Добро, зошто сите мислите дека луѓево што вредно работат за својата цел би ја примиле вашата милостиња и сожалување?
Ако сакате да им помогнете најубаво е да се ургира како народ за да се вработи мајката и таткото на детево на некое добро место.
И не се само они, ехе да знаете уште колку луѓе страдаат.
Милостината не ни сакаме да ја примат, туку поддршката. Некогаш е доволно да знаеш дека не си сам и дека ако ништо друго, луѓето околу тебе те поддржуваат.
Убаво е вакви вести што излегуваат за да се види во која беда живее македонското население. Некој со срце ќе го прочита ова ако ништо друго и ќе помогне. Тоа е добрата страна на објавената вест.
Што се однесува до вработувањето за родителите, тука треба државата да превземе мерки, затоа што за да се вработиш кај нас, или ќе влезеш со врски од пријатели, или ќе бидеш со книшка вмровска и ќе те вработат од партија. Кај нас може да успее човек со 8мо одделение, а човек со врвно знаење ќе нема пари леб да си купи.
Млад партиски неопределен човек на работа не примаат, а камо ли пак човек кој е во средните години од животот или пак е постар и истрошен...
Тие ги баталуваат на милост и немилост и не ги примаат никаде...
Па и кога ќе речат „работа има, а на младите не им се работи“

Има да. Како на АВРМ што прават...
Прво си ги примаат луѓето, па тек тогаш го објавуваат огласот за работно место.
Па ти будали се, праќај сиви и чекај да ти се јават со години...
Јас искрено се надевам дека на детево ќе му се овозможи шанса да отиде во странство што е можно побрзо, за да не порасне во оваа мизерија со тој голем ум што го има.