Kако скопјани се рекреираат на Водно ?

  • Креатор на темата Креатор на темата palpem
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Секој изминат сончев викенд на Водно е панаѓур, хаос од коли кој самите си се блокираат па кукаат по фб и порталиве, читајќи го текстов па ме инспирираше да ја отворам темава, значи проблемот бил до полицијата што не го регулира патот и што немало паркинг места доволно, па зар за некој што му кејфнало стрикно на Водно да го помине викендот, при еден куп други зеленила низ Скопје, како скопска црна гора, градски парк, парк шума гази баба, матка треба да се исече шумата на средно за нови паркинзи ?
За мене кој редовно вози велосипед на водно, 4-5 пати неделно, ми смета премногу собраќајот за викенд, ние што рекреираме од подножјето на водно, треба да се угушиме ради тие што решиле со кола да одат до средно и жичара до врв за едно кафе и едно чекирање на фб.

Според мене идеално решение би било за викенд да се забрани собраќај со автомобили и да се пушти автобуси на 10 минути, па кој сака нека повели.

На падините на Водно викендов владееше вистинско сообраќајно лудило. Метеж од возила и луѓе имаше речиси по должината на целиот пат до Средно Водно, па јасно беше дека најбројни на планината беа оние што не сакаат пешачење и рекреација.
Автомобилите беа оставени како на паркингот на Средно Водно, така и покрај патот, на самиот коловоз или во тревата, што беше главната причина што сообраќајот вчера попладне остана закочен повеќе од еден час, а луѓето не можеа да се симнат во градот. Како што пишува Дневник автобусите останаа заглавени, сосе патниците во нив. Тоа предизвика нервоза кај сите, особено затоа што полицијата ја немаше да го регулира сообраќајот и да го одблокира движењето.

Револтот од закрчениот пат и долгото чекање многумина го пренесоа и на социјалните мрежи, кои ги полнеа со фотографии од метежот, кој како што раскажуваат, почнал околу 14 часот, пред ручекот.

Она што во моментов е проблем за возачите кога ќе решат да ја посетат парк-шумата е недостигот од паркинг-простор на Средно Водно, но и тоа што полицијата не го регулира сообраќајот за време на метежот во викендите. Рекреативците, пак, се гневни на своите сограѓани-возачи, за кои сметаат дека се мрзеливи и не сакаат да пешачат.

Патот на планината е слободен за сообраќајно движење до Средно Водно, до каде што секој може да дојде со возило. Таму има рампа што ги спречува да се качуваат кон Милениумскиот крст на врвот, односно паркингот на Средно Водно е крајната дестинација за автомобилите. Оние што ќе решат да продолжат нагоре до крстот, може да ја користат жичницата или пеш да се рекреираат на чистиот воздух. Но, факт е дека мнозинството до Средно Водно оди со возило, а малкумина тргнуваат пеш или со велосипед уште од подножјето.

- А како да дојдам до Средно Водно со мало дете? Морам дотаму со возило, а потоа шетаме на планината. Не можам со автобус бидејќи така ми е покомплицирано, носам неколку торби со храна, пијалаци и други неопходни нешта. Сметам дека на Средно Водно е потребен нов паркинг простор - вели Мирјана Петровска, мајка на четиригодишно дете, која викендов исто така беше блокирана со автомобилот на омилената планина на скопјани.

Од друга страна, луѓето одбегнуваат да се симнуваат со возилата од страната на Нерези, бидејќи како што сведочат, патот е уништен, не е реконструиран, преполн е со дупки, а во изминативе месеци во неколку наврати имаше одрони.

Од СВР Скопје велат дека викендов не интервенирале на Водно затоа што немале пријава. Посочија дека се надлежни ако сообраќајот е блокиран, но дека не интервенираат самостојно.

- Патот на Водно се води како регионален пат. Ако е блокиран сообраќајот, можеме да интервенираме за патот да стане проточен и да овозможиме непречено движење на автомобилите, но полицијата реагира по пријава. А во СВР-Скопје такво нешто за викендов немаше - изјави Лиза Бендевска, портпарол во СВР-Скопје.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/518177430/eve-kako-skopjani-se-rekreiraat-na-bodno-foto



QXm2csl.jpg

TAs4tdI.jpg

zKQP1lI.jpg

uwgRdU9.jpg
 
Тебе, мене и остали никој не не слуша. Може да брбламе до сабајле. Јас Водно го баталив бидејќи има 543545 други планини и брда низ земјава а и низ Шкупи, така да таму си одам. Водно го оставам на тие кои здравиот живот го водат еднаш неделно во животот со цигара, мрсен сендвич и бугарски дизелаш или во краен случај жичара.
 
Добар заклучок, потребен бил нов паркинг простор на водно затоа што овој не бил доволен:tapp::facepalm:

Според мене на Водно не би требало да има воопшто можност за проток на возила освен за автобуси и службени возила (за комерцијалните места). Да се потрудиме барем тоа парче место во Скопје да остане незагадено.
 
Коце ќе напрај жичара од долу до средно или може катна на средно за колите на господава или последно решение рампа долу па ко воли нек изволи нагоре.
 
Ova e prva vest so ja citam otkako stanav i nevozmozno e kolku me iznervira, parking mesto trebalo na vodno a? So e so slikive??? Idat na planina da se 'rekreiraat', so kola.
:uzi::uzi::uzi::uzi::uzi:
 
Ако погледнете убаво, 90% од луѓево се родители со мали деца кои сакаат барем за викенд да избегаат од маглата во Скопје. И колку и да форсираме здраво пешачење, факт е дека поголемиот дел од нив нема шанса да се искачат до првиот видиковец, а не па до Средно Водно или до врв. Затоа, мислам дека мрчењето за тоа зошто не одат пешки е неосновано.

Јас еднаш се имам заебано и заглавено во гужвава и речиси никогаш не практикувам да одам со кола, особено за време на сончев викенд. Далеку побрзо и полесно се поминува со автобусот на ЈСП и затоа им го препорачувам на сите. Секогаш има место и за нагоре и за надолу, а линиите се редовни.
 
Јас тој ден си бев во Бродец, Скопска Црна Гора. Жив човек нема, убавина, не знам зошто сите баш на водно се бутаат.
 
Јас престанав да идам на Водно уште пред скоро 10 години. Порано кога се искачував на врвот таму идев да избегам од скопскиот хаос и метеж и да уживам во малце мир. Сега на врвот на водно е поголем хаос и метеж дури и од самото Скопје. So why even bother to go to Vodno....... :(
 
И јас сум со мало дете па никогаш не би треснал толку голема глупост дека на водно треба да има паркинг...ццц, значи кои флегми луѓе сме, рекреација во природа кај нас се подразбира седење у кафич-кафана на зелени места, што се однесува до мене треба да се забрани целосно сообраќајот до средно водно освен за ЈСП, а средно водно и не е толку високо, па една добра патека може комотно да се изгради, да се израмни и верувам дека и на раце да го носам ќе се качам за 40мин.
 
На тоа не можат да се вадат луѓево демек ја имам мало дете и кај оно пешки ке одело? Чекајте малку за што е пуштена автобуската линија? Чисто онака да кажеме дека имаме или за што? Јас сум да се забрани да се оди со коли за викенди бидејќи навистина изгледа многу глупаво редици и редици од коли мислиш делат бесплатни бубрези. :cautious: Кој има дете, кој не може да се искачува и сл проблем постои автобуска линија на крај краева и да има до толку народ по автобусите ќе пратат по два автобуси на линија осталом автобус има на секои 30 мин.
 
Јас тој ден си бев во Бродец, Скопска Црна Гора. Жив човек нема, убавина, не знам зошто сите баш на водно се бутаат.
Можда зошто до Бродец од Центар има некои 30+ километри и околу 50 минути пат, а до Водно само 6-7 километри? :)

Не сум бил таму се' уште. Може ли да споделиш некоја фотка од местото? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom