Значи да, реалноста може да биде лажна исто како и виртуелната реалност. Може и сите ние сега живееме во нечија виртуелна реалност, и сме програмирани ботови, кои имаат некоја цел во животот не зошто сакаат, туку зошто така ги програмирал некој. Секој кој скршнува од патот е bad bot, кој евентуално е уништен ... (забегав sry)
Целата таа идеа, каде ти ќе бидеш гејм мастер и никој ништо не ти може, и ти ги поставуваш правилата, и сите се баш како што ти сакаш е супер, но не е вистинско.
Плус, ако веќе креираме виртуелна реалност, за самите нас, почнуваме од тоа што го познаваме, растенија, животни, луѓе. Ако им ги додадеме истите карактеристики кои сега ги делиме, сите тие ќе тежнеат кон една цел и исто ќе се однесуваат како и луѓето што те опкружуваат во реалниот свет. Значи, ништо не си постигнал. Пак си направил „реалност“ каде што ги добиваш истите резултати како и во својата првична реалност. Ако ти работи малце повеќе фантазијата, можеш да креираш свет каде би имало суштества на кои ти би им дал карактеристики, но тргнувајќи од фактот што пак ќе се користиш со инфо што ти е познато, пак ќе бидат „човечки“ карактеристики (бес, гнев, љубомора, среќа, тага, егоизам и т.н) кои пак би ти креирале human-like креатури.
Нашето ниво на свест не е толку развиено за да препознаеме други чувства или карактеристики кои би ни овозможиле да креираме нешто ново и невообичаено.
Муабетот ми е дека и тој виртуелен свет би тежнеел накај реалниот, зошто реално такви сме (без разлика дали сме од битови или од хемиски реакции создадени). Пак ќе има војни, владетели, силувања, глад, сиромаштија и се друго што го прави реалниот свет срање. Единствено ти ќе бидеш тој на кој очајните луѓе би се молеле, во момент на слабост.
Да пеер, прекрасно е да бидеш бог, со моменталната свест што ја поседуваме (sarcasm)