Исоспан/Isospan

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Темава ја отварам со цел да научиме нешто повеќе за Исоспанот и градењето со него. Исоспанот е дрвено-цементен оплатен блок со вградена изолација (стиропор). Блоковите се поставуваат на веќе поставена арматура и се исполнуваат со бетон. Исоспан блоковите имаат способност за оддавање на влага, дрво-цементот е доста отпорен на временски влијанија, а во исто време поради порозната структура отпорен е на замрзнување.

prod18.jpg


Овој тип на градба и овие блокови се имаат употребено и во Македонија, а станаа познати со отварањето на блогот за изградба на куќа во Бардовци или попознат како sskuka.blog.mk

Pvc_15.jpg


Дали би граделе куќа со Исоспан?
Дали Исоспанот е здрав за живеење?
Кои се предности, а кои мани?
Дали куќата градена со обични шупливи блокови (цигли) е подобра од куќата изградена со Исоспан блокови?

:)
 
Колку за ваша информација 82-83 година се отвори фабрика во Куманово за сличен , да не речам ист ваков производ !
Никокаш не проработе асално ! Е сега поради кои причини не знам ама треба да се видат светските искуства на оваа тема .
 
Мене ме интересира од аспект на статиката, инаку за изолација не правиме муабет во споредба со обична цигла.
 
Од она што може да се види од првата слика , он у ствари е само оплатен блок а се армира и залива внатре со што се добива еден вид монолит , така да тој е статички благокажано - небитен .
Мене повеке ме интересираат практичните искуства од веке изградени објекти , да речеме пред 15-20 години , оти гореспомнатите кумановски производи беа доста нестабилни на атмосферски влијанија .
 
Од она што може да се види од првата слика , он у ствари е само оплатен блок а се армира и залива внатре со што се добива еден вид монолит , така да тој е статички благокажано - небитен .
Мене повеке ме интересираат практичните искуства од веке изградени објекти , да речеме пред 15-20 години , оти гореспомнатите кумановски производи беа доста нестабилни на атмосферски влијанија .
Јас колку што прочитав на нивната страна и низ интернетов, пишува дека бетонот (бетонското јадро) му дава на објектот цврстина и стабилност што го прави многу поиздржлив при земјотреси, стиропорот му давал топлинска и звучна изолација, а дрво цементот бил дополнителна заштита, зошто бил отпорен на замрзнување и мислам дека пишуваше негде отпорен на град.
Башка не морало да се става стиропорна фасада.

На прв поглед вака ми личи доволно цврсто во споредба со циглата, ама сепак сумљиво ми е. Зар би било подобро во однос на циглата која се користи илјадници години:)
 
Па тоа го кажав и јас во претходниот пост , армирано-бетонското јадро прави монолитна конструкција која е носивиот дел од објектот а блокот и стиропорот се изолација , нема потреба од дополнителна термоизолација . Така да нема што да се споредува со циглата таа во споредба со ова има сосема друга улога во градењето !
 
Па тоа го кажав и јас во претходниот пост , армирано-бетонското јадро прави монолитна конструкција која е носивиот дел од објектот а блокот и стиропорот се изолација , нема потреба од дополнителна термоизолација . Така да нема што да се споредува со циглата таа во споредба со ова има сосема друга улога во градењето !
Па затоа и во воведниот пост тоа ми беше прашањето.

Дали е подобро да се користи Исоспан или шуплив блок при градење на куќа?:)
 
Иако изгледа како класичен бетонски блок од сликите се гледа дека Исоспан има сосема друга функција при градењето . Додека класичниот керамички блок (цигла) се користи за затварање на просторот помеѓу елементите од рамконструкцијата (столбови и греди) при што внатрешноста на блокот останува празна , исоспанот е оплатен блок т.е. служи како оплата за внатре во него да се постави арматура и се залие со бетон , при што внатрешноста на исоспан блокот е исполнета.
На тој начин се добива монолитна конструкција на ѕидовите кои се носива конструкција на објектот заедно со плочата . За разлика од нив при градбата со класичен блок носечка конструкција ( која го држи објектот ) се столбовите , гредите и плочата .
Од понудата на македонскиот дилер на овие производи се гледа дека имаат и внатрешни преградни без изолација ама се на исти принцип со бетонско јадро.
На прашањето со што е подобро да се гради ке мора да си одговори секој сам , секој од овие елементи има плусеви и минуси . Топлотната изолација може да се постигне и на овој и на друг начин , единствена предност што ја има класичниот блок е што се докажал како постојан со времето.
Не велам дека и исоспанот нема да е издржлив , само му фалат едно 50-60 години примена и искуство од таа примена .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom