Дали секогаш ги читате книгите до крај?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали секогаш ги читате книгите до крај?


  • Вкупно гласачи
    57

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Пред некое време баш во подфорумов со некого се цитирав на оваа тематика, па еве решив малку да го освежам подфорумот и да продискутираме на оваа тема.

Некогаш се случува книга толку добро да ни легне, па ја читаме за еден миг, но некогаш едноставно се погодува книга која не ни е по мерак. Некои луѓе баталуваат кога ќе видат дека не им е по вкус, но некои пак сепак се решаваат да ја дочитаат книгата, можеби од надеж дека ќе тргне на подобро, можеби чисто од љубопитност.

Вие од кој тип на луѓе сте?

Дали секогаш ги дочитувате книгите до крај, без разлика на тоа дали ви се допаѓаат или не? Или сепак немате трпение, па ги баталувате кога ќе видите дека не ви лежат?

Убаво би било да кажете книга која толку ве нервирала па сте ја баталиле или пак малку било потребно да ја фрлите, ама сте ја прочитале.
Убаво би било да се даде и по некој пример.
 
Ако ме навлече приказната (самата поставеност, ликовите, начинот на пишување), ја читам книгата најбрзо што можам. Папата Јована (don't judge :cautious:) ја прочитав за еден ден.
Ако приказната е тапаџиска или начинот на пишување не ми лежи, не ја дочитувам книгата. Мајка ми ги чита до крај по секоја цена. Јас немам таква мотивација. Најчесто има давам втора шанса после некое време, после тоа се откажувам. Оркански височини на пример. Holy sh*t, сигурно имам 5 пати почнато да ја читам таа книга, ама нема шанси < 100 страни да прочитам.
 
Баш од оваа причина задолжително ја проверувам на goodreads секој книга што се мислам да ја читам, примарно гледам во кој жанр е, и по некое ривју. Во последно време книгите што ги читам се книги што еден од омилените автори им дал 5 ѕвезди на goodreads, и секогаш се погаѓаме со вкусот.

Инаку со книги што ги читам на слепо, во просек има давам 30тина страни да се покажат. Во тие 30 страни внимавам примарно на стилот на пишување и гласот на ликовите или нараторот, и во која насока би можело да иде приказната. Ако ги поминам првите 30 страни, и давам шанса докај една третина до половина да ме заинтригираат приказната и ликовите, ако не успее, ја баталувам и барам нешто друго да читам, има премногу добри книги за читање да губам време на досадни книги.
Сеуште се каам што ја прочитав до крај The Casual Vacancy на Роулинг, ама ај зошто е Роулинг сигурно ќе ја направи интересна, сигурно ќе се случи нешто во следното поглавје, ама ништо од тоа. Толку досадна и банална приказна немав читано претходно.

Последната книга што ја читав, Blood Song, ми стави насмевка на лицето уште на првата страна, и секако ден ипол и 700 страни подоцна и ставив 5 ѕвезди на goodreads.
Не се сеќавам на некоја книга што сум ја баталил во последно време, сум имал среќа сите да ми се погодат изгледа :)

@Crazy in Love
Ти не напиша во кој тип спаѓаш.
 
Мојата егзистенционалистичка природа не ми дозволува да си го трачам времето ако книгата не ми е по ќеф. Тоа не значи дека книгата општо не е добра, но се водам повеќе на оноа моменталното - ако книгата е еден универзум за душата и ако во моментот ми се чита нешто какво што душата бара, тоа секако ќе нема да му ставам точка и да ја фрлам книгата на страна.
Но... Има и онакви книги кои за чудо на вистината ми го немале направено ќефот ама буквално никогаш. Сум давал шанси безброј, најмногу ради писатели и стилови, но веќе после првата третина ако не се создаде некаква груба слика за прикаската за во која сум потонат, се откажувам.
Имам еден (не)повторлив пример со City од Барико. Му ги читам книгите. Типот е безсомнено ексцентрик со неговиот стил. Но токму во тие негови „универзуми“ најчесто се имам пронаоѓано, затоа што најчесто сакам да избегнам од оноа сувопарно раскажување со премногу детали дури да се изгубиш во суштината, додека тука има голема каша попара од која ти самиот склопуваш универзум. City токму тоа не може да ми го долови. Сторијата е цел вртлог недокучив згора на тоа и самата книга е малку поголема, па затоа се случува да стигнам некои 120-140 страни и да ја прекинам.
Од друга страна има онакви кои сум ги прекинал ради сувопарното деталесто опишување. Реално на моменти сум запрел кај повеќето класици како Ана Карењина но повеќето сум смогнал сили и сум дочитал до крај и не сум зажалил. Но реално како што подостарев, дебелите книги се` помалку ми доаѓаат на To Read листата.
 
Кај мене зависи од расположение :D Најчесто одам до крај, надевајќи се дека сепак ќе излезе нешто интересно или барем поучно, но знам и после неколку страни да ја оставам ако не ми го задржува вниманието. Ако веќе ми се допаѓа книгата гледам да ја прочитам најбрзо шо можам зашо сум нестрплива да го видам расплетот. И кога земам книга од библиотека на пример, преферирам да читнам малку од првата страна да видам како почнува и многу често од тоа се водам дали да ја земам или не...
 
Обично да. Стрплив сум и сакам да видам шо ќе се случи на крајот.
Една од ретките книги шо не сум ги дочитал... Калуѓерот што го продал своето Ферари. Феноменални први 2-30 страници, и после тоа се натака беше учебник за мантри и слични буда-буда работи за кои и баш не сум заинтересиран.
 
Никако.
Некогаш ја читам само содржината, ако не ме интересира не се замарам.
Ако па ме интересира, ја почињам, ама се дешава да прочитам 30 страни и да не добијам никаква информација за возврат, тука сфаќам дека афторот пробуе да ми шитне кодот на давинчи и ја бришам аутоматски.
 
Не знам какво е ова прашање. Читам тоа што ме интересира, барам препораки од некој, на крај краева на goodreads ќе видам препораки, ако не ме занимаат бисери од типот на Коста Петров или клучот како да станам милионер, нема што да отворам такви книги.
 
Не знам какво е ова прашање. Читам тоа што ме интересира, барам препораки од некој, на крај краева на goodreads ќе видам препораки, ако не ме занимаат бисери од типот на Коста Петров или клучот како да станам милионер, нема што да отворам такви книги.
Убаво да го прочиташе првиот пост, ќе знаеше какво е ова прашање.
Прашањето е за откога ќе ја почнеш книгата, значи ете не ти прави мерак, не ти се погодила. Дали си од типот на луѓе кои ја дочитуваат или не ја дочитуваат книгата. И јас на goodreads сум гледала препораки, сум имала впечаток дека ќе ми се допаднат, па потоа излегло дека не ми биле по ќеиф. Сигурно не ти се допаднала секоја една препорачана книга или секоја книга која си ја фатил во рака, макар и од твојот омилен жанр, кој и да е.
Некогаш се случува книга толку добро да ни легне, па ја читаме за еден миг, но некогаш едноставно се погодува книга која не ни е по мерак. Некои луѓе баталуваат кога ќе видат дека не им е по вкус, но некои пак сепак се решаваат да ја дочитаат книгата, можеби од надеж дека ќе тргне на подобро, можеби чисто од љубопитност.
Убаво си вика во постот, откога ќе ја почнеш, на пример читаш 30 страни и гледаш дека некако не ти оди. Дали и даваш шанса до крај или ја оставаш? А не како се решаваш што ќе читаш. Нормално дека секој чита по вкус. Јас воопшто и не ги почнувам книгите за самопомош, затоа што знам дека нема да ми се допаднат. Ама понекогаш се случува книга од мој тип на жанр да не ми се допадне. Што тогаш? Дочитуваш или не? Сигурно секоја книга која си ја почнал не ти се свиѓала.

Инаку @ficdogg, јас сум од типот на луѓе кои секогаш ги дочитуваат книгите, ама баш секогаш. Баш пред некоја недела зборував на подфорумот дека ја читам “Црниот принц“. А бе не знаеш какви препораки читав за книгава, и тоа баш на goodreads. Потоа ја најдов и кај нас, исто ми ја фалеа и си велам: ајде ќе ја прочитам. Излезе дека е најиритирачката книга што сум ја фатила во рака. Се мачев, буквално секое седнување да ја читам ми беше мачење, ама ја прочитав. Истото ми се случи и со “Алхемичарот“ од Коељо. Со години ми збореа дека сум морала да ја прочитам, кога ја фатив во рака, коса ми се крена на глава од што ми беше досадна, ама издржав и ја прочитав.

Не знам, некако имам чувство дека посоодветно ми е да критикувам книга, доколку целосно сум ја прочитала. Еднаш имам баталено книга, ама тоа беше заради ужасен превод и касапење на книгата, потоа си ја најдов на англиски јазик и се си дојде на свое место, т.е ја прочитав.

Шубе ми е некако да не прочитам книга до крај, не знам, навика ми е станато со текот на годините. Во глава си зацртувам дека морам да ги прочитам до крај.
 
Никогаш не оставам книга до пола, секогаш до крај ја читам.
 
Се што правам (во овој случај читање книги) правам до крај. Единствена книга што сум ја почнал а не сум ја завршил е Мартин Идн. Д оне дат гот авеј.
 
Убаво да го прочиташе првиот пост, ќе знаеше какво е ова прашање.
Прашањето е за откога ќе ја почнеш книгата, значи ете не ти прави мерак, не ти се погодила. Дали си од типот на луѓе кои ја дочитуваат или не ја дочитуваат книгата. И јас на goodreads сум гледала препораки, сум имала впечаток дека ќе ми се допаднат, па потоа излегло дека не ми биле по ќеиф. Сигурно не ти се допаднала секоја една препорачана книга или секоја книга која си ја фатил во рака, макар и од твојот омилен жанр, кој и да е.
Најчесто читам научни книги, па и есеи од светски автори и крајно несериозно би било туку-така да прекинам да читам пошо ми било досадно.

Еве еден пример шо ми текнува, на цимерот прашина му фаќаше Моќта на потсвеста од оној Марфи и отворив одвај 15 страни прочитав и толку беше, ужас.
 
Романи читам поретко и секогаш ми се посебно одбрани, па поради тоа секогаш до крај.
А вака филозофски, психолошки, научни книги зависи од содржината, ако не ми се допадне ја баталувам.
 
Види сега ако ми е интересна 200 страни во една ден ја читам, и тоа англиски јазик, ако не ми е интересна после втората страна ја баталувам, не на англиски и на српски и на македонски да биде џабе. Уствари ја читам на англиски јазик како шо читам на српски и на македонски така да не е проблем.
 
Ако ја помине примарната селекција кај мене - обавезно иде до крај. Примарната селекција ми се состои од тоа да видам сиже, автор, време, место и околности во кои се пишувала.

Апсолутно се слагам со @Crazy in Love во однос на тоа дека издржана критика може да се даде доколку книгата е прочитана целосно. Никогаш не ги сфатив пример, оние кои читаат, а знаат да прескокнат цели поглавја или одредени тешко сварливи делови ( да не збориме понатаму за баталење на книгата ). Така да, селекцијата на книгите е важна токму заради негубење време, ако ја фатиш во рака - ја завршуваш, ако не - поарно не ја ни фаќај. Али ипак не фаќаш се’ во рака ;) хаха

Иначе @Spell Caster , конкретно за „Оркански височини“ , немаш претстава колку те сфаќам, одвај издржав да ја дочитам, со судни маки беше. Бегај таму бе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom