Зошто Србија може да ги открие и промовира нашите музички таленти а ние не?

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Оваа мислам веќе подолго ми се врти низ главата. Пример беше Даниел Кајмаковски кој многу пати се обидел да успее во Македонија но не му успевало за потоа во Србија да биде откриен како талент. Во меѓувреме има многу примери а како последен ќе го издвојам Филип Божиновски кој иако победил на некое наптпреварување во Македонија организирано од М2 продукција буквално никој нема слушнато за него, за сега преку ноќ во Србија да му симињат капа на дечкото. Очигледно нашите продуцентски куќи се ориентирани на брз профит, носење на ѕвезди од ЕКС Ју запоставувајќи и игнорирајќи ги нашите. Очигледно е дека повеќе енргија трошат на промовирање на некој врскаџии и луѓе кои плаќат за нивната кариера место за промоција на вистински таленти. Не е ни чудо што сите од страна ни викат дека сме музикална нација а ние немаме еден пејач кој може да излезе надвор од државата.
Прочитајте и видете за што станува збор. Дечкото може Ламбе Алабаковски и компанија на мал прст да ги носи со гласот.
ВИДЕО: Ова е новиот ТОШЕ – Филип Божиновски растури во Ѕвездите на Гранд!
Објавено на 04 јануари 2015, 12:50

Скопјанецот Филип Божиновски (23) уште еднаш покажа дека сме расадник за пеачи и музика.Тој во настапот на „Звезде Гранда“ со песната на Здравко Чолиќ „Ноќ ми те дугује“ им покажа кој е ѕведата., Српските медиуми веднаш го прогласија за нов Тоше од Македонија.Некои му напишаа Браво Филипе ….Македонски !

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Ние сме шупаци, кои никогаш долгорочно не размислуваат, затоа немаме пари. А парите носат квалитет, шоуа, емисии, курови палови... И не дискутирам понатаму околу тоа, бидејќи се навлага во други теми, прилично излишни веќе. Тапкање во место, хохштаплерај итн.
Е сега, имав прилика да слушнам наши таленти...ако така може да се каже. Ние сме далеку од оаза на таленти, бидејќи кај нас од 100 пеачи 1 пее добро, додека другите се гурани од страна или премногу сањаат, па нема кој да им шљакне шамар. Така да кога ќе дојдат пред реално жири се посрани. Немаат аргумент.
Муабетот дека сме музичка нација....да, сме ама може да се преброиме на прсти. Кога ќе чујам фалш проследен со коментар не заслужи, требаше да помине и слично, не не сакаат , уа педери...сакам да фрлам нуклеарка на државава.
Позз
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Зато шо сме килава нација и секош се ориентираме кон некој веќе постоечки. Ако се јави добар гитарист, тоа треба да биде новиот Влатко Стефановски, ако се јави нов пеач, тоа треба да биде замена на Тоше Проески, и не само тоа, ако се јави добар поет тоа треба да биде новиот Блаже Конески и секоја појава во уметноста оди вака некако, и се губиме некаде низ оригиналноста, ја гушиме со овие ретардирани споредби, по вечита трка на нешто кое постоело некогаш и не подзадоволило. Од друга страна од старт го истиснуваме како понеквалитетно со споредбите од претходно и не го почитуваме.
Од трета страна србоманскава кампања ни ебава генерално матер, онака затаено, несвесно, а оние кои свесно ја препознаеле можат само да серат и мочаат од страна без да постигнат значајна промена. Од ѕвезде факинг гранда, до други нискобуџетни шоУа, каде имаме натпреварување, мерење курови и ефтини аплаузи од зад малите екрани, па се до посраните концерти на ѕвездити нивни кои за секоја ебена манифестација ги носат, било да е тоа прослава нова година, било да е тоа 1000-ти концерт на Цеца......

За продукцијата и фурањето гомна ѕвезди со 0 вокални способности од Џеј Џеј и компанија, потаму. Дотогаш слушаме сите Тајзи и играме весело.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Абе овој Филип Божиновски победи и на М2 пред 4 години, па ништо...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Како бе не ги откриваме, нели имаше Македонски идол, произлегоа добри таленти од таму. Пример детево


Го направија македонскиот тоше проески, па сеа го нема никаде, а требаше албум да прави, па не ти знам шо.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.140
Поени од реакции
15.885
М2 и Звезде Гранда не се споредуваат
У право си, на Ѕвезде гранда се фрцкаат полуголи женски коа пееш на сцена.

Патем, колку Тошевци се појавија у последно време?
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Какви се идиоти без глас, се на врвот на топ листите низ светов а вие споредувате м2 и ѕвезде гранда? Секој најголем антиталент може да биде светска музичка ѕвезда доколку има пари и добар тим кој ќе го промовира. Неаме ние такви луѓе со толкави финансии кои би вложиле во музиката. Нема што тука понатаму да се дикутира на темава. Многу глупа тема.[DOUBLEPOST=1420384236][/DOUBLEPOST]
У право си, на Ѕвезде гранда се фрцкаат полуголи женски коа пееш на сцена.

Патем, колку Тошевци се појавија у последно време?
Кога бил Тоше музичка ѕвезда алоооооо? Никој надвор од балканов незнае дека постоел. Нула сме ние затоа што сме сиромашни и тачка.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633
затоа што србите имаат огромна музичка продукција и се милион години предност организациски во музиката..........Македонија не е ни свесна очигледно со каков музички талент располагаме,посебно пеачки............кога гледам како настапуваат,секоја чест за повеќето..........и да,гледам српската комисија не ја цени баш македонската песна и мелос освен неколку песни кои и тие од жирито ги имаат пеено,другите се непознати за нив,па не ни знаат како треба да оди изведбата..........
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И немаме луѓе кои би правеле песни. Монопол држат неколку луѓе кои ги прават хитовите и тоа е тоа. 5 души се и цело време едно па исто вртат. Ко шаблони.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Нема врска кој прави песни, колку се тие глупи, кој ги пее колку е тој грд, глуп, недотеран и незнае да пее туку само колку пари и промоција стои позади циркусот.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Очајни се не велам не. Ама сето тоа се должи на пазарот. Македонија нема на кој да му продаде пејач. Вака скоро цела екс ју се покрива.
Не е само музиката, во сите сфери се среќаваме со проблемов.
Едно е што сме идиоти, друго е што сме премали.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Кога ќе се стават одредени граници на српскиот отровен турбо фолк тогаш може да има надеж за македонската музика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom