Kако скопјани се рекреираат на Водно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
Aма со онаква гужва од паркирани покрај пат и блокиран сообраќај Водно ќе ти се види како до Матка да си одел а не 6-7км :)
 
Па затоа е напраен тој пат.
Ако сакаш здрав живот, ако сакаш да пешачиш и да спортуваш имаш козји патеки.
 
Можда зошто до Бродец од Центар има некои 30+ километри и околу 50 минути пат, а до Водно само 6-7 километри? :)

Не сум бил таму се' уште. Може ли да споделиш некоја фотка од местото? :)
Сликано со мобилен така да не е некој си квалитет, инаку ние многу побрзо стигнавме, за некои си пола саат, а можеби бидејќи со другари па побрзо лета времето :D

10007038_10202623239102244_9026152346531357210_n.jpg
 
@Acid ти ја сфаќам поентата. но има и за тоа решение. Пуштање на почеста рута со автобус е едно од тие решенија, другото е регулација на сообраќај - ако има горе гужва, доле рампа додека не се расчисти. Барем денес во време на телекомуникација е лесно тоа.
Како бе у наше време коа сме биде деца, немало толкава гужва па сме успеале сите да одиме на викенд на Водно? Мислам дека и премногу луѓето станаа размазени со автомобил.
 
едно решение стај рампа доле и ако сакаш со кола 150 денари направи како еколошка такса и ќе видиш македонче удри го по џеб и одма заборава на луксуз на што личи со штикли ми идат на водно мислиш фешан викенд : D
 
Неделата беше екстра мислам жално за тие кој го искростиле денот да останат дома.

Јас исто така бев сведок на ова КАТАСТРОФА!
Пишав у Дк и тука значи пер зошто е планина да пешачиш,да ти се наполнат градите со чист воздух,сакаш планинарење,сакаш велосипедизам јас планината не ја гледам како место на автомобили па она нервозни граѓани,недогледни колони,свират па гледат гужва се вртат се враќат па од спротивната лента па хаос:гомце:До средно се јадеше некако ама после тоа беше урнебес така да сакате да уживате океј остајтете си ја колата у гаража .....
 
@Acid ти ја сфаќам поентата. но има и за тоа решение. Пуштање на почеста рута со автобус е едно од тие решенија, другото е регулација на сообраќај - ако има горе гужва, доле рампа додека не се расчисти. Барем денес во време на телекомуникација е лесно тоа.
Како бе у наше време коа сме биде деца, немало толкава гужва па сме успеале сите да одиме на викенд на Водно? Мислам дека и премногу луѓето станаа размазени со автомобил.
Почести автобуски линии? Моментално на 40 минути возат автобусите нагоре. Ај на 10 минути да ги напраиме ако не... И онака се полупразни, уште толку да ги доиспразниме :))

Рампи?

Saladinе, со рампи се создаваат гужви - не се решаваат. Ако горе не ги собираат 3-4 големи паркинзи, долу сигурно нема да ги собере на тротоар или пред рампа... :) И како ќе одлучат кога да ги спуштат рампите? Кога ќе се наполнат паркинзите на Средно водно? Каде ќе бидат поставени рампите? Каде ќе се прерутираат возилата? Што ако сакам да отидам до некоја друга локација, а патот ми биде затворен? Идејава ти е паушална и нема шанса никогаш да се реализира, особено не како некаков „крауд контрол“ на Водно :)

„У наше време“, конкретно кај мене пред зграда имаше вкупно 4 автомобили. Сега секој стан има барем 2 автомобили. Тогаш имаше многу помалку жители во Скопје, сега цела Македонија е преселена тука. Тогаш Водно беше недостапно за сите, а искачувањето на Крстовар беше достигнување за повеќето. Повеќето од нас најчесто одевме до Панорама или Видиковец и истражувавме наоколу. Сега има жичара, а концентрацијата е на Средно водно и Милениумскиот крст.
 
За автобусите ако е празно внатре, тогаш ете нека биде така како што е до сега, без зачестување на линиите.
За рампите, не знам каков е сообраќајот и дали патот што оди за Водно, е потребен за друга дестинација освен средно, но ете нека има како што има кај паркинзите бројка која покажува нзс за тоа колку е зафатено горе. Или група џандари кои ќе работат во цајтнут периодот (викенди) за да покажува колку луѓе има горе.
За старото време си во право, помалку возила пер капита му доаѓало, но ете и тогаш имаше луѓе кои се качуваа барем до средно без автомобил. Разбирам фамилија со бебиња во количка, но сликата погоре не покажува дека 90% од нив се токму такви. Има дечишта од 10 години што ги седнуваат во автомобил и ајде вози шефе до средно. Парадоксот е, да живееле здраво а ете не мрднуваат ни 100% пеш по угорница.
На крај краева да се вратам кај рампите - ете гледа нема место, врти колата назад и правац на некое друго место. Финтата е само кај да се постават тие рампи и каде да се прави тоа скренување а да не се создаде толкава гужва.
 
Почести автобуски линии? Моментално на 40 минути возат автобусите нагоре. Ај на 10 минути да ги напраиме ако не... И онака се полупразни, уште толку да ги доиспразниме :))

Рампи?

Saladinе, со рампи се создаваат гужви - не се решаваат. Ако горе не ги собираат 3-4 големи паркинзи, долу сигурно нема да ги собере на тротоар или пред рампа... :) И како ќе одлучат кога да ги спуштат рампите? Кога ќе се наполнат паркинзите на Средно водно? Каде ќе бидат поставени рампите? Каде ќе се прерутираат возилата? Што ако сакам да отидам до некоја друга локација, а патот ми биде затворен? Идејава ти е паушална и нема шанса никогаш да се реализира, особено не како некаков „крауд контрол“ на Водно :)

„У наше време“, конкретно кај мене пред зграда имаше вкупно 4 автомобили. Сега секој стан има барем 2 автомобили. Тогаш имаше многу помалку жители во Скопје, сега цела Македонија е преселена тука. Тогаш Водно беше недостапно за сите, а искачувањето на Крстовар беше достигнување за повеќето. Повеќето од нас најчесто одевме до Панорама или Видиковец и истражувавме наоколу. Сега има жичара, а концентрацијата е на Средно водно и Милениумскиот крст.
Во работни денови да, автобусите се полупразни, но за викенд грешка си, автобусите се преполни, секој викенд има карање помеѓу стари и млади за кој да влезе а кој да го чека наредниот автобус. Ете нека бидат и на 20 минути, но 40 мин за викенд е премногу, треба да ги има почесто, ипак ако би се забранило со автомобили треба да има малце комоција во автобусите, да не биде буткање, туткање и гмечење на мали деца.
 
- А како да дојдам до Средно Водно со мало дете? Морам дотаму со возило, а потоа шетаме на планината. Не можам со автобус бидејќи така ми е покомплицирано, носам неколку торби со храна, пијалаци и други неопходни нешта. Сметам дека на Средно Водно е потребен нов паркинг простор - вели Мирјана Петровска, мајка на четиригодишно дете, која викендов исто така беше блокирана со автомобилот на омилената планина на скопјани.
Ако на некој му е комлицирано, нека оди во Градски парк или нека почека детето да почне да оди во школо да се намалат торбите.
Храна, Пијалаци и други неопходни нешта, се спремиле демек ќе одат на седум дневен одмор во Грчка.
Со една проста реченица, сељаци го узурпираат водно
 
Гужвите ги прават ликовите што се паркираат покрај патот затоа што неможе да најдат место на паркингот на Средно а нели не за џабе станале во 12 сабајле ....мора да се отиде .... и така први/други/трети и калакурница се дешава и затоа не може до 6-7 да се расчистат гужвите...

Фино лепо, немаш место за паркинг, повеќе среќа следниот ден ....а не ко сељак на пола пат паркиран...
 
Она ради што прекинав да одам често е ради тоа што луѓево сакаат пикници да си тераат горе, ете им парк, ете им марков манастир, ете им кафани, си имаат коли, нека седат нека јадат или нека пијат кафиња. Некој отишол да се искачува и налетуваш на кафе шема, ај тоа на крај све ќе загадат и ќе усерат пред да си отидат и не ни помислуваат да си исчистат ко некоја багра што прв пат искусува придобивки на цивилизациско општество.
 
Значи според ова што го гледам ова е мизерно.Еве да речеме ја не сум од Ск,и сеа сакам да се движам по главниот пат,затоа што не ги знам скратените патеки.Според ова што го гледам тоа е невозможно,фали уште на планина некој да заврши под тркала,е тоа би било врвот на нашето невоспитување.
 
Ај тие што немаат деца и што незнаат како се оди со деца некаде,било каде,нека не коментираат на темава,или ако коментираат нека не трескаат зелени од типот дур пораснеле децата у парк да одат дрн дрн..
Што се криви тие што тргнале да се рекреираат со децата да неможат да дојдат со кола од напатените опинци што паркираат кај ќе стигнат и од мрза да се качат пешки одат со коли и тоа случаи 5-6 другари/ки со 5 коли.
Да не зборам дека пола Мк е дојдена со иста цел,да ги видат и нивните од пиперки/грозје купени џипови.
Нит имам намера со детето и ранци/торби да се гнетам у бус со пензиине на кои им е бесплатен викендот со се жичара,нит ги турам на такво тие што им е побитен чекинот од здравјето на моето дете!
 
@Acid ти ја сфаќам поентата. но има и за тоа решение. Пуштање на почеста рута со автобус е едно од тие решенија, другото е регулација на сообраќај - ако има горе гужва, доле рампа додека не се расчисти. Барем денес во време на телекомуникација е лесно тоа.
Како бе у наше време коа сме биде деца, немало толкава гужва па сме успеале сите да одиме на викенд на Водно? Мислам дека и премногу луѓето станаа размазени со автомобил.

У наше време немало гужва на Водно кога се првите топли викенди? :)
Споредбено со тоа колку автомобили има сега Скопје во 2015та и колку имало во 2000 и некоја, би рекол дека гужвата си е иста, секогаш ја имало.
Паркинзите на Средно крцале, на видиковец паркингчето пред да го подсредат, по пат во тоа ливадите што се ноќни дупалишта....

Водно секогаш било полно на привте 5-6 топли викенди во годината. Не полно, преполно.[DOUBLEPOST=1424341148][/DOUBLEPOST]
Неделата беше екстра мислам жално за тие кој го искростиле денот да останат дома.

Јас исто така бев сведок на ова КАТАСТРОФА!
Пишав у Дк и тука значи пер зошто е планина да пешачиш,да ти се наполнат градите со чист воздух,сакаш планинарење,сакаш велосипедизам јас планината не ја гледам како место на автомобили па она нервозни граѓани,недогледни колони,свират па гледат гужва се вртат се враќат па од спротивната лента па хаос:гомце:До средно се јадеше некако ама после тоа беше урнебес така да сакате да уживате океј остајтете си ја колата у гаража .....

Па не може секој да пешачи. Тој што не е фо можност да пешачи треба под казна да остане дома зошто ќе прави гужфа? Ај, ако не и оние што се слаби со математика да не купуваат у прудавница пошто ќе им треба пофеќе фреме да прерачунаат колку треба да им се фрати кусур а ние математички способните немаме фреме за чекање...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom