- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 10.082
- Поени од реакции
- 15.043
Викимапија е сајт за исцртување на мапи.
ВикиМапија е интернет извор којшто ги комбинира Гугл картите со вики систем, овозможувајќи им на корисниците да додаваат информации (во вид на забелешка) на било која локација на планетава. Проектот е лансиран на 24 мај 2006 и цели кон „опишување на целата планета Земја“.
ВикиМапија не е поврзана со Википедија и фондацијата Викимедија, но нивната страница изјавува дека „била инспирирана од Википедија“.
До мај 2014 на сајтот се исцртани повеќе од 23 милиони објекти од страна на регистрирани корисници или гости. Или во овој момент 23688592 објекти.
Викимапија е сајт со отворена содржина за копирање и користење на податоците внесени за објектите.
Проектот е создаден од русите Александар Корјакин и Јевгениј Савелијев. Името на проектот е преземена од Wiki филозофијата, и не е поврзана со Викимедија/Википедија.
Сајтот има некаде околу 2 милиони регистирани корисници.
Сајтот користи подлога за исцртување од Гугл Мапс или Бинг. Претежно се работи на Гугл Мапс.
Може да се исцртуваат секакви објекти како полигони (згради, куќи, продавници) или линии (патишта, реки, железници). Секој од овие објекти има можност за додавање име (повеќејазично) , слики, опис, врски кон Википедија и категории.
На сајтот може да се придонесува како гостин или како регистриран корисник. Гостите можат да додаваат објекти, но не можат да изменуваат постоечки. Секој објект има своја историја каде што има податоци што е изменето и од кого. Гостите се забележуваат по IP адреса.
Регистрираните корисници можат да создаваат листа на надгледување на било која територија интересна за нив. Во неа се прикажани измените на таа територија од други корисници.
Сајтот има и форум, на кои се разгледуваат проблеми и решенија за се на сајтот, како и поддршка за корисници.
Во секое време може да се побара помош од администратори и модератори по било кое прашање.
Врска: http://wikimapia.org/
Отворив тема на Кајгана од причина што ова е најмасовен форум во државава со цел да ја исцртаме Македонија попрецизно и што е можно повеќе. Викимапија е попријателска од Гугл Мапс од причина што на Гугл чекаш некој да ти ја одобри измената. На Викимапија измената е видлива веднаш по зачувувањето.
Викимапија е достапна на македонски јазик. Нема многу активни уредувачи од Македонија.
Населените места во Македонија се додадени и обележани. Патиштата исто.
Од населените места најдобро обележани се Скопје, Прилеп и Гевгелија.