- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.027
- Поени од реакции
- 12.536
Јас често поминувам низ Автокоманда и Ченто и можам да ти потврдам дека смрдеата низ тие населби која доаѓа од Железара е неподнослива.Значи не се лажете со железара, главниот фактор на зАгадувањето во скопје се автомобилите.
Нека измерат во недела кога 60% помалку раздвиженост има во градов, 60% почист е воздухот.
Како капак на се, пред некој месец работев на објект каде што некои од работниците кои живеат во Железара кажаа дека поминале 2 камиона со делови за филтрите на тие 2 печки и тука запреле сите активности за поставување на истите тие филтри на истите тие печки, немало никаква монтажа на филтрите.
Да, автомобилите и тоа како само придонесуваат за загадувањето, но тука мораш да го земеш во предвид фактот дека Макстил е во северно Скопје, а УСЈЕ е во јужно Скопје, што придонесува за постојан транспорт на метални производи од Макстил и на цемент и бетонски мешалки од УСЈЕ, поради што камионите се речиси неизбежни во градскиот сообраќај.
Така да, од една страна ги имаш моторните возила, а од друга страна ги имаш фабриките кои се сместени во населени места - каде што воопшто не им е местото, па од тука следуваат и масовното загадување и масовното труење во Скопје.
Намалување на употребата на возилата на фосилни горива може да се постигне со изградба на брз трамвај или уште подобро, со изградба на подземна железница, односно метро, но како што можеш да видиш, скопските градски власти имаат тотално поинакви планови - планираат класичен трамвај кој ќе учествува во останатиот сообраќај со возилата на фосилни горива, додека истовремено ги прошируваат улиците и булеварите што само дополнително придонесува за уште поголема фреквенција на возилата на фосилни горива во сообраќајот.
Вообичаеното оправдување на властите е дека брзиот трамвај не е потребен, а метрото е неисплатлива инвестиција - додека истовремено се повеќе од подготвени и расположени за дополнителни задолжувања и фрлања на народни пари за секакви глупости од типот на споменици, административни згради, катни гаражи - со кои буквално ги привлекуваат моторните возила - огради за мостови вредни над 1 милион и 200 илјади евра, вртелешки, панорамски тркала и бројни други глупости.
Така да, се на се, ги имаш 3 фактори кои придонесуваат за ваквото загадување, односно буквално труење:
1. Лошо организирана и лошо испланирана сообраќајна инфраструктура;
2. Лошо организирана и лошо испланирана индустриска инфраструктура;
3. Незаинтересираност кај властите за нагли промени во урбаното планирање, бидејќи вакви ситуации бараат нагли промени, а не постепено менување на урбаното планирање, како што прават со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов - оваа година проширување и асфалтирање од оваа до таа улица, до година наредно проширување и асфалтирање од таа до онаа улица, па наредната година трето проширување и асфалтирање итн. - не, со вакви влечкања не може во блиска иднина да се решат проблемите со сообраќајната инфраструктура и со индустриската инфраструктура, а се додека има ваква незаинтересираност кај градските власти, ќе продолжиме да се труеме поради загадувањето не само од моторните возила, туку и од Макстил и од УСЈЕ.
А немој да мислиш дека отровите кои ги испушта Железара не се чувствуваат и од другата страна на Вардарот, ако живееш во Ново Лисиче или во Аеродром, сигурно си ги забележал црвените облаци на лето и на есен, со исклучок на летото 2014 и есента 2014, бидејќи врнеше.
Последно уредено: