Треба ли религиозните предмети да се користат како посредници помеѓу луѓето и Бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anicka555
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 април 2014
Мислења
138
Поени од реакции
57
Милиони луѓе им оддаваат почит на религиозни предмети затоа што веруваат дека на тој начин му служат на Бог.Но Обожавањето на религиозни предмети нема никаква поткрепа во Библијата.„Немој да си правиш режан лик, ниту што и да е друго што личи на она што е горе на небото, или долу на земјата, или во водите под земјата. Немој да им се клањаш, ниту да им служиш“ (2. Мојсеева 20:4, 5), „Бегајте од идолопоклонство!“ (1. Коринќаните 10:14) И што е многу битно за оваа тема, и Самиот Исус Кога ги поучил своите следбеници како да се молат, тој не им рекол притоа да користат религиозни предмети. Самиот концепт Бог да се обожава преку религиозни предмети го нема никаде во Христијанските грчки списи. ШТО мислите вие за овие изјави? Дали ваквиот став е исправен?
 
Zaso da ne be ....Mene na primer najveke mi se dopaagaat ortodoxnite mirizlivite elki(za u kola) so likot na bogorodica!

orthodox+air+freshener.jpg
 
Бидејќи и библијата е предмет, дали истата треба да се користи како посредник помеѓу луѓето и бог?

П.С.
Да не е малку утнат подфорумот?
 
Бидејќи и библијата е предмет, дали истата треба да се користи како посредник помеѓу луѓето и бог?

П.С.
Да не е малку утнат подфорумот?
да го утнав :) али касно видов,:([DOUBLEPOST=1407342934][/DOUBLEPOST]
Податоци од сајт за Јеховини Сведоци? WTF dude?
Даааа бравооо погоди:)
 
Иконоборството одамна заврши колку што памтам јас ...
 
Па не ни мислам дека религиозната уметност (на пр. иконите) се користат за било какво посредување помеѓу луѓето и „бог“. Претставуваат тоа што се, уметност, арт.
Преку слика полесно се пренесува некаква порака и секој може да се поистовети со тоа што е нацртано на сликата, и на некаков начин да го сфати концептот за „бог“.
Не мислам дека тие предмети имаат некоја волшебна моќ и дека ќе не спасат, но човек може секогаш да се надева.
 
Преку слика полесно се пренесува некаква порака и секој може да се поистовети со тоа што е нацртано на сликата,и на некаков начин да го сфати концептот за „бог“

Каква порака тогаш би пренесле овие икони? Најава за следната сезона на "Game of Thrones"?

STGeorge1.jpg

jovan-krstitelj.jpg

-Самото Христијанско учење го отфрла иконопоклонството како дел од христијанската вера.Иконите се појавени подоцен период од појава на Христијанството и се вклопуваат како дел од него,како што ја нарече “Христијанска уметност“ или појава на првите стрипови,затоа што мотивите се Библиски случки. Денес,истите тие се поддржани од самите Христијански институции затоа што сите тие предмети “крстови,кандила,икони,амалјии“ носат добар профит.Единствено Баптистичката црква го проповеда христијанството онака како што налага.
 
Најпрво СРАМ ДА ТИ Е за она болдираното што си го напишал!!! Со тоа го вреѓаш и Христијанството и светците на тие икони и Христијаните!!!

По ова веднаш сфаќам дека не си верник...... туку дека имаш нешто против верата. Ти незнаеш што кажуваат иконите, затоа што и не ги знаеш светците.

На првата икона е Св.Ѓоргија. Еден од Христијаните кои биле горди за тоа што се Христијани и го бранеле Христијанството. Св.Ѓоргија му се спротиставил на римскиот цар Диоклецијан кој ги прогонувал и убивал Христијаните. Поради тоа и бил фрлен во затвор, но ги издржал надчовечките мачења и станал Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

На втората икона е Св. Јован Крстител. Св. Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан. Бил убиен од страна на злобната Иродијада. Таа не дозволила главата да му биде погребана на истото место каде и телото, затоа што и било страв Пророкот да не воскресне, но нејзината дворјанка Јоана ја откопала главата и ја закопала на Елеонската Гора во Ерусалим. Главата подоцна била најдена и од друг човек. Од главата на Св. Јован Крстител се извршиле многубројни чуда, а на неговите Свети мошти им се дал дар на чудотворство.

Преку иконите на човекот му е многу полесно да ја искаже пораката, односно она за кое тоа он се моли. Верувај и иконите имаат некоја сила. Иконите во црквата Св. Димитрија се доказ за тоа, детето кое паднало во кома од Србија и чија мајка се молела речиси секој ден на иконата на Св. Петка е доказ за тоа.... после неколку дена се појавила икона исцртана на чаршавот врз кој спиело детето, а детето станало од кома...... има многу такви случки.

Човек е најважно да верува, да чини добро и да се моли.... само така Господ, Христа и светците ќе му помогнат. Верата е најважна. Иконите се дел од Христијанството, едноставно имаат некоја сила која на човек му ја даваат додека тој се моли.
Ова не го кажувам да речеш на онака......, го кажувам од лично искуство.

:)
 
Eдинствен предмет кој е 100% сигурен во посредство на човек кон Бог - се новчаници.
Денар, динар, марка, гулден долар јен евро....
Големите донатори на црквата се запишуваат на зидови на цркви и манастири а пошо Госпо често посетува цркви и манастири тој ги гледа имињата ги памти и ко ќе умри некој шо дал на пример 50 иљади евра на црква тој ќе го познај и ќе му даи место во рајот.
Без пари поп не ти пее, не те крштева не те венчава, не те закопува. Имај си ти 100 икони дома, џабе е ако немаш 50 евра за опело - душата ќе нема кој да му ја препорача на Госпо.
 
Преку иконите на човекот му е многу полесно да ја искаже пораката, односно она за кое тоа он се моли. Верувај и иконите имаат некоја сила. Иконите во црквата Св. Димитрија се доказ за тоа, детето кое паднало во кома од Србија и чија мајка се молела речиси секој ден на иконата на Св. Петка е доказ за тоа.... после неколку дена се појавила икона исцртана на чаршавот врз кој спиело детето, а детето станало од кома...... има многу такви случки.

Ова не го кажувам да речеш на онака......, го кажувам од лично искуство.

:)

Немам ништо против Христијанството туку против иконите а темата беше “Дали се потребни предмети како посредници помеѓу луѓето и Бог“. Како,мобилен телефон за да се слушниш со друг човек, дали за да разговараш со Бог потребни се слики на Св.Ѓорѓија кој би бил гласникот во случајов за пораката која ја испраќаш до БОГ или потребно е да се најде своја лична конекција со Бог? А ти,мали ѓокица,ми изнапиша еден тон глупости,кои викаш дека се од лично искуство иако знам дека не си ни присуствувал на молитвите кај жената во Србија што и се исцртала икона на чаршафот,но ајде,плодна фантазија.
п.с. Пастирај ми дел,каде библијата вика “Нацртајте икони и молете се над нив“ (доколку ја имаш читано) за да биди веродостоен твојот текст.
 
Ова би било валидно доколку библијата е света книга правила и стрикно се придржуваме кон нив, а не како книга со правила која е пишувана за конкретен период и конкретно општествено уредување (како што и вистински е)
Целта на иконите не е да се молиме над нив, туку да се интерпретира напишаното преку слика. Зошто многу поголемо е влијанието кај народот, доколку сите тие случувања опишани во библијата се интерпретирани преку слики. Секоја икона има симболика, дали преку боите, дали преку поставеноста на ликовите, изразите на ликовите и сл.

забелешка: Мислам дека темава треба да оди (или да се спои со слична тема) во Религија. Па и @MIKI1 да се приклучи кон дискусијата
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom