Богатите живееле на грбот на сиромашните. То е капитализам, во СФРЈ се воведе социјализам, да нема големи класни разлики, да нема искористувања на народот. Затоа и се одзедоа имотите на богатите и се национализираа, таков си е системот. Денес пак го вративме системот за кој ти сонуваш, му се вратија имотите на тие кои на кој им беше одземен или нивни потомци и пак го имаме системот богати - сиромашни. Ако во СФРЈ жената работеше за пристојна плата со менза, годишен одмор, платено прекувремено, К15, 13 плата, пакети за празници, 8 сати дневно... денес приватните газди ги тераат да работаат и по 12 сати во непроветрени простории каде паѓаат во несвест, нема боледувања, плата на папиру 8000, од ко ќе ја земе мора 2000 да му врати на газдата, нема никој да и ги заштити правата и за секоја ситница може да летне од работа. Така е во најголем број случаеви зато што така се создава богатство, не можеш ти да станеш богат газда ако му даваш добри услови на работникот, во една битолска мала приватна фирма измрзнаа луѓето оти уште газдата не пушта греење, луѓето шмркаат киваат кашлаат купуваат лекови си ќутат оти можат да останат без работа ако се пожалат, а газдата секој ден си рачуна (денес заштедив 50 кила мазут оти не пуштив греење) пред 2 години млад чоек од 30 години загина кај газда, непријавен на црно работел, газдата казнет оти не го имаше пријавено - чоеко си умре ни оштета ни пензија... знаеш дека во социјализмот ако се случеше некоја несреќа се ангажираше фирмата и општеството на семејството да му се помогне? не да му се даде една плата или 100 евра помош, да се вработи жената ако е невработена, децата да се пуштаат по одмори во детски одморалишта а подовцна и да студираат со помош на фирмата па дури и ако сакаат да се вработат еден ден во истата фирма, овде уште и ќе ти наплатат од семејството штетата од несреќата во која загина работникот.
Тој систем за кој ти кукаш беше добар за грст луѓе кои меѓу себе очи си вадеа кој ќе наследи на дедому фирмите или дуќаните, или за грст луѓе кои експлатиаа работници, не беше добар за народот, кој народ бе има симпатии за богати сопственици, и денес ги неќат затоа што гледаат на кој начин се стекнуваат со тие богатства.
А национализацијата ја направи тогаш народна власт, власт произлезена од револуција во која учествуваше народот, од неа повисока нема.