Не гледајте така негативно на нештата...
Точно дека сме точка во точката во вселената, ама па од друга страна што има вселената? Ништо... Ваккум. Што имаат ѕвездите? Ништо, освен нуклеарни реакции... Црните дупки се тапа, ништо не се случува...
Од друга страна, тука на Земјата постои огромна разновидност, постојано нештата се менуваат, се нешто се случува.
Нема водопади на Сонцето, нема снег, нема дрва кои се менуваат неколкупати годишно... ништо не се случува освен нуклеарни експлозии...
Нема урагани во ваккумот, нема топло ветре, нема звуци од птици... досадно е.
Џабе е целата таа големина на вселената, кога промените траат неверојатно долго, кога се случува само едно нешто на огромен временски период.