Каква порака тогаш би пренесле овие икони? Најава за следната сезона на "Game of Thrones"?
-Самото Христијанско учење го отфрла иконопоклонството како дел од христијанската вера.Иконите се појавени подоцен период од појава на Христијанството и се вклопуваат како дел од него,како што ја нарече “Христијанска уметност“ или појава на првите стрипови,затоа што мотивите се Библиски случки. Денес,истите тие се поддржани од самите Христијански институции затоа што сите тие предмети “крстови,кандила,икони,амалјии“ носат добар профит.Единствено Баптистичката црква го проповеда христијанството онака како што налага.
Најпрво СРАМ ДА ТИ Е за она болдираното што си го напишал!!! Со тоа го вреѓаш и Христијанството и светците на тие икони и Христијаните!!!
По ова веднаш сфаќам дека не си верник...... туку дека имаш нешто против верата. Ти незнаеш што кажуваат иконите, затоа што и не ги знаеш светците.
На првата икона е Св.Ѓоргија. Еден од Христијаните кои биле горди за тоа што се Христијани и го бранеле Христијанството. Св.Ѓоргија му се спротиставил на римскиот цар Диоклецијан кој ги прогонувал и убивал Христијаните. Поради тоа и бил фрлен во затвор, но ги издржал надчовечките мачења и станал Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.
На втората икона е Св. Јован Крстител. Св. Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан. Бил убиен од страна на злобната Иродијада. Таа не дозволила главата да му биде погребана на истото место каде и телото, затоа што и било страв Пророкот да не воскресне, но нејзината дворјанка Јоана ја откопала главата и ја закопала на Елеонската Гора во Ерусалим. Главата подоцна била најдена и од друг човек. Од главата на Св. Јован Крстител се извршиле многубројни чуда, а на неговите Свети мошти им се дал дар на чудотворство.
Преку иконите на човекот му е многу полесно да ја искаже пораката, односно она за кое тоа он се моли. Верувај и иконите имаат некоја сила. Иконите во црквата Св. Димитрија се доказ за тоа, детето кое паднало во кома од Србија и чија мајка се молела речиси секој ден на иконата на Св. Петка е доказ за тоа.... после неколку дена се појавила икона исцртана на чаршавот врз кој спиело детето, а детето станало од кома...... има многу такви случки.
Човек е најважно да верува, да чини добро и да се моли.... само така Господ, Христа и светците ќе му помогнат. Верата е најважна. Иконите се дел од Христијанството, едноставно имаат некоја сила која на човек му ја даваат додека тој се моли.
Ова не го кажувам да речеш на онака......, го кажувам од лично искуство.
