Бразил - Колумбија | 1/4 финале | 04.07.2014 | 22:00 | Стадион Кастелао

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Значи пак овие фановиве на баерн со нивните иритирачки изјави, не е проблем за Силва, Данте ќе го замени !! АБЕ КОЈ К*Р ВИ Е БЕ ДА ВИ Е*АМ ТОА ГЛУ*АЦИТЕ

Олади бе бот. Данте беше еден од најдобрите дефанзивци у цел свет сезоната пред оваа што заврши.
 
Добро што Алвес беше супсендиран за овој меч , Мајкон е подобар во дефанзива и добро ја затвори таа страна , Марсело се плеткаше со Квардадо но успеа да го затвори со што беа во еден дел отсечени во тие позиции. Против Германија сега имам дилема дали Мајкон или Алвес да стартува иако одлуката ќе биде Алвес .
Ааааа значи сепак си малце поише за Барса од Интер. :(
 
Искрено лошо е што се повреди Нејмар ...али ова му е карма за сите пати што има симулирано фаул и што се треска од земја како да го удриле со тенк.....
 
Ама сериозни сте биле вие за ова со Данте и Тиаго Силва:pos::pos:
Јес да Тиаго не ми е некој омилен играч ни мене, ама Данте да го замени него, посебно на Светсково, кај шо Тиаго командуваше со цел состав...
 
За среќа нема оштетување на нервите или слично, за зараснување ќе зарасне ама најголемата несреќа за Нејмар е што ќе го пропушти најважниот натпревар или натпревари во кариерата.
А ударот беше по инерција, мислам дека Зунига немаше никаква намера, едноставно скокна по топката и се заби во него.

Ех, има 22 Нејмар, ке фати најмалку уште 2 Светски првенства.

Олади бе бот. Данте беше еден од најдобрите дефанзивци у цел свет сезоната пред оваа што заврши.

Можеби, но не е на ниво на кое игра Тиаго Силва, го нема влијанието што го има Силва врз екипата.
 
Значи пак овие фановиве на баерн со нивните иритирачки изјави, не е проблем за Силва, Данте ќе го замени !! АБЕ КОЈ К*Р ВИ Е БЕ ДА ВИ Е*АМ ТОА ГЛУ*АЦИТЕ

Научи се да дискутираш бе, ако немаш нешто паметно да кажеш подобро не мешај се. И не го рекоја тоа сите фанови на Баерн за да збориш множина, туку јас пишав за Данте. Прибери се малку, на секој пост на фан на Баерн се палиш. Смешен испаѓаш.

Да не претеруваме сега :) го губат играчот кој ја командува цела одбрана и плус е капитен, голем удар пред се на психолошки план
мада според мене уште поголем удар ќе биде играњето на Алвес пред Маикон

Не е проблемот до Данте, туку до Луиз, тој игра многу посигурно кога Силва игра до него. Погледни денес колку пати Силва ги покри екскурзиите на Луиз напред, Колку пати само помогна во блок каде што задоцни Луиз.
Една од причините зашто ги составија во ПСЖ.

Видно ме занима како ке функционираат тие двајца.

И овие двајца не се слагаат со мене ама ете ми кажаа зошто.
 
Big blow ќе биде неиграњето на Тиаго Силва и Нејмар за Бразил. Точно е тоа дека Данте е добар штопер, но ТС го изигра цело светско, плус како капитен ја диктираше цела игра во одбраната и со сите сили успешно ги покриваше дупките на Луиз. Така да Данте е солидна замена, но не и комплетна.

Јас уште стојам на ставот дека шансите се 50-50. Цел стадион ќе биде жолт и Германија ќе игра против цел Бразил. Ќе има огромен притисок.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom