Едуарда „Дуда“ Аморим и Никола Карабатиќ ракометари на годината според IHF

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Со 35.2% oд гласовите, репрезентативката на Бразил и лев бек (како и идна македонска снаа :icon_lol: ) на унгарски Ѓер, Дуда Аморим, ги остави зад себе Романката Кристина Неагу со 25.8% и Норвежанката Хајди Локе со 16.8% од гласовите и го доби признанието од IHF за најдобра ракометарка на светот за 2014 година. Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров иако ги скина предните вкрстени лигаменти на крајот од годината, сепак беше една од главните ракометарки кои му помогнаа на Ѓер да ја одбрани шампионската титула и во Унгарија и во Европа. Таа е втора Бразилка која го освојува ова признание по нејзината сонародничка Александра до Нашименто во 2012 година.

Францускиот среден бек и играч на Барселона, Никола Карабатиќ, го освојува ова признание со 33.7% од гласовите по успешното завршено светско првенство во Катар за неговата Франција, како и водењето на Барселона на Ф4 турнирот лани во Келн. Данецот Микел Хансен кој настапува за француски ПСЖ е втор на ранг листата со 21% од гласовите, додека најдобриот играч на штотуку завршеното СП во Катар, голманот Тиери Омејер е трет на листата со 19.5% од гласовите. Ова е втор пат како Карабатиќ го добива ова признание, по 2007 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom