Пушки, микроби, и челик: Судбината на човечките општества

  • Креатор на темата Креатор на темата tomsaso
  • Време на започнување Време на започнување

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Значи се работи за книгата Guns, Germs and Steel od Jared Diamond.

Се работи за светска историја, односно историја на народи што не се европски. Или најточно книгата пробува да ги разбие расистичките аргументи преку разарботка на историјата на американските индијанци, црнците во африка, абориџините во автстралија и полизенијцте ни окејанија и Нова Гвинеја.

Имено европјаните биле посилни затоа што имаче пушки, микроби, и челик.

Авторот дава одредени гледишта од типот на тоа дека другите народи во светот(не-Европските и Не-Кинеските.. т.е не-Евроазиските) се соочиле со случај на околнсти од типот:
- Немање животни за доместицирање т.е припитомивање (Американски Индијанци, абориџини во Австралија)
- Животни кои не се припиромливи (Африканци)*
- Континентални оски кои не лежат на исти напоредници т.е lattitude, односно за споделување на идеи, технологија и микроби.. т.е главната оска на евроазија е исток-запад додека на америка е север-југ.. според тоа климата не е иста за народите да споделуваат.
-Одсеченоста од светот географска на некои народи (Австралиските абориџини)*
- Немањето на растија кои може да се одлгедуваат..
итн тин..



Тоа е онаа забранета дебата денес во модерниот свет.. Зошто белиот човек да има суперирорна технолоигија,бактерии и челик а скоро секаде да среќава примитивни ловици собирачи кои се наоѓаат во камено време..

Се согласувам со повеќето од книгата, точно е дека географски, и прирдни услови имаат одиграно голема улога во одредување на не-напредокот на народите на Африка, америка, Аврстралија и окенаија. Исто така точно е дека напредокот се себекатализира.. Така да до тркалото е тешко, после до воденцита е полесно, од компјутерот до смартфонот пак е многу полесно. Односно 10.000 години Евроазиска цивилзација едните ги однесе многу напред а другите не мрднаја.. Да не заборавиме дека и европјаните живееа десетици илјади години како ловци-собриачи т.е во камено време..


Ве поканувам да дебатираме за кингата и главните поенти што ги носи...

Посебно би ги замолил модераторите доколку би дозволиле да ја слушниме критиката на другата страна- расистичките аргументи... Односно дајте некој уништете ги главните поенти на оваа книга..
 
Потребата за ресурси.
Белата раса или Стара Европа одсекогаш се стремела во потрага по нови ресурси, остварување врски со други народи, трговска размена и сето тоа придонесува за ширење на нејзината моќ.
Не били ниту попаметни ниту поразвиени.
Една древна Кина била стотина години понапред културно и технолошки па останала да тапка во место. Додека најразвиениот град во Европа, Лондон се давел во лајна и чуми коселе во секое населено место. Кина има развиен канализационен систем и урбани средини за кој тогаш Европјаните можеле само да сонуваат.
Кина имала стопати подобра морска флота и бродови кој можат да го препловат целиот Атлантик без око да им трепне.

Scienceblog-Balanhai-Zheng_He_ship_compared_to_Columbus_rev1-Final-2.jpg

Бродот на Кристофер Колумбо спореден со бродот на Женг Хе за време на Минг Династијата. Исти временски период а која технолошка разлика.
Па еве ги Кинезите...Не гледам да створија некој колонии ни во Австралија ни во Америка.
 
@tomaso Имаш многу правописни грешки во текстот.
Потребата за ресурси.
Белата раса или Стара Европа одсекогаш се стремела во потрага по нови ресурси, остварување врски со други народи, трговска размена и сето тоа придонесува за ширење на нејзината моќ.
Не били ниту попаметни ниту поразвиени.
Една древна Кина била стотина години понапред културно и технолошки па останала да тапка во место. Додека најразвиениот град во Европа, Лондон се давел во лајна и чуми коселе во секое населено место. Кина има развиен канализационен систем и урбани средини за кој тогаш Европјаните можеле само да сонуваат.
Кина имала стопати подобра морска флота и бродови кој можат да го препловат целиот Атлантик без око да им трепне.

Бродот на Кристофер Колумбо спореден со бродот на Женг Хе за време на Минг Династијата. Исти временски период а која технолошка разлика.
Па еве ги Кинезите...Не гледам да створија некој колонии ни во Австралија ни во Америка.
Да ама не е тоа муабетот. Муабетот е зашто доморотците што не се од Евроазија не се развивале. Кинезите пак спаѓаат во Евроазија.
 
@tomsaso не сакам да ситничам, но мислам дека треба да го смениш насловот...микроби > бактерии
што се однесува до темата, има потенцијал за дискусија, иако начелно се согласувам со авторот, сепак теоријата има многу недостатоци и дупки
 
Се е до географската местоположба и комуникациите. (трговски, културни, воени итн)
 
@tomsaso не сакам да ситничам, но мислам дека треба да го смениш насловот...микроби > бактерии
што се однесува до темата, има потенцијал за дискусија, иако начелно се согласувам со авторот, сепак теоријата има многу недостатоци и дупки
Работата е што Germs не е баш бактерија.. Germ е микроорганизам и вклучува повеќе катергории.
http://en.wikipedia.org/wiki/Microorganism
http://en.wikipedia.org/wiki/Germ

И јас се согласувам со авторот, но не може се да се објасни со една книга и една теорија т.е envorimental determinisam.
Во врска со дупките на пример спомнува дека Австраилиските абориџини имале контакт со лакот и стрелата и сепак не го усвоиле како технологија.. Понатму од 51 цицач достапен на африканците тие не доместицирале ниту еден. Додека пак во еворазија(месопотамија) околу 18% од цицачите што биле достапни се доместицирани..
 
Се е во менталитетот и достапноста на природните ресурси. Најчесто за да има напредок (и индивидуален и на ниво на народи-племиња) треба да има одредено ниво на стрес - недостаток или недостапност на храна и останати потреби. Штом не постои лесна достапност на храна, безбедност и сл. - тогаш мозокот кај луѓето работи со 150 % капацитет. Крчењето на гладниот стомак е најголемиот интелектуален стимул.
Во Афика и Австралија има релативно пријатна клима, нема потреба да се бориш за да обезбедиш живеалиште, облека, оган да се трудиш да палиш, да ловиш храна која се движи со голема брзина односно бега :) (треба да смислиш оружје за лов и одбрана, но и систем на стапици, плетење мрежи за риболов и сл.). Покрај тоа, цивилизацијата (онаа која ја изучуваме нели?) се базира и на грабеж и трупање на богатство во тесен круг на луѓе, кои мора да измислуваат писмо (што најголемиот дел од населението не го разбира) развој на нови и нови оружја, уметност која ќе ги велича владетелите, потоа развој на нови борбени тактики и стратегии, одбрамбени зидини (развој на градежништво и архитектура, воедно и развој на занаети за обработка на камен, дрво, стакло), потоа развој на бродоградбата со кое ќе се транспортира нова роба која ќе трупа ново богатство за поединците и т. н. и т.н....
Во Африка, Северна Америка и Канада, Австралија, Арктичкиот круг - Сибир, Аљаска на пр. немало развој на цивилизација зато што немало критична маса на луѓе што ќе се соберат околу доволно алчен водач кој ќе ги стимулира и плати луѓето да смислуваат пронајдоци, а храна имало достапна скоро на секое дрво за што не морале да се трудат ни да размислуваат како да дојдат до неа (освен северниот поларен круг каде што мораат да се потрудат да ловат животни).
Основно е дека луѓето мора да имаат зорт за да се потрудат и да ги вклучат мозочните вијуги.
Мислите дека ова што денес го имаме во светов е некаква цивилизациска придобивка? Или дека некој денес би составил дела како Илијада и Одисеја, Антигона, Махабхарата и Рамајана, Ведите, Библијата, Египетските списи (книга на мртвите на пример), Гилгамеш, дали би ги направил некој денес оние скулптури, градби (пирамиди, зигурати, градови со канализација и водовод од пред неколку илјади години) уметнички дела и т.н. и т.н.? Што е цивилизациска придобивка денес и дали човештвото напреднало во хуман, интелектуален, психички и морален поглед повеќе од некогаш? Имаме само напредок во технички смисол (и тој е насочуван во оние аспекти кои носат најголем профит), но во интелектуален сме неколку скалила подолу. Покрај тоа, во посочените континенти, во древност цутеле многу развиени цивилизации, тогаш кога во Европа растеле само лишаи.
Всушност, Европската цивилизација не суштествува подолго од 5 века...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom