Anco За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од:
1 ноември 2011
Мислења:
5.334
Допаѓања:
8.499
Од моите сеќавања од младоста за првиот мирис на љубовта.Кога прв пат искочив на корзо,беше некаде крајот на шеесетите или во почеток на седумтесетите години.пред тоа детски живот во градот. Маалски живот.Во моето Еврејско маало.Под него веднаш Вардар,над него Калето,на два чекори чаршијата,преку мостот плоштадот каде навечер беше скопското корзо.Овај пат ќе пишувам за тоа скопското корзо,но повеќе за мириста на љубовта а за детскиот живот имам многу пишувано во разни теми. Но времето си врви ние деца полека ги остававме дрвените пиштоли од багремови гранки со кои игравме везден „Камај“, ги оставивме и колцата од стари точаци кои ги тркалавме пак со некое суво багремово гранче по цело маало,ги оставивме и другите игри и летањето „цуцулиги“ и
„криенката“ и „фотката“ кои ги игравме заедно со девојчињата.
Почнаа срамежливо да ни се појавуваат и темни влакненца под носот,а и нешто да ни мрда во гаќите а веќе и го завршивме основното образование,па полека почнавме да искачаме и на скопското корзо.
Прво тоа беше онака само прошетка,повеќе дневна да не речем приквечерна и тоа најчесто ние двајца најверни другари ќе излеземе накај плоштадот.Отпрвин ништо не се случуваше,до овде до онде ќе свртиме, по еден сладолед може ќе земеме ако имаме пари и пак назад во маало пред куќите. Друг пат кога ќе излеземе,посматраме како повозрасните веќе младинци се во друштва а има и девојки со нив.Нас лиги ни течат. Ние шетајќи така ќе се видиш со уште некој другар или роднина и почнува да се формира друштвото.Се договараш утре кај да се најдеме и во колку саат.
Сега треба да се најде тоа место за средби,за стоење и забава на корзото,веќе сме десетина и одлучни тоа кај да биде.Прво тоа не треба да е заватено од друго друштво,оти ќе има караници.
Затоа што подоцна кога е веќе зајдисонце,нема шанси да најдеш место за стоење на корзото,било да е тоа покрај излозите на продавниците,било на тротоарот или пак на плоштадот.
Ние такво место најдовме,мислам на старото корзо пред продавницата „Громби“, од влезот на десната страна,од левата страна беше некое друго друштво.До „Громби“ беше продавницата за украсен порцелан,кристал и подароци „Фонтана“,таму имаше други две друштва.А од лева страна беше книжарницата на „Култира“.Ние со тиа околни друштва не се познававме и не контактиравме,
секој си ја гледаше својата работа.И онака бевме токму,да не речам премногу.На ова место бевме секојдневно,поготово јас и брат ми бидеиќи живеевме во близина,но и сите останати другари. Ова
корзо тука го викавме „Шизик“ корзо.Тоа беше околу тој триаголник: од Лотарија,па Култура,Громби
Фонтана,Ефропа,Герас Цунев,Краш,Рубин Кармин,Музички Магазин,Бурекот па околу се врти преку
Самоисхрана,Малата книжара,Хронометар,Хигиена (машка-женска)и пак доаѓаме кај сме почнале.
Тука ако влезеш во редот за кружење нема искачање,а и не можеше тоа беше кордон-шпалир од посматрачи наредени на ивица од тротоарот и најповеќе се разбира машки,кој и ги закачаа женските кој шетаа-кружеа тука а не беа во друштво.Но често и тие што стоева или беа во друштво ќе свртеа по еден круг колку да се размрдаат.
Карши „Громби“ т.с. од „Пелистер“ до „Југопластика“ беше т.н. позбилното корзо,се одеше таму напред-назад во два реда со посматрачи од двете страни,од кај излозите и од кај тротоарот.
Тука беа и малку повозрасните, на прагот за брак а имаше и постари моми.Често знаевме да поминеме од таа страна и да ги задеваме постарите моми,па така и две привлековме во нашето друштво.(живеева веднаш позади Феријален дом)
Пред стариот хотел Македонија,кој се урна за земјотресот,беше направен ресторан и тука на тоа место имаше многу заватени места со друштва.Од таму кон телефонските говорници па се до поранешниот Офицерски дом и половина плоштад, немаше игла кај да фрлиш додека траеше корзото.Ова место го избегавав,ако навлезеш повнатре не можеше да излезеш,таква беше гужвата.(а и поради телефоните беше)
Друг пат ќе напишам за околните ресторани и забави,како и за корзото на новиот кеј на Вардар,и за корзото во новоотворениот ГТЦ,кое функционираше повеќе години и беше „добро“.
Овде сакам повеќе да се зарджам на случајот од насловот на текстот.
....
МИРИСОТ НА ЉУБОВТА
Поминавме така на ова место можеби година и две без некое позначајно женско друштво,поточно
без свој „фатени“ девојки.Но не ни фалеше ништо,забавата беше одлична,девојки кружеа како на рингишпил а тие беа ничиви па можеа да се задеваат а и да се штипнат.Ако ти се допаѓа некоја ја чекаш пак да помине во наредниот круг,ако не искочила во меѓувреме.Но ако помине пак покрај ова место значи и она си бара забава,а ти пак ја штипкаш по образите а наредниот пат,ја ваќаш за рака и почнуваш да кружиш со неа едно крукче и рибата е ватена на јамката и на потег си.Сега се зависи од тебе дали од утре имаш девојка.А едно такво визуелно љубовно кружење беше не помалку од 30 минути. Така еден другар од Маџари прв фати девојка-женска.Јасно дека од утре одма почна да се чатали,а ние уште повеќе го задевавме и му досаѓавме.Девојката имаше уште две сестри и наскоро и нив ги донесе на корзо.Отпрвин да се правда дома каде е,значи не е сама
и додека тие шетаа овие беа во нашето друштво.Беа малку помали од нас и не ги закачавме,бар не во почетокот. Така стоиме една вечер пред „Громби“кога еве ти ги нив со уште една другарка.
Ваква пролика не се испушта и јас веднаш во акција да свртиме едно крукче со неа,инаку друг ќе ја земе а не има десетина.Ја земам за рака и почнува веднаш да ни се топат рацете еда во друга.
Веќе се знае никој не смее да ја „дира“кога ќе дојде наредниот пат.Јас ја фатив.
Веројатно по некој месец така вртејки крукче,ја повлекувам од гужвата и одиме ја носам накај кејот
на Вардар кои беше тогаш празен и во темница.Бакнеж веќе имавме севтосано еднаш или двапати
на испраќање,но овде се пружа шанса за вистински „Филмски“ па и за пипкање,јасно преку блуза или кошула.Но јас не сум со тоа задоволен па истражувам повеќе.Тогаш немаше девојка во панталони.Полека ја пикам раката под карираната широка сукња-сукњиче.Тоа девојчето ја пикнало главата накај мене и се тресе како дете кога ќе извадиш од студена вода.Јас покрај гаќичките пробувам со прсте две да допрам прв пат до п....то.А тоа веќе се навлажнило и успевам малку и да ги протнам прстите како во симитка.Ова е веќе нешто,а повеќе и знам не може да се успее, станавме и се враќаме накај друштвото но ги сретнавме сестрите,тргнале да ја бараат или да шетаат но кога се ставија и веднаш заминаа што и мене ми одговараше.
Одам кај друштвото на нашето место и им викам одма: Фатив п..ка.
-одма коментари: е како да не! од сите ќе чујам исто?
Мене ми текнува за прстите,ги приближувам до носот и го осетив прв пат МИРИСОТ НА ЉУБОВТА
Тоа беше чуден мирис,тоа не беше мирис што сум го осетол до сега на друго место,
не беше мирис на скапан компир и не беше мирис на конзервата со црви за на риба,заборавена на сонце од вчерашноит ден,ова беше друг мирис,нов непознат тоа бешеМИРИСОТ НА ЉУБОВТА
Ги подавам сега прстите кон најгласниот другар во навредите,му ги ставам под носот овој зема здив и влече од миризот на љубовта,се приближуват и другите другари и тие сакат да окусат од тој чуден непознат мирис,им ги подавам прстите ѓоа е ова шише со коњак па ќе нема за втор круг, но секој сака уште еднаш да повлече од тој божествен пријатен нов непознат мирис,мирис кои сите го посакуваат од нив.Ги осеќам,ги разоткривам нивните мисли во очите, како да сакат да кажат: Анчо не ги ми рацете до утре, да подишиме и утре од овој МИРИС НА ЉУБОВТА дури ги осеќам како да сакат тој мирис да остане вечно на моите прсти.
Некои ги повикал и другите другари кои шетаа-кружеа и веднаш и тие побараа да вкусат од новиот
мирис, им ги подавам и ним прстите кои го носат и држат тој мирис како да си стварно со носот меѓу женските нозе.И тие повлекуват од миросот и испуштат звуци на задоволство и среќа што го осетиле МИРИСОТ НА ЉУБОВТА, како Оивер Млакар кога ќе го дигнеше капакот од тенџерето во кое Карапанџа зготвил прекрасно јадење ( обавезно са жлисом вегете )
Наскоро и другарите си фатија девојки,не сите но некои сигурно и пробале дали и кај нивните е оној ист мирис на п..ето, како оној мој прв МИРИС НА ЉУБОВТА.
Со девојчево не одевме многу долго,наскоро со татко (кој беше свештеник)и цела фамилија отидоа за Америка, каде останаа подолго време. Но ја продолживме љубовта со допишување преку писма.Јас отодов потоа во ЈНА. Потоа неколку години работа и шетање.
Писмата проретчија,не мислевме веќе еден на друг. А веќе и ги немаше. Дојде време за женење бидеиќи веќе сите другари се оженија. И јас се Регистрирав и како што е обичај девојка ми,идната
и сегашна моја сопруга остана кај нас во станот ден-два.Во тоа време ,т.с.наредниот ден дошла таа девојката која ми го подари првиот МИРИС НА ЉУБОВТА кај нас дома.Зазвонила на врата и да и отвори мојата свршеничка.Се запознале ја примила внатре,прашала за мене поразговарале и потоа си заминала. Јас не бев дома и не ја видов.Воопшто потоа не сум ја видел,ниту знам дали е во Скопје или каде е девојчето што ми дозволи да вкусам од МИРИСОТ НА ЉУБОВТА.