Терацо и плочки

  • Креатор на темата Креатор на темата peter
  • Време на започнување Време на започнување

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Сакам да реновирам едно купатило кое на подот има терацо. Дали мора да го кршам терацото, да ставам кошулица и да лепам плочки на неа или може плочките директно на терацото да ги лепам?
 
Сакам да реновирам едно купатило кое на подот има терацо. Дали мора да го кршам терацото, да ставам кошулица и да лепам плочки на неа или може плочките директно на терацото да ги лепам?
И јас сум во период на реновирање. Мене „плочкарот“ ми рече дека немало нешто поубаво за местење плочки од терацо.
Претпоставувам дека директ ќе ги мести, ама ќе видиме утре-задутре :)
 
Ај чекам резултат. Водоводџија да препорачаш?
 
Се лепи директно, чиста работа. Подот ќе дојде малку повисоко, ама не е ништо страшно.
 
Сакам да реновирам едно купатило кое на подот има терацо. Дали мора да го кршам терацото, да ставам кошулица и да лепам плочки на неа или може плочките директно на терацото да ги лепам?
Никако да не го кршиш терацото
Терацото е истовремено и хидроизолација и ако го искршиш само беља ќе направиш
Значи никако да не го кршиш
 
Никако да не го кршиш терацото
Терацото е истовремено и хидроизолација и ако го искршиш само беља ќе направиш
Значи никако да не го кршиш

Дали тоа значи дека би можел да си направам мала туш кабина само со подѕидана плочка, како на сликава, без да се плашам дека ќе прокисние кај комшиите?
Исто така, претпостувавум дека одводот нема да може се се однесе на друга страна на оглед на тоа што за да се направи тоа терацото ваљда треба да се крши...
Michelle-After-Shower-Floor.jpg
Parker_8_5-33.jpg
 
Некои и плочки врз плочки лепат па не врз терацо да не бивало. За кадичка подобро купи си таква пластична ниска, не би требало да чини повеќе од 4 илјади, ем нема гајле да имаш дали ќе прокисне ем нема да ти е толку ладно на нозете кога ќе се бањаш. Малку ќе ти ја зголеми инвестицијата ама еднаш се прави.
 
Парите не се проблем.. знам дека се ефтини, ама ефектот кој го има купатило без када е WOW. Плус тоа купатилото е верувај или не 2.89 квадрати а мене не ме собира у они малите 80х80.. :)
 
Парите не се проблем.. знам дека се ефтини, ама ефектот кој го има купатило без када е WOW. Плус тоа купатилото е верувај или не 2.89 квадрати а мене не ме собира у они малите 80х80.. :)
Баш од оваа причина направи си така. Без кадичка, со добра хидроизолација пред да ги лепиш плочките, потроши и цела канта со 3-4-5 раце ако треба, не жали (канта е 2000-25000ден), и со тоа ем ќе заштедиш во простор, ем е многу лично. На другар ми му направија така по моја препорака и е презадоволен. А и јас ќе го направам така еден ден, ..... кога ќе дојде на ред.
 
Jaс немам подзидана када ниту некогаш ќе имам
Додека се бањаме од нас паѓаат влакна и друго, значи секогаш се заканува опасност од затнување на одводот
Значи прави што ќе правиш - но гледај до одводот да имаш лесен пристап ради чистење
Не е лошо да погледаш по дуќаните има убави платични туш-кади
Гледај работава да биде пери-носи. Кога не ти се бендисува - правац во ѓубре.
 
Парите не се проблем.. знам дека се ефтини, ама ефектот кој го има купатило без када е WOW. Плус тоа купатилото е верувај или не 2.89 квадрати а мене не ме собира у они малите 80х80.. :)

Ако не те собира купена 80х80 нема да те собере ни ѕиданата. Се надевам дека во стан живееш и дека толкаво купатило не е направено во куќа, беси го мајсторот ако е така. Јас кај мене имам 4.2 квадрати и пред еден месец го правев, си зедов туш кабина со стакла и 30цм длабочина и супер е, ништо подобро. Само немав место за биде, ама и онака за мене е само фрлање пари за глупости.
 
Освен во Хубо, каде на друго место у Скопје може да е најдат стаклени цигли?
 
Ај некој ако знајт од прилика нека ми кажит колку пари би ме коштало за купатило од 7 кватрати да наместам подни плочки директно на кошулица. Значи како одат цените на Плочките, лепак и т.н.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom