Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.375

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Знак стрелец, подзнак близнаци?
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Знак Вага, подзнак Близнаци? позз
 
С

Сатори

Гостин
Знак стрелец, подзнак близнаци?
Апсолутно прекрасна комбинација.
Воздух со оган.
Зависник од патување, желба за доживување и блага доза на егоцентризам и екцентризам.Стрелецот е страствен, предаден и вистински борец, стрплив за работите кои што ги сака, Близнаците дополнуваат со немирност и фокус разгранет кон многу различни страни.
Кога некој би успеал да го скроти овој карактер, ќе види дека во него има толку многу бои, идеи, нешто слично како на бунар без дно.
Совршените авантуристи.
Знак Вага, подзнак Близнаци? позз
Оххх ... воздух, воздух ...
Вагата како што имам предходно потенцирано тежи кон совршенство, организираност, практичност, рамнотежа, додека Близнакот сето тоа сака да го постигне преку живеењето само по себе.Сепак, кога Близнакот би успеал да ја скроти малку повеќе Вагата навистина ќе успее да ужива во животот, затоа што лесно ги прима работите, не е толку емоционален и најбитно му е да биде задоволен.
Сепак, останува една од најдобрите комбинации во зодијакот.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
А знам дека мн важна улога има и подзнакот.. Но сепак ја молам Лејди Сатори да ми каже нешто повеќе за тоа каква компатибилност се риба и скорпија во љубовен план ??? јас во подзнак сум скорпија но за него незнам :Ѕ
однапред фала :):smir:
 
Сонце, ако можеш да дознаеш или ако веќе знаеш на кој ден и во колку часот е роден, ќе ти средиме цел чарт за компатибилност.
Зошто вака, само во некои крути црти.:smir:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Сонце, ако можеш да дознаеш или ако веќе знаеш на кој ден и во колку часот е роден, ќе ти средиме цел чарт за компатибилност.
Зошто вака, само во некои крути црти.:smir:
Ааааа :) епа ке дознаам за тоа и пишам па тогаш :)
Иначе на 22 ноември е роден.. али саат офф .. милслам дека знаев али не ми текнува у моментов.. Ај ке прашам па ке пишам пак :)
Во секој случај фала мнооооогу :helou:
 
Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Јас сум Рак(подзнак Водолија) а он Девица..дали може да ми кажете дали си одговараме и едно кратко текстче за мене! ФАЛААА однапред..Срцки сте:pipi:
 
_iva*

Шмизла у хороскоп
Член од
6 декември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
8
Знак: Риба
Подзнак: Овен
Нешто повеќе? :wink:
 
С

Сатори

Гостин
Нешо за знак Девица со подзнак Стрелец и Шкорпија?:toe:
Ќе мораш точно да ми специфицираш кој ти е подзнакот, зошто Стрелецот и Скорпијата меѓусебно премногу се разликуваат.
Ако имаш проблем со определување на подзнакот, слободно побарај ме кај мене на профил, ќе го одредиме, па ќе видиме што и како.:smir:
Јас сум Рак(подзнак Водолија) а он Девица..дали може да ми кажете дали си одговараме и едно кратко текстче за мене! ФАЛААА однапред..Срцки сте:pipi:
Рак и Девица можат да бидат една од најдобрите комбинации во зодијакот ако успеат добро да ги усогласат негативните последици од емоционалноста на Ракот и посесивноста на Девицата.
Сепак, бидејќи и двата знака многу силно се поврзуваат, ќе можат меѓу себно да си веруваат и да имаат една добра база за градење на неа.Се на се, прогнозата може да биде добра.

Додека Рак, Водолија.
Водолиите се чудни по природа и полни со желба за истражување на светот и творење, додека жените Ракови иако емоционални и страшно приврзани за семејството, малку тешки со расположението, кога ќе им се додадат чудните карактеристики на Водолијата, тешкиот карактер го прават симпатичен и допадлив.
Воздухот ќе се погрижи за наоѓање и задржување на луѓето во твојот живот, а Ракот за вистинска емоционална поврзаност со нив.:pipi:
Знак: Риба
Подзнак: Овен
Нешто повеќе? :wink:
Риба, Овен во едно?
Смртоносна комбинација, рачунај дека многу повеќе си Овен него Риба кога имаш толку силен подзнак, а толку флексибилен сончев знак.Упорноста, силата и желбата за достигнување и амбициозност на Овенот ќе те носат низ животот, од Рибата, гледај само да ја искористиш интуитивноста, се друго што ти наметнува ... игнорирај.:smir:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Сонце, ако можеш да дознаеш или ако веќе знаеш на кој ден и во колку часот е роден, ќе ти средиме цел чарт за компатибилност.
Зошто вака, само во некои крути црти.:smir:
Ej :) еве јас пак :) дознав.. Риби-скорпија и Скорпија-Бик
Фала однапред
 
Член од
26 јули 2008
Мислења
214
Поени од реакции
19
Лејди Сатори :) Прашањето ми беше Девица со подзнак Стрелец , како си одговара со Шкорпија
:smir: Фала ти.
 
С

Сатори

Гостин
Ej :) еве јас пак :) дознав.. Риби-скорпија и Скорпија-Бик
Фала однапред
Ммм ... ова може да биде фантастична комбинација која што меѓусебно ќе се надополнува совршено.Рибите и Скорпијата како сончеви и главни знаци ќе имаат неверојатен секс и ќе успеат меѓусебно да се склопат затоа што и двајцата се премногу интуитивни и посесивни, што нормално не е лошо кога тоа е двострано.
Потоа, Скорпијата и Бикот можат малку да ја расипат сметката, но секако, не е неминовно затоа што Бикот ја дава стабилноста и упорноста.
 
M

marsovka

Гостин
ako може нешто повеќе за девица со подзнак близнаци и родена во часот на марс?
 
Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Рак и Девица можат да бидат една од најдобрите комбинации во зодијакот ако успеат добро да ги усогласат негативните последици од емоционалноста на Ракот и посесивноста на Девицата.
Сепак, бидејќи и двата знака многу силно се поврзуваат, ќе можат меѓу себно да си веруваат и да имаат една добра база за градење на неа.Се на се, прогнозата може да биде добра.

Додека Рак, Водолија.
Водолиите се чудни по природа и полни со желба за истражување на светот и творење, додека жените Ракови иако емоционални и страшно приврзани за семејството, малку тешки со расположението, кога ќе им се додадат чудните карактеристики на Водолијата, тешкиот карактер го прават симпатичен и допадлив.
Воздухот ќе се погрижи за наоѓање и задржување на луѓето во твојот живот, а Ракот за вистинска емоционална поврзаност со нив.:pipi:
Fala mn sonce!:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom