Каков бил/беше ноќниот живот во девеесетите?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.926
Какви беа или биле за кого како... Испаѓањата во девеесетите ? Значи општа дискусија што го опфаќа целото тоа десетлетие не е проблем и за уште порано да се пишува... Коментирајте се и сешто во кои клубови, кафичи седевте, дали се играше по дискотеките, што се пушеше и пиеше, што беше на мода за носење, случки од тие времиња итн. Отварајте душа оти дух од тоа време фали.
 
И сега можеш да излегуваш и да имаш ноќен живот,никој тоа не го забранил,па да жалиш за деведесетите.
 
Сто пати подобар од сегашниот. Можеш да излезеш и да почувствуваш дека го живееш ноќниот живот. Сега ноќниот живот е сведен на тоа да излезеш за да бидеш виден и тоа во една напумпана вештачка атмосфера.
 
Ти си 23 години и знаеш каков бил ноќниот живот во 90-тите. Воа од искуство го кажуваш или ти кажувале :confused:
 
Во Штип беше 1000 пати подобро од сега. Имаше кафичи за секој, имаше за трансери, за рок и метал, имаше за рап, имаше барем едно 10 кафичи и скоро секаде беше полно. Имаше и дискотеки, и во Дом на Млади се организираа многу повеќе журки, сакаш рап, рок, транс, секој викенд имаше и што да се прави и кај да се оди и со многу помалку пари отколку сега. Сега во Штип има само едно диско кое не ни заслужува да се нарече тоа, тешка мизерија. Има и еден кафич Angels Cafe, кој ќе ти скисне после 3 4 излегувања, и нема каде да одиш освен можеби во кафана.
Не може да се опише со зборови катастрофата во ноќниот живот во Штип споредено со 80-90, и почетокот на 2000, некаде до кај 2004, 2005. Од тогаш тргна колата низ брдо.
 
Очекуваш одговор, а деведесет проценти од членовите на форумов се родени крајот на деведесетите или после тоа.
Е исклучок се некои како Анчо, ама ним па ноќен живот им беше февруарскиот поход.
 
saka da kaze razlikata od denesniot noken zivot i togasniot
ama tuka tesko deka ima takov covek da kaze :D

Има има кој да кажи,ама било што да се кажи неможи да се опиши со зборови.Тоа треба да се доживи.По кафиќи не се излегуваше како денес заради имиџ или тренд,туку вистински да се ужива во друштво.Во еден кафиќ секој со секого разговараше со луѓето од другите маси.Цел кафиќ како едно друштво.И што е најважно,сите беа расположени и насмеани.

Денес...се излегува да се покажи новиот ајфон,да се пофали некој за нешто што купил/прошетал.Тогаш се одеше на одмор со шатори во Градиште.Е тоа беше одмор.Дење лудување по плажите,навечер скитање по кампот за кафе муабет и после полноќ-правец во диското или во десарет,нормално пешки.Плус ако имаше женски во друштвото,тогаш глупостите беа на квадрат
 
Jazz Art Club...колку толку ја доловува таа атмосфера. Порано и Форум постоеше и еден куп, ама сега...тапа богами. Малку затекнав од 90тите, повеќе 2000-2004/5...После нагло падна и дружење и излегувања...Се почна да се гледа низ призма на пари, телефони, коли. Се расипавме како генерација, или само пораснавме?
 
Во Штип беше 1000 пати подобро од сега. Имаше кафичи за секој, имаше за трансери, за рок и метал, имаше за рап, имаше барем едно 10 кафичи и скоро секаде беше полно. Имаше и дискотеки, и во Дом на Млади се организираа многу повеќе журки, сакаш рап, рок, транс, секој викенд имаше и што да се прави и кај да се оди и со многу помалку пари отколку сега. Сега во Штип има само едно диско кое не ни заслужува да се нарече тоа, тешка мизерија. Има и еден кафич Angels Cafe, кој ќе ти скисне после 3 4 излегувања, и нема каде да одиш освен можеби во кафана.
Не може да се опише со зборови катастрофата во ноќниот живот во Штип споредено со 80-90, и почетокот на 2000, некаде до кај 2004, 2005. Од тогаш тргна колата низ брдо.

Во Џезот и дом на млади какви забави имаше......
Па и до кај 2008/9 не беше лошо, после тоа и му кажав збогум на штипскиот ноќен живот.
 
ако сакате да го повторите прашањето!
каков бил?
или
каков беше?
:cool:
 
Тогаш беше 100% поубаво од сега.
Се излегуваше по 20:30 во Тропикана,Коко,Чивас,локацијата им беше покрај булеварот Климент Охридски.
Оние пиштолџии кои немаше да успеат да влезат ако не најдеа партнерка седеа во паркчето на клупите помеѓу булеварот и грицкаа семки,сончоглед,ф'стаци,кикирики,лешници бадеми или среќата ја пробуваа во Тунел,првата улица десно после католичка,односно одеа во Копакабаана влезот за паркингот МНТ од лева страна па одеа на јуниор парти во Огниште,Метропол,МНТ,Хард Рок до 23 часот а по 24 часот почнуваше сениор парти до раните утрински часови кога најпосетени беа сендвичарите и пекарите а пијаниците одеа во Феријален на трезнење со прекиселена и зачинета чорба.
На оние накои им беше рано за дома одеа во шутка на трбушни плес и остануваа до 6-7 часот рано наутро а пијаниците покасно да го фатат доручекот повторно во Феријален па ако е работен ден директно на работа а ако беше викенд дома на спиење до 14 или 15 часот попладне
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom