Kако скопјани се рекреираат на Водно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
petek.jpg
 
Тоа што имате коли, не значи дека треба да заборавите да користите градски превоз. Демек имам јас пари се возам со кола, демек сиромаштијата се вози со автобус. И после се жалите дека било загадено, дека било гужва, дека имало несовесни возачи.
Со еден збор сте себична проста сељачана, мислите само за вашите потреби а не и за другите. Барем не се жалите дека е гужва на водно кога одите со кола и дека нема каде да паркирате, едноставно прифатете го фактот дека има многу сељаци што размислуваат како вас и дружете се на чист воздух

Тебе гледам многу те заболе за туѓите потреби.
И ете го твојот комплекс кој бил,ако одиш на водно со кола богат си бил.
 
Тоа е твој комплекс не мој, зошто на пример не користиш градски превоз, под твоето ниво е да се гужваш и се туркаш со пензионери ?
И ако ти е под ниво и сакаш со кола да одиш на Водно, зошто се жалиш дека нема место ? Едноставно треба да знаеш дека на зимски сончев викенд ќе биде полно со коли на Водно и не се жали за тоа, прифати го како факт и живеј со тоа. Ако не ти одговара, најди друго ридче каде нема гужва и оди таму.
Кај не сакаш да се прилагодиш на ситуацијата, дури и кукаш зошто ситуацијата не се прилагодува на твоите потреби.
Ако јас знам дека на сончев викенд на Водно нема каде игла да фрлиш од коли, ќе најдам друго место за рекреација и чист воздух, барем во Македонија тоа го има во изобилие, а не да се жалам дека имало несовесни луѓе и паркирале каде стигнат, бидејќи знам дека тие луѓе размислуваат исто како мене, стани во 10, спреми се и тргни во 11 и стигни во 12, барај паркинг место до 12.30, прошетај до 15.00, влези во кола и стигни до Кочо Рацин во 18 и дома во 19. Поголемиот дел од шетањето ти поминало во нервози за паркинг место.
И да ако одиш на водно со кола или било кое друго место, а не со градски превоз под ниво ти се ЈСП автобусите демек сиромаштија се вози со нив, ова е типичен стереотип што го имам согледано кај голем број на луѓе.
И после кукаме зошто било загадено и зошто немало толку автобуси
 
Што се однесува до одење на Водно за викенд, бидејќи не е решен проблемот со паркирање, гледам да ја избегнам гужвата која е најголема во Недела околу 12. Фамилијарно ние одиме во Сабота, а може и Недела ама многу порано, или пак кога не е презагадена Скопската котлина, одиме на Пантелемон каде и нема толку многу гужва, а сепак сме на чист воздух.

@Хемиски Ангеле

Јас со две мали деца не можам да користам гратски превоз. Не велам дека не е возможно, ама многу големо малтретирање е, посебно на враќање кога и двете ќе заспиваат. Па така единствена прифатлива опција ми е автомобил. Згора на тоа, не сакам ни малку да си го нарушам мојот комодитет и тивката и удобна лимузина да ја заменам со смрдлив, бучен, спор и неудобен автобус. Сепак, секогаш паркирам совесно и уредно и оставам простор на останатите да поминат покрај мене, не узурпирам тротоари и пешачки премини и доколку има паркинг за плаќање секогаш таму се паркирам и плаќам (најефтина варијанта).
И чисто, колку да знаеш, нечистиот воздух во зима во Скопје не е поради автомобилите, туку единствено од оние кои се греат на дрва. Тие кога зимоска ќе ги распалат ќумбињата, загадуваат од 10 до 100 пати повеќе одколку што загадуваат сите автомобили во Скопје. Па така претпоставката дека ќе имаме почист воздух ако се возиме со автобус не е точна. Ќе имаме чист воздух само ако луѓето престанат да се греат на дрва, јаглен, пелет, иверици и други материјали(пластики, гуми и сл.) кои горат.

Покрај тоа, со кое право делиш некому квалификации? Кој ти дава право да ми судиш за мојот избор и да ме етикетираш дека живеам со стереотипи?
Иронично, веруваш во стереотипот дека сите кои патуваат со автомобил во град патат од некакви комплекси, а не земеш во предвид дека има многу луѓе за кои автобусот не е опција за превоз, не само поради комодитетот туку и од други технички причини како во мојот случај.
 
Последно уредено:

Ако не сакаш да си го нарушиш комодидетот, тогаш не се прави будала и да одиш на водно кога има гужва, затоа што си и ти дел од луѓето што ја прават таа гужва. Немаш право да се жалиш дека е гужва затоа што и ти предизикуваш во правење на таа гужва или со други зборови и ти си дел од проблемот наречен гужва на водно. Колку сакаш биде супер возач, човек и да паркираш совесно Водно има капацитет на број на автомобили, а тој е многу мал во однос на бројот на жители и оние што сакаат да го посетат водно со кола. Сите што одат на водно да се совесни како тебе, пак имаш проблем од причина имаш ограничен капацитет.
Ова ти е исто како да се жалиш дека плескавицата од 7-ца има соја, а секој втор ден купуваш од таму плескавици.
Единствени што треба да се жалат за ваквата сељачка ситуација се луѓето што пешачат до таму и очекуваат чист воздух, а се осеќаат како да се во центарот на скопје.
 
Не знам дали го прочита делот пред да ти се обратам. Објаснив дека ја избегнувам гужвата. Но, те молам цитирај го делот од мојот пост каде се жалам од гужвата на Водно...
 
Тоа е твој комплекс не мој, зошто на пример не користиш градски превоз, под твоето ниво е да се гужваш и се туркаш со пензионери ?
И ако ти е под ниво и сакаш со кола да одиш на Водно, зошто се жалиш дека нема место ? Едноставно треба да знаеш дека на зимски сончев викенд ќе биде полно со коли на Водно и не се жали за тоа, прифати го како факт и живеј со тоа. Ако не ти одговара, најди друго ридче каде нема гужва и оди таму.
Кај не сакаш да се прилагодиш на ситуацијата, дури и кукаш зошто ситуацијата не се прилагодува на твоите потреби.
Ако јас знам дека на сончев викенд на Водно нема каде игла да фрлиш од коли, ќе најдам друго место за рекреација и чист воздух, барем во Македонија тоа го има во изобилие, а не да се жалам дека имало несовесни луѓе и паркирале каде стигнат, бидејќи знам дека тие луѓе размислуваат исто како мене, стани во 10, спреми се и тргни во 11 и стигни во 12, барај паркинг место до 12.30, прошетај до 15.00, влези во кола и стигни до Кочо Рацин во 18 и дома во 19. Поголемиот дел од шетањето ти поминало во нервози за паркинг место.
И да ако одиш на водно со кола или било кое друго место, а не со градски превоз под ниво ти се ЈСП автобусите демек сиромаштија се вози со нив, ова е типичен стереотип што го имам согледано кај голем број на луѓе.
И после кукаме зошто било загадено и зошто немало толку автобуси

Момак,незнам од кај да почнам да ти реплицирам,или воопшто да ти пишам нешто. Гледам дека со тебе нема разбирање и работите ги вадиш од контекст..
Незнам кај прочита дека кукам или се жалам дека е гужва или дека некој ми смета што отишол некој да се рекреира.Проблемот е еден и единствен: Несовесно паркирање!
Има место за сите ако паркираат како што треба,како што можам јас да паркирам совесно и да не попречувам никого,може секој тогаш.исто и автобусите заглавуваат во гужвата,не се тие имуни нит па има посебна лента само за нив па непречено да поминуваат.дали си заглавил у кола или у бус исто е.
И доста си запнал со тоа испод ниво у бус да се возело АМАН! немам проблем да се возам со бус,се возам понекогаш,ама идење на Водно со него не доаѓа у предвид.
Пак ке кажам,немаш деца сигурно и затоа незнаеш како е.
Се дури ја водиш дискусијата у погрешна насока,нема што да дискутираме повеќе.
 
Абе овие нормални ли се?:confused: Кај го изораа пола Водно за да градат патишта и згради, па сега и нов паркинг. Зар сакаат да дојде до тоа да еден ден да им/ни се сруши цела планина.

Според мене Водно е најубава планина од сите што постојат на светов. Водно е една од убавините на Скопје и Македонија. Така да ако толку им се оди на Водно, ете имаат автобус, ем е редовен, ем не мора да прокувуваат со колине.

:)
 
Што се криви тие што тргнале да се рекреираат со децата да неможат да дојдат со кола од напатените опинци што паркираат кај ќе стигнат и од мрза да се качат пешки одат со коли и тоа случаи 5-6 другари/ки со 5 коли.

Нит имам намера со детето и ранци/торби да се гнетам у бус со пензиине на кои им е бесплатен викендот со се жичара,нит ги турам на такво тие што им е побитен чекинот од здравјето на моето дете!
Ова ти се кукањата. Демек поради тоа што некој сака да се слика и биде виден на фб и дошол со кола, ти како големиот рекреативец (дојден со кола) немаш услови.

Момак,незнам од кај да почнам да ти реплицирам,или воопшто да ти пишам нешто. Гледам дека со тебе нема разбирање и работите ги вадиш од контекст..
Незнам кај прочита дека кукам или се жалам дека е гужва или дека некој ми смета што отишол некој да се рекреира.Проблемот е еден и единствен: Несовесно паркирање!
Колку ти само не разбираш, Водно има ограничен капацитет на автомобили што може да се паркираат како што треба, водно не може да собере 100 автомобили и да бидат совесно паркирани, фали простор за паркирање.
Јас те разбирам дека сакаш комоција и се тоа, ама треба да се помириш со фактот дека многу луѓе сакаат да одат на Водно на сончев викенд во зима и тоа со кола и дека Водно е мало за сите да ве собере и башка голем број на луѓе се на водно за воздух, а не да се чуствуваат како да се во центарот на Скопје само со дрвца околу нив.
 
Абе овие нормални ли се?:confused: Кај го изораа пола Водно за да градат патишта и згради, па сега и нов паркинг. Зар сакаат да дојде до тоа да еден ден да им/ни се сруши цела планина.

Според мене Водно е најубава планина од сите што постојат на светов. Водно е една од убавините на Скопје и Македонија. Така да ако толку им се оди на Водно, ете имаат автобус, ем е редовен, ем не мора да прокувуваат со колине.

:)
:busi:
 
Комоција при планинарење (со кола) па уште и за време на сончев викенд....:lolzz::zver:
 
Ова ти се кукањата. Демек поради тоа што некој сака да се слика и биде виден на фб и дошол со кола, ти како големиот рекреативец (дојден со кола) немаш услови.

Колку ти само не разбираш, Водно има ограничен капацитет на автомобили што може да се паркираат како што треба, водно не може да собере 100 автомобили и да бидат совесно паркирани, фали простор за паркирање.
Јас те разбирам дека сакаш комоција и се тоа, ама треба да се помириш со фактот дека многу луѓе сакаат да одат на Водно на сончев викенд во зима и тоа со кола и дека Водно е мало за сите да ве собере и башка голем број на луѓе се на водно за воздух, а не да се чуствуваат како да се во центарот на Скопје само со дрвца околу нив.

Пак си ја извадил работата од контекст ама ај.
По којзнае кој пат ке ти повторам и нагласам дека МЕНЕ МИ СМЕТААТ ТИЕ ШТО СЕ ПАРКИРАЛЕ НА СРЕД УЛИЦА НЕПРОПИСНО СО ТОА ШТО БЛОКИРААТ ЦЕЛ СООБРАЌАЈ!!!
Значи не ми сметаат нормални луѓе што отишле со кола и паркирале како што треба,
Не ми сметаат гужви,
Не ми сметаат деца,
Не ми сметаат сиромашните што дошле со бус,
Не ми сметаш ни ти иако не ти црпе црпката.
Ако има паркинг паркирам,ако нема,се враќам у парк,ако и таму нема идам некаде кај што ќе најдам паркинг значи не по секоја цена на Водно,не по секоја цена да ја остаам колата кај што ќе ми текне,притоа да блокирам се и сешто.

Околу капацитетот,дали сметаш дека на Рекорд треба да влезам во полн автобус кај што нема место нит за стоење,или да чекам да дојде празен,или па да влезам во првиот празен што ќе дојде иако не оди накај што сум тргнал?
Инаку на Водно има капацитет мн повеќе од 100 паркинзи. минатата недела сигурно имаше преку 2000 возила.
30 години одам на Водно ама како во последните година две,никогаш немало оволку опинци сообраќајно неписмени и безосетни. Е тука барај го проблемот момак.
 
DSC01005.JPG

Еве илустративно како се паркира за време на викенди. Ова е кај патчето пред скалите кои те носат надоле во шумата која те води на улица под средно Водно. И надоле имаше уште вака праркирани автомобили.

Проблемот мислам дека се направи откако ја направија жичарата, бидејќи доаѓаат со автомобили до Средно, а потоа со жичарата одат до крст.
 
па сега и нов паркинг.

zosto kazi mi pricina posoci mi te molam kazi ajde
Зошто од толку убава планина, која со години се пошумуваше, која е едно од најдобрите места за одмор....., сега сакаат да направат рушевина и тоа зошто?....... За да некој ја загадува планината зошто не му годи да се качи на автобус или да го земе точакот. А за тоа што ја рушат планината и за луксузни населби и патишта да не збориме.

Паркингот е доволно голем, а и има автобус кој е редовен и може да однесе доволно луѓе до Средно Водно, а за до Крстот има жичара.

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom