Едно чудо пцовки и навреди отидоа на контото на косовецот ама хммммм се ми се чини нешто дека не ќе да е се до косовецот..има тука и нешто друго. Истата случка на безмалку истото место (500м поблизу кон Скопје) се случи и со еманципиран, едуциран, воспитан, културен, одговорен, педантен .... скандинавец.
Одвоената горната лента (од Велес кон Катланово) е пробиена и пуштена во употреба некаде кон крајот на 70-тите години и тогаш оддеднаш двонасочната лента покрај Вардар стана еднонасочен “автопат“. Каков е тој автопат на кој нема лента за принудно запирање на целата негова должина (што е законска обврска чл.4 од законот за јавни патишта) или на кој на одредени места мора да ја намалиш брзината на 40км/ч како пред влезот во катлановскиот тунел.
Поминаа 40-тина години од тогаш а со прст не мрднаа да направат нешто таа делница навистина да заличи на автопатска. Се сеќавате пред 5-6 години, цели две години делницата Катланово - Велес беше затворена и сообараќајот се одвиваше по горниот автопат (линиите од тоа обележување на горната делница сеуште се познаваат). И за тие две години несметана работа (од паралелен сообраќај) не направија скоро ништо, не исправија ниту една кривина, не извршија проширување и да го доведат патот на ниво на автопат. Ги испраа парите и го пуштија во сообарќај. И после 2-3 години (лани или полани) повторно цела година се ебававме на тој пат кој повторно го реконструираа ама сега со паралелен сообраќај покрај градежниците. Повторно ни замачкаа очи, испраа пари, ниту една единствена кривина не исправија, за проширување да не зборувам...важно ги осветлија патарините да собираа арач.
Така да полека со дрвјата и камењата кон косовецот..