- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Многу често се револтирам од односот и (не)свеста кое го имаме кон највредното нешто што го имаме а тое е живот. Лично ми се случувале многу екстремни ситуации. На пример неосветлени возила особено трактори, запрежни коли и особено велосипеди. На овие луѓе животите им вредат 100 до 300 денари кои треба да ги дадат за да си го осветлат возилото.
Од друга страна се одговорните во разни области. Како пример и причина која ме наведен да ја отворам темата е последната хеликоптерска несреќа која заврши кобно за 4 пилоти. Во нивниот случај животите им вредеа никакви 130 илјади евра кои се потребни за осветлување и сигнализација на антенските столбови. Луѓето загинаа и тоа е само посебе страшно но уште пострашно е што без око да им трепне никој не превзеде одговорност. И ве молам без политизирање затоа што ова осветлување сме требале да го имаме и пред 50 години така да сите до еден се криви од Тито па се до денешните. Ова се однесува и на железничките премини кои и понатаму се без потребна сигнализација и заштита, а се случија милион несреќи.
Битно е да кажам уште дека за мизерната безбедност во сите области во нашето општество сме криви сите ние почнувајки од најобичниот граѓанин кој секојдневно минува на пешачки на црвено, па се до институциите.
По хеликоптерската несреќа во Струмица, МРД ќе ги осветлува антенските столбови
Речиси по два месеца од кобната хеликоптерска несреќа во Струмица каде загинаа четворица пилоти на полицијата при удар во антенски столб на МРД, радиодифузија објави тендер за осветлување на антенските столбови на територија на цела Македонија.
Во јавниот повик стои дека проценетатата вредност на тендерот е 8.000.000 милиони денари или околу 130.000 евра без вклучен ДДВ.
Во тендерската спецификација како објаснување стои:
„Работи за изведба на целосен систем за осветлување и сигнализација на антенски столбови (систем за светлосно обележување на воздушни препреки)“
Пред речиси два месеца полициски хеликоптер се удри во антенски столб на МРД во Струмица и загинаа четири врвни пилоти.
Пилотска грешка како причина за несреќата беше исклучена од истрагата на полицијата, а очевидци тврдеа дека хеликоптерот удрил во 120 метарски столб на Македонска радио дифузија кој воопшто не бил осветлен.
Антенскиот столб на МРД во Струмница е еден од 46-те кои се наоѓаат на територија на Македонија и бил користен од Македонско радио како предавател на средни бранови.
Македонска радио дифузија во деновите на несреќата не одговараше дали антенскот столб бил осветлен според правилата и прописите со објаснување дека нема да коментираат додека не заврши официјалната истрага на полицијата
А1 стапи во контакт со МРД, за да праша колку антенски столбови се осветлени според пропишаните правила и прописи а колку не се воопшто осветлени. Од таму одговорија дека тоа се информации од јавен карактер и доколку сакаме одговори да ја искористиме алатката за слободен пристап до информации.
Дел од медиумите пишуваа и за други неосветлени антенски столбови на МРД во охридско.
Бојан Стојановски
http://a1on.mk/wordpress/archives/378272