- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Како што и сами забележувате после секоја жртва на насилство во Македонија, постојано се случува истото. Прво оди кратко известување за настанот, после евенуално уште некој детал и на крај се пренесува извештајот од МВР и тука завршува прикаската. Ако има жртви тогаш по правило се пренесува колку им е тешко на родителите, пријателите , сограѓаните и толку. Секако сето тоа е пропратено со навреди и омраза по социјалните мрежи и евентуална некоја самоиницирана тепачка. После некое време секој настан си заминува во историјата но огорченоста си останува да тлее зошто нокој неземал за сходно јавно да преговори за проблемите и да бара решение. Си заминуват млади животи а што праиме ние граѓаните има ли некоја граѓанска иницијатива која ќе се бори против насилството. НЕМА. Зошто. Затоа што партиските „невладини„ организации сеуште не гледат доволен плен во некакво здружение кое би се борело против насилството. Поважни се некој други работи. Што прават Медиумите пуштат турски серии тие се побитни одколку насилството во општината. Што пават инстуците? Ништо и тие се вртат во круг. Фати го пушти го. Носел нож. Нема врска мал е уште.
Еве ќе го земеме примерот на Ангел, што се случи после неговата смрт. Ништо детето си замина остана болката кај неговите родители а ние од сето тоа не научивме ништо. Епа почитувани софорумџии од вакви настани во некој држави се прават револуции. Еве земете го промерот со последното насилство од Германија. Си замина девојчето но после неа ќе останат милион дискусии, после неа ќе се формират еден куп граѓански асоциации, после неа во државата веднаш се покрена дебата ДАЛИ КАЗНИТЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕБЛАГИ и така натаму и така натами. И овој случај нема да се заборави туку со години ќе се повторува додека не се извлече некоја поука од него.
Ете тоа е разликата.
Само како инфо за убиеното девојче во Германија.
Паднала како покосена: Камерата ги снимила последните мигови од животот на храбрата Тугче
Ударот на Санел М. дошол како гром, без предупредување, пренесуваат денес германските медиуми, откако го објавиле видеото од нападот на 15. ноември, кое било снимено од камери преку улицата кај "McDonalds" во Офенбах.
Германските медиуми дошле до видео запис од последните моменти од животот на храбрата германска студентка со турско потекло, Тугче Албајрак, на кое се гледа дека таа, по ударот на Санел М., за кого се наведува дека е роден во Србија, паднала и останала неподвижна на бетонот.
Ударот на Санел М. дошол како гром, без предупредување, пренесуваат денес германските медиуми, откако го објавиле видеото, кое било снимено од камери преку улицата кај "McDonalds" во Офенбах, каде на 15. ноември Албајрак добила смртоносен удар, кога се обидела да одбрани две девојки кои биле нападнати во тоалетот од тој ресторан за брза храна, пишува BBC News.
"Падна како дрво", рекла една девојка која била сведок на настанот, додека заедно со уште неколку девојки стоела во близина на жртвата, а една од нив била во шок и се држела за глава, пренесуваат медиумите, наведувајќи дека видеото покажува како починатата девојка по ударот лежи неподвижно, а напаѓачот заминува.
Родителите на починатата Тугче побарале од медиумите да го повлечат видеото од последните мигови од животот на нивната ќерка.
Германија овој викенд, кога родителите на Тугче за нејзиниот роденден решиле таа да биде исклучена од апаратите, оддала почит за оваа девојка, студентка на педагошката академија, со петиција постхумно да ѝ биде доделен државен орден за заслуги.
Претседателот на државата, Јоаким Гаук, кој изразил сочувство до семејството, и ветил дека ќе се разгледа барањето.
За 18-годишниот Санел М., кој според германските медиуми бил роден во Санџак, медиумите пишуваат дека бил многу агресивен.

Последно уредено од модератор: