Значи збориме за народи што се обесправени и што немаат матица држава.
Сите овие на картава, вклучително и нашите делови имаат матица држава.
За да се оделуваат одредени наводно ''обесправени'' народи кои
имаат матица држава ама ете несакаат да живеат во државата кај што се наоѓаат мора да има дешавка како ова во Украина за да се мењаваат границите.
Шкотска и Шкотите како народ си се посебни и немаат своја држава затоа имаат право да си се отцепат бидејќи како народ немаат независна држава. Исто е и со Каталонија.
Уфф едвај го чекам исходот од резултатите утре вечер. Ќе биде весело после толку фрлени пари на антикампања народов у Шкотска да им врзе еден цигански шамар и да се одвои. Ќе биде некој гол утре вечер у 00саат и ќе му биде непријатно. Се надевам дека тоа ќе биде Принцезата Кејт.


[DOUBLEPOST=1410975887][/DOUBLEPOST]
CNN денеска спобудале скоро цел ден како е лошо Шкотска да се отцепи и дека централната моќ се планирала во следните години да се премести од Лондон во Единбург ... Англија прво вети поголема автономија ,сега и преместување во Единбург ?! Овие отидоа менто ментално Англичаните
CNN баш денес гледав беа смешка. Исто како BBC. Некои глупави анализи у смисла колку млади спортисти од Шкотска земаат стипендии од Владата во Лондон па демек како толку млади спортисти ќе останеле без парите, владата во Шкотска не им гарантира дека ќе ги стипендира, па колку медали Шкотите и носеле на Велика Британија, па како без фунтата ќе опстојат и такви некои глупи муабети...
Ова е тест за зрелоста на Шкотите како посебна нација. Пред се на оваа генерација.
Оваа генерација ако е спремна да почне од нула, да изгради држава од нула, како ние овде...секоја им чест. Од мене добиваат целосен респект. Кој народ не е подготвен да ги сноси сите последици, значи ако треба цела генерација да се жртвува ама во иднина после 20-30-50 години да им биде подобро на сопствените деца и сопствениот народ
во сопствена држава. Ако не се изгласа а продолжи овој тренд на Шкотската Национална Партија на сегашниов Премиер на Шкотска за едно 30 години може и порано ќе има друга генерација која ќе биде спремна за незазвисност и тоа е тоа. Како и да е секако еден ден ќе дојде крајот на Унија меѓу Англија и Шкотска. Шкотска е држава што била држава порано па така да и на Унијава ќе и дојде крајот еден ден.
Иначе едно инфо вака блиц што читав, со резервите не нафта и на природен гас во Северното Море Шкотска може да стане една од 20 најбогати држави во Светот. Налик на Норвешка.