Референдум за независна Шкотска

  • Креатор на темата Креатор на темата The xx
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Шкотска ќе прогласи независност?

  • Да

    Гласови: 52 55,9%
  • Не

    Гласови: 34 36,6%
  • Неодлучен/а

    Гласови: 7 7,5%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .
Паметна одлука на шкотскиот народ, ова им е подобрата опција. Дури и да успееше референдумот подржувачите на независната опција никогаш немаше да надминат 51-52% подршка,а со таква подршка за прашања како независност не треба да се одлучува.

Не ги сфаќам овие шо викаат демек притисок, тајни служби и сл. заговри, па цело време на сите истражувања и анкети подржувачите на независноста не беа во водство, освен во последната недела, и тоа кратко затоа што веќе ден пред референдумот повторно водеа унионистите.

Белки ќе се смират малце и другите сеционитички движења сега, макар шо не верувам, ќе треба и Каталонците да поминат еден ваков референдум па да се помират со судбината.
 
Иако сум за независна Шкотска и цело време подржував позитивен исход од референдумот морам да го кажам ова за разлика од екс југословенските народи Шкотите се препаметни да се водат според емоции за практични прашања во животот што се разбира од финансиски аспект е подобро за нив.
 
Сите зборите за тоа каква кампања имаше за НЕ а никој не збори дека и ДА имаше ептен агресивна кампања, што е нормално. И да победеа овие со ДА, пак ќе беше премал процентот за да се прави држава. За вакви работи треба барем 2/3 од населението да биде согласно а најдобро е од 80 до 90 проценти минимално. Пример како што беше со Македонија 91-ва. А и тоа што намалија граница на гласање е ептен смешно.
Сепак испадна дека форумов е повеќе анти-империјалистички отколку Шкотска. Смешни ми се некои со изјавите „за жал Шкотска нема да е независна“, кога и самите Шкоти ете, барем за малце поголем процент - не го сакаат тоа.[DOUBLEPOST=1411111294][/DOUBLEPOST]
Сакаш да кажиш дека ние онака свесно и доброволно си ја поделивме државата на етничка линија кога референдумот против територијална поделба испадна несупешен. Ти на пример ако гласаше тогаш сигурно заокружи дека си за новата територијална поделба со која Скопје стана двојазично , а во некои други градови Македонците со придодавање на општини со претежно албанско население станаа или малцинство или во најмала рака општините станаа двојазични. Мислам стварно сериозен си ?

Да бе, зошто ситуацијата е баш иста и сме иста држава како со Шкотска. Не зафркавај, не мешај баби и жаби. Ако веќе споредуваш со нашата држава, спореди со референдумот во 91ва. Е тоа е веќе споредба на место.
 
Алекс Салмонд- Народот е во право,дури и кога греши...Или Бране беше ова,ај nevermind.:D
Секој што барем малце повеќе беше запознаен со ситуацијата од она што е достапно на интернет и фб знаеше дека нема да успее овој смешен референдум.Просто мнозинство,16 годишњаци со право на глас,претерано агресивна кампања на сецесионистите.Недај боже да се организираше референдум според нормални стандарди,разликата ќе беше многу поголема во корист на противниците на независноста.
 
Следи референдум во Каталонија, кој типувам дека ќе биде успешен. (како ги чекаме референдумиве ко Олимписки Игри да се! :D ).

Со тоа уште повеќе ќе се потенцира разликата меѓу народите во северна европа (од Австрија нагоре) и јужњаците. Кај нив едноставно го нема она уздисано гласање (во стил - Гласам ЗА/ПРОТИВ па што сака нека биде!), повеќе ги согледуваат последиците, попрво гледаат што ќе изгубат отколку што ќе добијат (наспроти ставовите на Мендела на пример). И најважно, last minute определувањето, кое го има кај многумина и кое самото Ви кажува дека ситуацијата не е толку радикална за да имаш цврст став, туку до последен момент се предомислуваш затоа што немаш големи разлики меѓу понудените опции за глас.

Еве, најголем дел од „разочараните“ за YES се напалени тинејџерки:

http://directo.cadenaser.com/Event/Referendum_de_independencia_en_Escocia?ssm=14092012-Ser-rs-1-Fb
 
Каталонците можат да добијат само војничка чизма у гз ко што добија баскијците.Не се шпанците енглези па да ги мазат.Тој референдум ќе има важност ко вчерашното прогласување на Илирида кај Скендербег.
 
Каталонците можат да добијат само војничка чизма у гз ко што добија баскијците.Не се шпанците енглези па да ги мазат.Тој референдум ќе има важност ко вчерашното прогласување на Илирида кај Скендербег.
Ти многу јак унионист бе :) Кај Шкотска, па и Каталонија не ја даваш. За Новорусија што мислиш? :icon_lol:
 
Од мапата шо ја стави @ElNinho се гледа дека Глазгов бил за, Единбург против, и тоа Единбург со јако против.

Каталонците би требало да изгласаат за независност на својот референдум, но за разлика од Лондон, Мадрид игра по други правила, и таму не се признава референдумот освен ако не биде на цела шпанска територија, а во тој случај нема ни теоретски шанси да победи опција за независна Каталонија.
 
Следи референдум во Каталонија, кој типувам дека ќе биде успешен. (како ги чекаме референдумиве ко Олимписки Игри да се! :D ).
Разликата меѓу Каталонија и Шкотска е огромна, Шкотите имаат многу поголема слобода и независност од таа во Каталонија, на пример имаат фудбалска репрезентација. Каталонија може да заврши со крв и на никој да не му трепне око за тоа
 
William Wallace се превртува во гроб. изгледа дека - they can take your freedom и тоа без борба. Тоа се моденрите времиња. На никој не му се ризикува да живее два три години со пониска плата, не па да гине за слобода. Ќути трај до....
 
Не дека ова ќе смени нешто или ќе влијае на конечниот резлутат , меѓутоа добро е да се видат неправилностите и измамите што се правеле на референдумот. Еве како е дојдено да победа

 
Се знаеше дека Англија нема така лесно да дозволи Шкотска да се отцепи, иако мислев дека стварно ќе изгласаат независност. Но со оглед на тоа дека имаше и неправилности при броење на гласовите не е ни чудно. Како и да било нека им е со среќа, ако ништо друго барем успеаа да добијат уште поголеми права и слободи, иако пак во склоп на Кралството.
 
Си пукаа у нога .... Од збор до збор... Крајно ДА бев за Шкотиве,а тие биле НЕ ... Ај следна рудна ќе биде можда пак брзо :D Каталонија е следна,можда 9 ноември,Шпанија уше сеа кажаа ќе биде нелегално,ама нема везе,Меси пак ќе клука у ребро во Мадрид :D
 
Последно уредено:
Си пукаа у нога .... Од збор до збор... Крајно ДА бев за Шкотиве,а тие биле НЕ ... Ај следна рудна ќе биде можда пак брзо :D Каталонија е следна,можда 9 ноември,Шпанија уше сеа кажаа ќе биде нелегално,ама нема везе,Меси пак ќе клука у ребро во Мадрид :D

Извини вака, како нема везе, нема да го признаат референдумот и готово, шо можат катанлонците против тоа. И ние не го признавме албанскиот референдум 1991 (или 1992 ли беше) и ништо не се случи.
 
На 24 јули 1967 година, Председателот Де Гол, на отварањето на изложбата Експо 67 во Монтреал извика
Vive le Quebec libre
Ете Шкотска сега ја пропушти оваа шанса
Но не заборавете Шкотска влезе во Велика Британија 1707 година како независна држава - и таа е и сега суштински независна
Никој не може да ги победи Храбрите
http://www.youtube.com/watch?v=PSH0eRKq1lE
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom