За оваа тема сум се борел на многу форуми: Сум Македонец и чистокрвен Скопјанец и од двете страни, со имот и земјиште во Скопје и куќа во Чаир од 1911 од пра-дедоми, разрушена и направена зграда, социјализам јеб. га !!! Тврдам дека ова е најдоброто што може да му се случи на градот. Затоа што го градат Македонци по свое убедување, а не се палат на Кензо, и на београдске архиктетоне.
Прво Скопје по планот на Кензо е изградено ни приближно 30 %, пошто се немало пари, а и да не биде најфутуристичкиот град во СФРЈ, случајно да не му земе примат на Београд.
Ние сме најпознати по тоа што не ги довршуваме работите до крај, во крв ни е, а излгеда и нејќеме да го смениме тоа. Сега гледам дека некој почнува и прави нешто, гради нешто за да покажеме дека има нешто Македонско во тој град Скопје. Кое Скопје го зборувате бе, полно со сивило, без основен траг дека тука живеат Македонци, да не се црквите ни со тоа немаме што да кажеме. Кај ни е основната историја втемелена во архитектурата. Знам ќе има напаѓачи и ќе речат која црна историја ова се е украдено и е квази патриотизам. Да ама децата кои ќе се родат во 2020 ќе се прошетаат на плоштадот и ќе прашаат кои се овие споменици и кое се овие луѓе од историјата на Македонија (незнаете да ги набројте, а пола српска етрада знаете кога е родена). Тие не го знат вашиот сив плоштад на кои имаше тезги со партали и пакети. Треба еднаш да сватите за секогаш, дека кога се гради тоа не е за вас тоа е за идните генерации. Тој што правел куќа знае, тој што живее од стан на дедо му, и само го наследил и не направил ништо со свои раце, никогаш неможе да разбере што значи ти да изградиш, и потоа да си горд дека тоа е двое дело и дека ќе се гордеат и твоите вници што имаш изградено и што си им оставил.
Ова важи само за Скопјани, и тие што го живеле Скопје како деца во ‘90-тите.
За останатите опинци што тешко ви е да зборувате литературно барем малку (тоа не е Скопски) почитувајте дека сте на туѓа територија и прифатете ги правилата на тоа место, а не ги носите од селата. Не ин да зборуваш на мобилен Струмички (Дабиле) во градски автобус 20 минути и сите да знаат што правела пола твоја фамилија тој ден. Не ин да се влечете ко црева по чико, стрина, вујко по фирми, администрација и образование во Скопје. Не е ин да мислиш дека доаѓаш во Скопје и ти го освојуваш и да цепаш по принципите од таму каде што доаѓаш. Тука си има правила веќе, почитувај ги тие. Скопје е град со душа, ама тоа е така заради граѓаните кои што живеат тука. Не е се во Цеца, Пинк и Зведе гранда, има и Скинери, Панкери, Металци, Рапери, Скејтери и Блејдери. Има позитивни дечки што знаат што е модерен живот, вие директно од магаре на ролерки се качувате и тоа возите, по Кеј, ејјј.
Јас исто така сум Македонец, роден и растен во Скопје исто како татко ми, исто како дедо ми... Не се палам на Белград, не слушам Цеца и останата српска естрада и пак не ми се допаѓа новиот изглед на Скопје (со исклучок на некои објекти кои се навистина добри). И сега што правиме? На Скопје му требаше разубавување ама во модерен стил а не во барок. Вториот дел од твојот пост повеќе ми делува за друга тема.