересирана за нормална книга пред се поради интернет глобалната мрежа која нуди се и сешто бесплатно не треба многу да се мачите да трчате по библиотеки или продавници и да плаќате за книги што зафаќаат место и прашина.
Е сега прашањето е колку е-книгите можат да ги заменат вистинските книги.
 
Секако дека ми е попривлечна обичната книга. Не ми е убаво да се мрцварам пред компјутер и да се унесувам во содржината. Обично кога читам, сакам да сум опуштена и да сум во удобна позиција. Има улога и тоа што не можам да најдам е-бук на македонски јазик, па ќе ми треба повеќе време за да ја прочитам.
 
А тие во читачите не се книги?
Или медиумот мора да биде од мртви дрва?

Знам луѓе што истата логика одбиваат да користат биде. Нема врска, имаме доволно шуми на планетава - и следните генерации ќе ни заблагодаруваат за нашите навики. ;)
 
Од еколошки причини, одбивам да трошам електрична енергија за да можам да читам. Таа енергија, се добива од термоцентрали, кои несомнено многу загадуваат. Исто така, тие електронски уреди, кога ќе им дојде крајот на животот, многу подолго ќе се распаѓаат во природата, со сета пластика и чипови, одколку хартијата, која патем, полесно и поефективно може да се рециклира.
 
Од еколошки причини, одбивам да трошам електрична енергија за да можам да читам. Таа енергија, се добива од термоцентрали, кои несомнено многу загадуваат. Исто така, тие електронски уреди, кога ќе им дојде крајот на животот, многу подолго ќе се распаѓаат во природата, со сета пластика и чипови, одколку хартијата, која патем, полесно и поефективно може да се рециклира.
Но Beric, дали кога човештвото ќе дојде до степен да ги користи само алтернативните извори на енергија како геотермалната и сончевата, а и поефективно да ја користи таа од ветерот (брановите) и плимата и осеката, ќе читаш електронски книги?
Ако уредите почнат да се прават од биоразградлив материјал, што тогаш?
Ти не размислуваш рационално, ти Берик во моментов користиш еден таков уред за да пишуваш на кајгана што укажува на фактот дека твоето резонирање не е длабоко, ти си хипокрит!!!
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom