Поштувањето на родителите од денешниве деца.

  • Креатор на темата Креатор на темата Smeils
  • Време на започнување Време на започнување
Од аспект на син ќе кажам дека имам чувство како моите родители да бараат нешто за возврат поради тоа што ме изгледале и ми пружале се. Истиот муабет го имам и со нив, да сум ги поштувал незнам ти што. Не знам што подразбирате под тоа поштување, ниту ги тепам моите, ниту се дрогирам, ниту пијам, ниту пушам. Секогаш мајка ми прави да чувствувам грижа на совест што тие решиле да имаат деца и што одвојувале се за мене и сестра ми а за нив скоро ништо. Не се свесни колку добар син сум, штедам, не се расфрлам, паметен сум, готвам, чистам и единствена маана ми е што некогаш сум дрзок, недруштвен и намќор (боже мој, не сум совршен!).
Мојата порака до загрижената мајка е: споменик ќерка ти нема да ти изгради (споменик само Владата може да ти изгради), доколку не си воспоставила здрав однос со нејзе од самиот почеток. Овде ќерка ти не ја гледам како негативец туку подеднакво сте виновни а многу повеќе ти отколку таа. Повеќе среќа со другите дечиња.
 
Колку повеќе задоволени толку повеќе разгалени и непочитуваат возразни.
За ваквото однесување во некои семејства вина имаат дедовците и бабите
 
До некаде тоа е така, бидејќи твоите деца си ги разгалила, а и можно е да раснеле во лошо друштво кое има огромно влијание врз нивниот карактер.

Имам приметено дека децата кои растеле измачувајќи се за подобар живот израснале во правилни личности, а децата на кои се им било послужено на тацна и без никаква мака раснеле прераснале во разгалени, дрски и арогантни луѓе.

Но не се нервирај, гледај здраствено да бидеш добра, децата порано или подоцна ќе сфатат што значи мајка и самите ќе дојдат кај тебе :)


Патем ти посакувам побрзо оздравување :)
 
Јас мислам дека овде има само мал дел од третина од приказната и тоа раскажана единствено од твоја страна.

Прво не знаеме колку години има ќеркати? Дали е полнолетна или не, дали е тинејџерка?
Навистина колку години има?

Второ, од она што го прочитав јасно е дека ти и таткото не сте во добри односи. Можеби за тебе тој човек не чинел меѓутоа немој да заборавиш дека тој и е татко и она сепак го сака.

Има тука многу повеќе во позадина отколку она што го кажуваш. Најверојатно си пишала тука со цел да добиеш поддршка од нас и да си ја олесниш душата, но сепак не е во ред сама себеси да се залажуваш.
Без конкретни информации ние не можеме да ти помогнеме, ниту да ти олесниме.

Тебе повеќе те боли што ќерка ти го почитува татко и отколку тоа што не те почитува тебе, тоа е вистината.
 
Би требало насловот да е ПОЧИТУВАЊЕТО а не ПОШТУВАЊЕТО..
 
Немам деца, ама имам родители и доста специфичен (не)однос со нив.
Да зборам од аспект на ќерка. Од старт ќе кажам дека тоа што ни овозможиле леб, кров над глава и образование не значи дека треба сега да биде причина да им се клањаме дури и кога не се во право, кога ќе напраиш дете и ќе го родиш, пред се ти е обврска, а после тоа и доста човечно да го изгледаш како шо треба, да му овозможиш некој достоинствен живот.
Секој си има различен карактер. Моите родители не се и никогаш не биле најдобрите на светот, ми обезбедиле колку можеле а на се друго се посрале одозгора и сега не можат да сфатат што им смрди толку во животот. Без разлика на: „Јас носам леб дома, ради мене имате кров над глава и се килавам по осум саати на работа“ муабетот, можам само да кажам дека мене тоа никогаш не ме обврзувало ниту ќе ме обврзува за родителите и тоа не е причината поради која јас нив еден ден ќе сакам да им помогнам иако тие многу пати не се ни обиделе да ми дојдат во предвид. Муабетот ми е дека колку ти и да си тука за ќерка ти или синот, колку и да си им пружал, ако го правиш тоа за да они еден ден го прават за тебе - мислам дека гадно си се заебала. Бар мене лично не ми требаше муабетот ти дадов се` за еден ден да ме гледаш, оти јас нема ако мајка ми скрши нога да се отпишам од факултет, или ако татко ми се разболи да се запустам и да го гледам. Можам да доаѓам, да ги поддржувам и да им припомагам колку што можам и времето ми дозволува бидејќи и јас си имам живот, и тука нема ништо себично според мене.
Сакам да кажам, иако тие не биле скоро никогаш тука за мене, ме запоставувале и секогаш сум била проблем, иако ниеднаш во животот немале разумна причина да ми се развикаат или да поткрепат со факти зошто никогаш не бев детето од нивните соништа, и покрај психичките проблеми на татко ми, јас секогаш ќе ги сакам. Може никогаш нема да им простам ама ќе ги сакам, и ќе ги почитувам со тоа што нема да им ја треснам вратата во лице еден ден кога ќе им треба нешто од мене, пошто и јас осеќам безусловна љубов кон нив, како што ете членката што ја отворила темата осеќа безусловна љубов кон своето дете. Никогаш не сум ја добила за возврат во никаква форма, ама ја чувствувам кон своите родители, и ја негувам како таква.
Тоа што не сум тука за нив сега не значи дека ги сакам помалку, или тоа што не биле тука за мене, ги сакам, ама не ми треба нивната љубов и внимание за возврат и за помош во животот, бар не повеќе.
На крајот од денот и од животот секој си легнува во својот ковчег без никој до него. И сам скапува.
 
Додека сте завсни од родителите односно додека не наполните 18 години или продолжите на факс треба да ги почитувате мислењата и постапките на родителите ви одговарало тоа или не.

Кога ќе станете потполно самостални(сопствено семејство и куќа)тогаш можете по ваш избор да ги почитувате мислењата и постапките на родителите.
 
Kerkami e polnoletna,po razvodot so tatkoi taa Ostana na moja Kompletna odgovornost,i zaedno dvete zaminavme od mkd,odnosite so tatkoi ne se prekinati.Koga mozese taa odese na leto kaj nego,izmegu nea i nego odnosite gi ostaviv da se izmegu niv.Ako trebase da se komunicira so tatkoi vo vrska so nea nie komunicirame..Jas mislam se bese vo normala!
I ne e samo taa dete na razvedeni roditeli,Jas znam deaca koj se izborile i gi pocituvat i dvata roditela.
 
Женските деца се поприврзани кон таткото а машките кон мајката

Деца-можеби, но ќерка и е голема.
Не се согласувам со тебе, сепак мајка си е мајка :).
 
Женските деца се поприврзани кон таткото а машките кон мајката[/quote]




тогаш барем синовите ке ме респектират:)
 
Денешниве деца се катастрофа. Живеат во луксуз! Имаат ужасни манири, непочит кон државата, не ги ни почитуваат воразсните. Тие веќе не ни стануваат кога повозрасните влегуваат во соба, катастрофа се. Постојано само џагорат кај што не им е местото, само шлапаат со тоа устите и ги тиранизираат учителите. Имаме лоша младина.
 
Од тоа што го читам мајкава е исплашена да не ја одфрли ќерка и од неа.Навикнала на нејзиното присуство и сега се плаши за нејзиното отсуство ,со тоа и ја менува дефиницијата на зборот од од "страв" во "почит" некој вид на самоодбрамбен механизам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom